Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
а другиве двајца да се запрашаат од кај го јадат лебот и зошто помеѓу нив двајца се прави споредба како да се Карагер - Хипија

Или пак Хипија - Хенчоз..или како и да се пишуваше ова проклето презиме :ROFLMAO:
 
Момци ја гледав прееска цела утакмица со Сити и стварно е права штета што не победи Ливерпул. Поочаен Сити го немам видено одамна, ова ми наликуваше на натпреварот што го играа против Дортмунд кога буквално не знаеја каде им е главата. Ливерпул тотално ги надигра Сити но немаа среќа и присебност при крајот. Ах Реина Реина, овој и Цезар ми се исти тип на голмани, бранат невозможни ситуации ама кога ќе посерат е тогаш посеруваат за сите пари. Ми се допаѓа што Ливерпул во двата дерби меча што ги играше во 4 дена беше подобар, и тоа на гости против Арсенал и Сити, и дефинитивно барем на една од овие две утакмици заслужија три бода. Но што е тука е, на прав пат е Ливерпул само нека продолжат вака и се надевам дека ќе го гледаме во ЛШ следната година а и во борба за титулата секако.
П.с. Само ако ми го упропастите Кутињо ќе ве сечам сите до еден. :D (пошо у Интер веќе почна да се упропастува, немој и вие да го доупропастите)
 
П.с. Само ако ми го упропастите Кутињо ќе ве сечам сите до еден. :D (пошо у Интер веќе почна да се упропастува, немој и вие да го доупропастите)
Чим некој преминал во редовите на Ливерпул ќе има успешна кариера. Е сега некогаш тоа е во Ливерпул, некогаш не. Играчи што биле добри пред да ги земеме станувале дупка, а кога ќе ги продадеме пак играат на врвно ниво. Од друга страна кога некој ѕвер ќе купиме, ќе биде супер за нас и после ќе го продадеме, тој станува фејл најголем. Такада уживај си, или Кутињо ќе го биде само кај нас и нигде на друго место, или сегде ќе го биде само кај нас не :D
 
За репликата на Ерик, многу е контрадикторен :)

Иначе, ќе видиш дека Шкртел ќе биде седнат на клупа а Реина ќе остане на гол. Претпоставувам дека е свесен Роџерс за тоа дека Реина го крена нивото после ситната повреда што ја имаше. Ќе правиме муабет, глеам филм си пуштил, пуштив и јас ама никако да пуштам на раат да го гледам :)
еве и ја да се јавам после утакмица :D
го гледав само првото, а не и второто полувреме, освен головите. нападпт ни се средува пополека, сега на ред е одбраната и позицијата деструктивец.
мислам дека шкртел и реина треба да одат аут на крајот на сезоната, пошто заради овие 2-ца сезонава изгубивме многу поени, заради нивни почетнички грешки. агер не би го давал. замена за шкртел сакам да иди шукрос, а голман трап од ајнтрахт. то ти е играчиште, нешто на нивото на тер штеген, само шо играше во батал тим како кајзерслаутерн. редовно го гледав малиот, додека беше во фцк во 1 лига и им беше најдобар поединец. исто и коутс треба да се шитни дур вреди нешто, а на негово место не мора да се носат нови играчи, туку да се форсират виздом и сама, само условот е карагер да игра барем уште една година, како би ги менторирал маливе.
за на средина, си кажав од порано, го сакам мулумбу од вба.

туку дали видовте каков играч си зеде њукасл за мали пари. сисоко растура човече, а ние го земаме кутињо, го преплативме, а кој знај кога ќе заигра :( кај повреден, кај нема утакмица за интер преку месец дена, кај е ко ветрушка, па и плус мек ко кашкавал...
 
RickyLFC9,

Ете, прифаќам, контрадикторен сум, пошто барав шанса за Далглиш, а Далглиш не ја доби, а наспроти не му давам шанса на Роџерс.

Но, дали и Вие сте контрадикторни, кога барате шанса за Роџерс, во прилика кога истата Далглиш НЕ ја доби?

Ако планираш да ми одговориш „Кени доби цела сезона“, поарно немој. Бидејќи и на крај на сезона, Роџерс нема да ја упраи работата, така да...
 
ај ја вака ко падобранец да се вклучам со само една реченица, па ако не сваќате шо сакам да ви кажам, ќе напишам и подетална анализа.

вака-ни кени не заслужи да истера цела сезона лани, туку требаше да се смени на полусезона, па ни роџерс заслу=ува воопшто да биде тренер на ливерпул.

толку
 
Еве нешто и од тие што се занимаваат со броење
It is becoming increasingly difficult to mount a defence of Reina, who has been guilty of making eight mistakes that have led directly to goals since the start of last season.
Уште од Шкртел да ги избројат и да видиме колку не коштаат овие два играчи годинава
 
ај ја вака ко падобранец да се вклучам со само една реченица, па ако не сваќате шо сакам да ви кажам, ќе напишам и подетална анализа.

вака-ни кени не заслужи да истера цела сезона лани, туку требаше да се смени на полусезона, па ни роџерс заслу=ува воопшто да биде тренер на ливерпул.

толку

Fair enough!
 
П.с. Само ако ми го упропастите Кутињо ќе ве сечам сите до еден. :D (пошо у Интер веќе почна да се упропастува, немој и вие да го доупропастите)

Со оглед на тоа дека Роџерс сезонава им даде огромна шанса на Виздом, Сусо, Стерлинг и Џонџо, не можам да кажам убеден ама мислам дека ќе добие шанса Кутињо.

Него, Хрватчето викаат добро ви се покажал вас и покрај поразот. Другар еден прашав што е за интер ми даде позитивни критики.
 
Но, дали и Вие сте контрадикторни, кога барате шанса за Роџерс, во прилика кога истата Далглиш НЕ ја доби?
Јас барав шанса и за Роџерс и за Кени. Кени не ја доби ко што викаш, и бев против неговото заминување. Роџерс сеуште не бил на чело на Ливерпул колку што беше Кени, па по таа логика ни Роџерс уште не добил права шанса, а јас сум спремен да му ја дадам. Нема да барам да се тргне Роџерс само за да се изедначат сметките со Кени. Стварно не гледам како јас сум контрадикторен кога и за двајцата давам еднаква поддршка и барам да добијат шанса.
 
Како и да е, поминаја дербите сега ако сакаме топ 4 (иако тешко) ни требаат 5 победи од наредниве 5 натпревари: ВБА и Свонси дома, Виган нагости, Тотенхем дома, Саутемптон на гости, ако ги победиме сите (што и не е неизводливо) сигурно ќе бидиме во борба за 4то место
 
Ко шо сум јас контрадикторен, така и ти.
Не е времетраењето мерило дали некој добил шанса или не. И Хоџсон не доби изгледа.
И не е „бркањето“ на Роџерс само за да се изгланцаат сметките.
Треба да се запази критериумот. Кој е се понизок.

Но, ајде. Ви посакувам само ваков напредок и вечен нека ви е Роџерс на клупа.
 
Како и да е, поминаја дербите сега ако сакаме топ 4 (иако тешко) ни требаат 5 победи од наредниве 5 натпревари: ВБА и Свонси дома, Виган нагости, Тотенхем дома, Саутемптон на гости, ако ги победиме сите (што и не е неизводливо) сигурно ќе бидиме во борба за 4то место

Pa i ne e neizvodlivo ako prodolzat so vakva i podobra igra. Samo da ne ispadavicarat :( kako vcera i prethodnata.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom