Не знам за вас ама, од годинава и пола како е Мурињо тренер на Јунајтед, имам забележано некои работи.
1.Типот си се шета на стара слава, моментално слободно би набројал едно десетина тренери во свет кои се поим за менаџирање, во однос на него, а во клубот му даваат одврзани раце.
2.Скаутинг системот е НУЛА, едноставно, од последниве години Марсијал е полн погодок во тимот од анонимус играчите што ги донесе клубот, и тоа директна заслуга на Ван Гал и неговиот скаутинг, плус беше платен над 60 милиони евра. Се што донесоа беа играчи кои играа во клубови каде привлекуваа внимание, почнувајки од Погба, завршувајки до Алексис.
3. Овој тим нема никаков идентитет, нити претпознатлива игра.
4. Спремањето пред натпревар и подготовката за натпревар на Мурињо му се миљон у минус, не се секавам кога последен пат, клубот излезе навистина спремен против тимот против кој игра, да го надигра, да го напага од слабите точки и да се одбрани од таму каде противникот е најопасен ( а тој противник да не е некоја екипа од рангот на Борнемут или Саутемптон). Единствено лани со Челзи излезе со точно спремана тактика на меч, и тој меч го доби со 2:0.
Колку побрзо канцерот го шитнат од тим, толку подобро, бидејки ова што го игра клубот е срамно, и нема оправдување во тоа што освоил лани ЛЕ.