Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Btn77LEIUAABFgh.png

п.с. :pos:
 
Господ нека ни е на помош ако не купиме нов десен бек.
 
https://vine.co/v/M0Pt56YlE0w

Ќе биде весело и со Маркович ако продуже така да ги стрела редарите!

......

Не знам кој шо е видел синоќа....ама Чан малку како неподвижен ми стое.
Еден шпринт...и дреме у средина изгубен.
Ај мош е рано уште па не можене е уигран...ама барем може да гоне.

Не дека нонстоп дреме...ама на два-трипати имаше ситуации коа имаше хаварија у 16тник а он дреме надвор од него и гледа телевизија.
Онака у глобала ....свиѓа ми се . Има длг чекор.....за малку на грб ќе го качеше Маркович!
 
овој маркец кое дупенце ке биде во премиер лига
 
Господ нека ни е на помош ако не купиме нов десен бек.

Наликуваш на Стиви Џи со муабетот за Кутињо. Гледаш дека сите ти се серат на констатациите дека Фллано не беше воопшто слаб туку напротив и сега демек од десната бочна позиција зависело сФе.

Господ да ни бил напомош ако не сме земеле десен бек. Демек, ако го купиме Забалета а Сако/Шкртел/Агер/Ловрен/Мињоле се ужасни, како што беа лани, десниот бек ќе не оправи.
 
А лев купивте?

Не купивме. Се тегнат со Морено ама по се изгледа ќе ни го натегнат, вака или онака. Или ќе го купиме над 20м фунти или нема да го купиме.

Според мене, до крај на преоден рок, ако ништо не се продаде ќе купиме уште лев бек и евентуално, ЕВЕНТУАЛНО биг нејм сајнинг.

Роџерс во последното интерву кажа дека се отворени за таков играч и дека има пари да се плати, само треба да се пружи можност, значи играчот да биде достапен.

Ако пример Ројс не сака да си оди од Дортмунд, Ливерпул тука ништо не може да направи.

Еден период имаше шпекулации за Ројс и Видал ама чисто се сомневам тоа дека ќе се случи овој трансфер период. Не конкретно за тие двајца, туку дека ќе има биг нејм сајнинг.

П.С. Мани кент бај клес :)
 
За Морено нели уште во јуни скоро сите медиуми пренесуваа дека е завршена работата и после не испадна ништо. Не ми се верува уште за него да преговараат некако. А лев бек сметам дека ви е побитен од десен моментално. Ројс и Видал многу тешко, треба некој друг. Само што во моментов не ми текнува на некој кој би бил достапен. Можда Кавани ако Ди Марија оди во ПСЖ.
 
Јасно ми е дека моментално Ројс и Видал се недостижни, поготово за ЛФЦ ама ајде докажи се :)

Иначе, за Кавани, мислам дека не ни е потребен, воопшто.
 
Ако случајно решат Агер да го продаат, Коатес нека си седи заедно со Кели како 4та опција. Добри беа сношти. Кели мора како стопер да се проба пошто како бек нема да го бива напред. Барем мислам. Не е некако пробивен и нема брзина и дриблинг. Флано сепак е поситен. Попродорен. Ако носат нов десен бек тогаш нека го шитнат Џонсон. Нема зошто да седи и плата да зема за џабе и в година така да си оди. А ако Агер остани на што се надевам тогаш жужун Коатес. Туре секако мора да си оди и не знам оти уште не е заминат. Стварно не знам што чекаат со продажби. Туре, Асаиди ова мора под итно да го снема. Па и Борини нека го продаат ако веќе решиле нов напред да земаат. Стариџ, Ламберт и кој и да дојди ќе се доволно. Коатес кажав во кој случај. И згрешија што не се ослободија перманентно од Апсас па и од Алберто. Ќе земеа некој милион и од нив. Лукас и Ален се дупки невидени. Еден ќе мора да си оди. Да е до мене двата ќе ги избркам и ќе земам со тие пари некој нов подобар. Маркец добар беше ќе биди многу опасен.[DOUBLEPOST=1406567438][/DOUBLEPOST]
Сега и Џеј Родригез ќе им го земиме :sneaky:
 
Не е фер да се бркаат играчи како Лукас и Борини кои се спремни да бидат трета или четврта опција во тимот и да се борат за место а не земаат голема плата (споредбено со другите) а од друга страна да плукаме по играчи кои што сакаат да си одат.
 
Да во право си. Ама економист сум, не можам да гледам како играчи кои не се потребни и нема скоро ич да играат, седат во клубот и земаат плата (не им плаќам јас ама сепак) кога можат да се продаат и тие пари да се искористат подобро :icon_lol:. Затоа и се нервирам и за Аспас и компанија. Требаше одма да ги продаат и да ги земат парите, чиста да си биди сметката. Некако не ми е перфектно дотерана работава, позајмици, клаузули, уште не е се скоцкано. Сакам да си биди се дотерано под конец. Овие бегаат, овие доаѓаат. За купување толку потрошено, од продажби толку земено. Нето толку и толку. Чиста сметка
 
Да да, те разбирам. јас зборам конкретно за Лукас и Агер и еве евентуално Борини. Другово, сФе може да оди у аут.

Иначе, полека полека се подобруваме. Ако го споредиме овој трансфер период со минатогодишниот може и те како да се забележи разлика.
 
Не е фер да се бркаат играчи како Лукас и Борини кои се спремни да бидат трета или четврта опција во тимот и да се борат за место а не земаат голема плата (споредбено со другите) а од друга страна да плукаме по играчи кои што сакаат да си одат.

Реално, ако ни замини Лукас ќе останиме без заден везен, (сем Џерард). Ни Ален ни Џан не се класични задни везни. Ќе мора мала чиста во тимот да се направи, пошто пренатрупани со играчи сме на некои позиции. На средина мора еден од Лукас/Ален да си оди, Агер на гооолема жалост ќе си оди, пошто не е реално да ни биди четврт стопер, и кај напаѓачиве незнам шо планира Роџерс, ама некако 4ри напаѓачи, плус Маркец се многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom