Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Зошто? Баш играч како Кедира ќе ни легни. Класичен заден везен, со огромно искуство и квалитет. Кеита е друг профил на играч, секако ќе игра бокс ту бокс или плејмејкер, не последен играч за врска.
Што подразбираш под заден везен, само да ми објасниш како Кедира е заден везен играч? :)

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Сте им откажале договорен пријателски натпревар на Гладбах за во август на Енфилд за пред почеток на новата ПЛ сезона бидејќи почнале контакти со некој ваш млад играч без да ве обавестат. Сте се налутиле. :D
 
Да да, за Рајан Брустер, огин е малиот а останува без договор летово и Ливерпул пробува да му даде нов а овие у тек на сезона пробале да го соберат и сместа им се раскурчиле. Како така на Барса не им спискаа за Кутињо :D
 
Паметно играат тука германскиве клубови. Дортмунд го собра Санчо, Гладбах еве изгледа Брустер, на Мирор пишуваше дека ќе има и голем егзодус на млади играчи во Германија кои ќе ги следат двајцава, ќе ги развијваат како играчи зошто знаат дека англиските клубови ќе се вратат по нив за висока сума. :D
 
Гладбах веќе потпишаа за од летово еден млад од Тотенхем, Херта еден од Сити. Имаат премногу добри млади играчи, а добар пример им е и Санчо кој одигра доста наптревари како стартер сезонава, а и општо се дава шанси на младите така да и младите ќе сакаат во Бундеслигата да одат бидејќи им е битно да играат. Ништо чудно за неколку години Англија да биде една од главните фаворити за СП и ЕП.
 
Паметно играат тука германскиве клубови. Дортмунд го собра Санчо, Гладбах еве изгледа Брустер, на Мирор пишуваше дека ќе има и голем егзодус на млади играчи во Германија кои ќе ги следат двајцава, ќе ги развијваат како играчи зошто знаат дека англиските клубови ќе се вратат по нив за висока сума. :D
Дајте им го Марсијал :D
 
Ништо чудно за неколку години Англија да биде една од главните фаворити за СП и ЕП.

Англија цело време се фаворити, ама се тешки лузери. Мислам дека искусен тренер, а не аматер како Хоџсон или Биг Сем со две мики маус титули во кариерата би сменил многу. Ќе го видиме Саутегејт сега, не ми остави добар впечаток со изборот на тимот.
 
Му држи вода на Ули муабетов зошто овие се талентирани ама ќе одат во друга земја да се развиваат. Ме мрзи да гуглам сега ама се сеќавам Ешли Кол кога замина во Рома имаше интервју каде што рече дека младите англиски фудбалери прават грешка што не излегуваат од комфорната зона и не се пробуваат надвор. Во ПЛ поради квотите а и дека нормално се домашни фудбалери се заштитени како бели мечки и го спомна како добар пример баш Диер кој од Евертон замина во Спортинг да си ја гради кариерата.

Може ќе им помогне ова во менталитетот, кој знае :D
 
На денешен ден пред 3 години загубивме 6-1 против Стоук во последниот меч на Џерард во дресот на Ливерпул. 3 години подоцна играме финале во Лигата на Шампиони. Без разлика на резултатот во сабота, Ливерпул под Клоп делува моќно, како никогаш во последниве 10-12 години и од овде па натаму очекувам моќен Ливерпул кој ќе се бори и освојува титули секоја сезона.
 
До кај е ситуацијава со Фирмино?
Вчера се појавија информации дека наводно го пропуштал финалето, ама по сликиве шо ги гледав денес, ваљда нема да има никаков проблем.
 
Фејк акаунт на Пол Џојс на твитер ја пушти информацијата.
 
ajde liverpule zaokruzi mi ja ovaa za mene srekna godina
 
Не ми се лајкнати фб страните и не сум во тек кај ќе се гледа вечер во скопје, ако има организирано? Ве молам за инфо ако некој знае
 
Во Бекјард, старо Мондано позади Јосип Броз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom