@Igorcemk не го потценувам јас Дортмунд таман работа него муабетот ми беше друго. Дортмунд се искачи максимално што можеше, освои 2 пати шампионат и играше финале ЛШ(да го освоеше ќе беше шлаг на тортата) али од тогаш до денес им отидоа 2-3 играчи од прва постава кој беа битни за тимот и веќе ја немаат таа иста сила играчки за разлика од лани и пред 2 години. Еве ние например,2009 игравме топ газевме се од Манчестер преку Реал итн итн. Немавме среќа да земеме домашно тоа беше неуспехот за тој тим. И што се случи, дојде Реал ни собра 2-ца играчи(Алонсо,Арбелоа),дојде Барса ни го собра Маскерано,дојде Челзи ни го собра Торес,Бенајун.Тимот пропадна за година и пол. Сценариото ми е слично како и ова на Дортмунд,се издигнаа,ги збореа сите ги фалеа,навиваа за нив али сега почињаат да ги губат играчите и почињаат да паѓаат(по мене). Затоа викам дека сега е време да се купува од тамо,како што 2009-10 беше време да се купува од кај нас..