Абе сеа ти користиш лоша компарација. Споредуваш најдобра одбрамбена 4ка пред 5 години, со најлоша одбрамбена 4ка сега. Реина е дрво и со Џонсон-Шкртел-Агер-Енрике пред него, какви голови прима да се чуди човек.
А за ова другово, ко прво тоа беше пријателска, ко второ Македонија водеше дур не излезе Реина. Башка тогаш уште колку-толку го биваше. Сега да влезе против Македонија да брани еден Ферхан Хасани ќе го отвори...
Јас ти кажувам тогаш кој играше. Ајде тргни ја оваа година од одрамбени. Лани најчесто игравме со Кели - Шкртел - Кара - Џонсон
Пред тоа Џонсон - Кара - Киригијакос - Кончески
Уште наназад да одам?
Иначе, примените голови немаат врска на таа утакмица.
Ако веќе сакаш, мораше некако да се исплатат парите за тоа што ја викнавме Шпанија да ни игра а.к.а. прелаз 1-2.
Ако добро ти текнува, Реина не беше ама баш воопшто крив за двата гола на Пандев таа утакмица а доказ за прелазот ти е што до 52 ние веќе примивме 3 гола, односно резултат беше 2-3.
За голманското место, ќе се осигурам до утре и ќе ти пишам. Сеуште стојам на ставт дека Пепе е вториот а Виктор трет. барем така беше до пред година дена. Сега, можеби е сменето мада се сомневам зошто Виктор е поголема дупка од Реина.
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 22:30 ---
Анализа еве.
Лани до 6 фебруар имавме 38 поена( 10 натпреаври без Суарез)
сега имаме 36 поени..
Немаме тепано против 12 тима годинава во ПЛ.. немаме победено против тим од моментално првата половина на табела во ПЛ..
Пак изгубивме предност овојпат на 10 минути до крај..
Пак не атакувавме на победа т.е не напраивме замена за напад по изедначувањето..
Околу додавањата немам забелешка,никогаш и сум немал секогаш имам забелешка кон резултатот и тактиката т.е прилагодувањето во текот на натпреварот од страна на велемајсторот.
Зошто потенцираш дека сме го немале Суарез, патем беа 9, не 10 тоа прво а второ, огромна кривица има и Кени тука зошто не успеа да ја среди ситуацијата на дипломатски начин. (зборам за банот, не за глупоста)
Зошто не кажеш и дека го немавме Џерард во ваква форма, каква што го доведе Роџерс?
Зошто не кажеш дека го немавме Суарез а го имавме Керол, поради Кени кој беше и е флоп?
Што ти менува против кого се освоени бодовите? Мене искрено ич кур не ме боли.
Лани на крај на сезона имавме 52 бода. Сега на 13 кола до крај имаме 36 со една огромна разлика. Оваа сезона Ливерпул во овој период влага во форма а лани овој период не ташлаа сите. Ливерпул бодовите лани ги освои повеќе во првиот дел од сезоната а годинава таму се мачеше а пак е тука со освоени бодови во споредба со оној Ливерпул на Кени.
За изгубената предност нити сега нити со Арсенал не е крив Роџерс. Затоа ти викам, тргни си го потписот, не е тој човекот за кој што треба да се „фаќаш“.
И нешто ќе те прашам, кажи ми дали си гледал утакмица подобро изиграна од оваа не само сезонава, него од 2009та па навака? Дали ти текнува? Мене не, искрено.