Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Изглеа само ја за Нордсјеланд бев :/ Сеа Селтик, Малага или Шахтјор нека земат, може и Галата пошо го лофкам Бурак Јилмаз :)

Tуку бек ту д сабџект, многу сакам да ги исплескаме убаво Вила у недела, три пати ме бутнаа на спортска мамето нивно, сакам да ги истуриме со прва петарда у ПЛ сезонава.
Која црна Недела, во Сабота играме :D
 
Аман бе битолчанец па и педер:place:
Всушност ова се однесуваше на муабетите овде. Сами се тепате со....кхм кхм :icon_lol:
--- надополнето: 11 декември 2012 во 01:41 ---
Баерн и никој друг нели Rosemberg:D? Си ја заслужуваат титулата дечките.
Баерн или Дортмунд. Ќе навивав и за Зенит ама испаднаа русите. Абе германска екипа да е.
 
Третман? Koj quratz фактор сум јас за да го „третирам“ него?
Јас не постојам за Ливерпул. Јас сум море во песокот и за Пул и за Роџерс. Не можам да го третирам никако. јас само сметам дека сите американци, заедно со велемајсторот од Северна Ирска треба да си ги соберат парталите и да ги снема од Енфилд.

А и да можам, зошто не би?

Како Ливерпул го истретира Кинг Кени летоска?
 
Ти реков јас, немаш ти ништо против Роџерс, само си огорчен зошто Кени беше отпуштен.
 
абе сите убо си кажувате нема шо, некои го критикуваат кени, некои не, а повеќето го фалат рафа.

е сега, ливерпул почна да тоне во времето на рафа, кога истиот тој ги даде арбелоа (за џабе) и алонсо, а не донесе адекватни замени за нив, туку напротив дополнително го ослабна тимот во одбрана и на средина. аква не ни заигра, а џонсон (арбелоа е ЦАР во одбрана во споредба со џонсон) се покажа како катастрофа дефанзивец и незнам зошто сите го форсираат како бек, кога истиот тој во портсмут растури на крило, а како игра на крило најдобро се виде и некни. е за тие 2-ца рафа даде 40 + милиони, а не доби ништо од нив, така? плус ко че го додајме и леива, кој во то време беше мизерија, а упорно форсиран од негова страна, шо добиваме? а да не ги заборавиме промашените трансфери на рафа како шо беа бабел, кин и сл.
пропаѓањето продолжи за време на рој. е тој кај се покажа без капацитет да води голем клуб, туку и се загуби под притисокот наречен ливерпул. трансфер политиката му беше хаос. го даде аква кој веќе беше заздравен и маскерано, а го донесе само раул. џо кол не го ни спомнувам. дефанзивната тактика го чинеше ливерпул многу изгубени бодови и долен дел од табела.
ко дојде кени, многу работи во клубот добија позитивен предзнак. го подигна моралот кај играчите, доби неколку утакмици и сите помислија дека ливерпул се издигнува повторно (тука се вбројувам и јас). ама се случи тој јануарски преоден рок во кој донесовме 2 играчи од кои едниот преплатен и ПОВРЕДЕН, а другиот од послаба лига на кој му треба време за прилагодување плус, но и мнооооогу себичен и индивидуален. па со нетрпение се очекуваше новата сезона во која ливерпул требаше да биди еден од кандидатите за титула! ама требаше, ништо појче. е тука по мене кени ги направи грешките. даде премногу пари (60 милиони) за некои играчи од кои дел не вратија ни 1 % од вложеното во нив, особено даунинг, а не ми е јасно зошто го даде раул кој беше нашиот најдобар играч во изминатата сезона. за то шо не донесе ниеден напаѓач не ни праам муабет. керол беше цела сезона тапа, суарез премногу себичен, стативите и пречките 12 и 13 играч на противниците и тн. како и да се собира и одзема, кени не се покажа како правилно решение за ливерпул во тој момент и логично беше да си замини, особено шо не постигна ништо за толку вложени пари. е сега начинот на кој беше отпуштен од страна на газдите беше (n).
роџо, пак, како актуелен тренер не доби многу слобода и пари за играчи, а од друга страна пак, тие шо ги донесе и не се нешто посебно. ален како играч за мене барем, не е калибар за во ливерпул, а борини се повреди и нема да го коментирам. му замерувам за то шо си дозволи да остани без ниеден напаѓач, но од друга страна пак, на располагање го има НАЈСЛАБИОТ тим на ливерпул од ко знам јас, а можи и во историјата... да беше се реално, без судиски грешки и промашени шанси, тимот ќе беше 2, но истиот случај е и со кинг кени, разликата е во то шо кени имаше многу појак тим од роџо. го почитувам кени најмногу од сите кои некогаш биле или се дел од ливерпул (па и стиви), но, сега тренер е роџерс и тој треба да ја има поддршката од сите навивачи на ливерпул, за ДОБРОТО НА ТИМОТ. треба да му се даде шанса, особено сега во јануар и пари за да си донеси то шо ни треба, па после можиме да коментираме. засега треба само да чекаме и да видиме шо че донеси јануар (доколку светот на доживее распад на 21.12 :D)
толку од мене!
 
. јас само сметам дека сите американци треба да си ги соберат парталите и да ги снема од Енфилд.
Е вака како што е се прифаќа :D.

А отпуштањето на Кени е најдебилната работа шоја имам видено откако навивам за Ливерпул. Но по 100-ти пат ќе кажам дека Роџерс немаше никакво влијание врз таа одлука. Твојот гнев го истураш на погрешно место ;).
 
Е вака како што е се прифаќа :D.

