RickyLFC9
Модератор
Инаку преубаво, преубаво е ова чувство да се гледа Ливерпул на прво место. Ме обзема уникатно чувство кое никогаш во животот не сум го почувствувал за било што друго, не мора да биде поврзано со фудбал. Сепак реално да признаеме, ова е само форма, не верувам дека ќе ја освоиме лигата. Ја сум пресреќен, значи моментално се осеќам ко да танцувам гол под виножито и девици да ме поливаат со црвено вино, а лепрекони да фрлаат злато накај мене. Али факт е дека мора да се игра многу. Мора да бидеме упорни и у секој натпревар да даваме 1000000%. Само така ќе направиме нешто асално. Сликава во која стои 1. Ливерпул - 9 е толку убава глетка што би сакал да ми стои надвор од прозор коа ќе погледнам. Али мора да се игра, мора да се трча ко животот да ти зависи од играта, фановите мора да урлаат на Енфилд Роуд и на гостувањата, ние мораме у секој чекор да ги поддржиме и да ги критикуваме кога треба да се критикува. Ливерпул повторно станува голем клуб! Чекор по чекор ќе стигнеме кај што треба. Сезонава топ 4, другата сезона нов подобар состав, добар перформанс во ЛШ и борба за титула, ако не освоиме тогаш таа по неа и све така дур не го стигнеме врвот. Верувам во проектот на Роџерс, он е правиот човек за нашето кормило, низ бура и низ мирно време. Со него ми се врати довербата дека еден ден, дали за година, две, три или пет, во животот ќе го видам нашиот клуб со таа очајно посакувана Премиер Лигашка титула!