Ги гледав и се мачев кога Рој беше менаџер, па лоши времиња со Кени, една сезона блесок со Роџерс и се останато беда, ги гледав на реваншот од ФА купот пред 2 сезони против четвртолигашот Ексетер, кој не успеаа да го добијат во првите 90 минути.
Се на се, поминав долги, тешки, мачни 10 години, исполнети со фрустрација, пцуење, солзи, реметење од секој навивач на друг клуб. Но сега, 10 сезони подоцна, овие момци, кои играат со 200% од можностите, кои газат се пред себе, ме направија најгордиот фан во универзумот.
Можат во 1/2 финале да изгубат и 17-0 во двомеч, но оваа генерација на Клоп, Салах, Фирмино, Робертсон, Ван Дајк, Џини Вајналдум никогаш нема да ја заборавам.
ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА НЕ Е НОРМАЛНО!!!