А отпуштањето на Кени е најдебилната работа шоја имам видено откако навивам за Ливерпул. Но по 100-ти пат ќе кажам дека Роџерс немаше никакво влијание врз таа одлука. Твојот гнев го истураш на погрешно место ;).


Воопшто назначувањето на Кени за Лонгтерм Менаџер беше промашок и момент на слабост!

Кени требаше да биде само ВД, привремено, или кој знае како. Кени не смееше да биде или да кажеме да му се даде до знаење дека ке биде Официјално Менаџер.

Уште од моментот на назначувањето реков..... 20 години е многу време за таков човек.
Моментот кога дојде Кени и Ливерпул за момент почна да игра беше САМО поради името на Кени Далглиш....ништо друго.

Тоа беше факторот поради кој играчите почнаа БАРЕМ колку толку да победуваат.

Уште тогаш кажав дека ова не му треба на Кени, не му треба да си го нарушува имиџот и Легендата која му е градена со тешки маки.
Но сепак Кени за доброто на клубот го направи и тоа....
Исто како на рулет.... Кени заложи се само за доброто на клубот.....цела своја репутација.


Од авион се гледа дека Кени освен мотивацијата (која и таа затајуваше) немаше ништо менаџерско во него.

Ситуацијата со Суарез го докажува тоа....едноставно не може да се носи со денешнава Премиер Лига.
Тактичкиот е друга приказна....и треба многу да се објаснува.

Назначувањето на Роџерс беше со ризик, но сега за сега човекот според мене мислам дека добро се носи гледано во целина!
 
Едноставно прашање: дали Роџерс треба да биде избркан ако заврши на седмо место?
По мое, на исто ке биди како Кени.....
1) Треба да биди отпуштен ако го има истиот третман како Кени

1) Не потроши толку пари како Кени на играчи, а БИ завршиле на исто место
2)Ако се држат Газдите на зборот што го дадоа, оти ќе му дадат повеќе време на "млад и перспективен менаџер"(муабетов е пред Роџерс да биди назначен).....
 
По мене,Далглиш никогаш не требаше да биде избркан а поготово не на таков начин( дојди у Америка да си го примиш отказот)..сељачана.

Второ,најдобар тренер на ЛФЦ во последните 20 години е Рафа.. и тоа без конкуренција.
Ако веќе некој мораше да го замени Кени тоа требаше да го направи Бенитез(Рафа + Кларк =титули) ама тоа ти е..без ука нема наука, не за џабе рекле..
Иначе околу подржувањето на Кени јас мислам дека никогаш не ја доби вистинката подршка.Причина? Бидејќи малите т.е новите генерации фанови кој го пратат Ливерпул 4-5 години се најсилни во коментари и се први кој без срам и перде ќе се дрзнат да плукаат таков човек.Америте не доволно упознати со историјата на клубот донесоа одлука која беше погрешна а после уште една во низа со назначување на Роџерс(но тоа е друга тема).


Инаку најкриво ми е за новопечениве фанови кој нема да можат да го видам оној стариот Џерард кој знаеше да ја пукне и од 30-тина метри во гол..за жал сите ние збориме за големината на Џерард а они само ја гледаат неговата лоша копија.


А Роџерс ако сака подршка тогаш нека пази што купува во Јануар пошто уште еден Алан и готови сме..

П.С Роџерс и така и така али оној Паско главана која ќе го видам...:facepalm:
 
Иначе околу подржувањето на Кени јас мислам дека никогаш не ја доби вистинката подршка.Причина? Бидејќи малите т.е новите генерации фанови кој го пратат Ливерпул 4-5 години се најсилни во коментари и се први кој без срам и перде ќе се дрзнат да плукаат таков човек.Америте не доволно упознати со историјата на клубот донесоа одлука која беше погрешна а после уште една во низа со назначување на Роџерс(но тоа е друга тема).

Според мене, тотално погрешно.

Причина? Јас познавам еден "навивач", Скаузер кој ме убедуваше дека Хејзел и Хилсброу е исто а е година и нешто повозрасен од мене. Годините, уште помалку фб коментирање нема врска со познавањето и поддржувањето на клубот. Сигурно америте не го избркале поради тоа. Ако така гледаш, тогаш Кени треба да биде среќен што доби работа поради тоа што беше скандиран од КОП-от 5-6 утакмици константно пред да биде избркан Рој, со тоа што се наместо на менџерското столче.

Според мене, како и според Суперстарпица, ако добро ми текнува...грешката е што Кени остана уште една година. Дојде како ВД, требаше да си отиде како ВД и тоа е тоа.
 
Едноставно прашање: дали Роџерс треба да биде избркан ако заврши на седмо место?

Ај по мое да ви кажам(иако не ми е од корист да ви кажувам :P):

Се додека не оставите еден тренер едно добри 5-6 години и повеќе цврсто да го води клубот ништо нема да постигните! Роџерс е таленитран и млад стратег.Ете ви шанса да го оставите да РАБОТИ човекот! И да завршите 17, а не 7ми треба да остане да ги реализира своите планови.Да го исправи клубот на правилна патека.

За 1-2 години еден менаџер неможи да постигни многу. Пред се затоа што за тој кус период неможи да се ослободи од игрчите кои не му се потребни(а да не ги даде за џабе), и неможи да направи добар тим(ако притоа не потроши цело богатство). Треба малце простор и време да му се даде.
Се додека не се тргне по овај пат, нишо нема да напрајте со бркање секоја година.

Истото важи и за Челзи, онај Абрамович пари има мозок нема очигледно... :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom