Од како малку по малку се смирија страстите и полека почнуваат да се средуваат впечатоците прво нешто што ќе кажам е дека сум горд на сите. Играа со 200% од можностите, еден за друг. Никогаш нема да ги заборавам двата covering старта на Робертсон над Роналдо и на Ловрен над Бејл, кога спасија два сигурна гола. Овие две секвенци сами по себе зборуваат колку играчите беа мотивирани и сакаа да победат...it wasn't be to be.
Од секогаш сум мразел алиби муабети, ама Ливерпул го пратеше огромна несреќа во саботата, буквално целиот меч. Повреда на Салах, глупост на Кариус (без разлика на тоа, после одбивањето од Бензема топката можеше да оди било каде низ теренот, заврши во голот), даваме изедначувачки гол, следи евро гол на Бејл, кој е неверојатна мајсторија но и голема среќа, бидејќи сега уште 100 пати да проба Бејл од онаква ситуација да даде гол, нема да го направи тоа.
Што е тука е, Ливерпул повторно е на самиот врв на Европа, повторно е страв и трепет на сите екипи и искрен да бидам никогаш не сум бил повозбудлив за иднината која претстои, на фудбалски план.
На крај, збор-два за Ловрен, кој покажа огромен, огромен карактер и после онаква мизерна утакмица против Спарс после која никој не веруваше во него, успеа да ги заврти работите во негова насока (а и во наша, се разбира) и покажа зошто Клоп толку слепо му веруваше.