Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Не пријателе!
Оти ми е криво дека мислиш дека сум ве критикувал, и ти и другите примете го моето извинување. Немав таква намера.

Е сега...
Колку и да е физички спремен Аквилани, не знам колку е соодветно да се стави како лево крило против лутиот ривал Евертон. Мислам дека не е прикладно токму денес. И јас би го ставил Аурелио. Човекот може и напад да игра. Воопшто не е лош во спроведување на офанзивни и дефанзивни задачи. Денес можеби и не е толку добар, ама кој беше? Сите се „сиви“ денес ...

Се сложувам со тебе дека Лукас не треба да игра. Ама Рафа го има зборот. ЈАс би го исфрлил од прв состав, а тука би играл Џерард. Но, тогаш мора да има 2 напаѓачи, кои во моментов ги немаме. Значи, се би се испретумбало. Единствена опција е да игра Аквилани. Затоа, бидејќи не знаеме колку е вистина спремен, ете го Лукас во првиот состав.
 
Чисто информативно ако не сте знаеле Aurelio додека беше во составот на Benitez во Valencia играше лево крило. Од кога дојде Aurelio во Liverpool, Benitez го стави да игра лев бек затоа што и немавме некој голем избор за лев бек, а Aurelio се покажа добар на таа позиција. Затоа Benitez го игра него пред Aquilani а и не ни мислев дека ќе го стави Aquilani во вакво крваво дерби во кое скоро секогаш има остра игра и црвени картони...
 
the city is our's
се надевам дека конечно ке направиме серија од 20 победи почнувајки од овој натпревар
 
Не беше Ливерпул јак колку што беше Евертон слаб.
И како потврда на постовите на кои се смеевте..кујт постигна гол со кој ја завењри победата, Џерард имаше слаба (релативно) партија, а карагер беше среќен што Ливерпул не прими два гола заради него.
Инсуа е одличен. маскерано беше добар. Кујт беше и одбранбен и среден и навален играч.
Да се надеваме дека овој меч ќе биде пресвртница во сезоната!
 
Вистина е дека Евертон беше слаб, Ливерпул не победи заради "добрата игра" што ја имаше, посебно во прво полувреме кога поведивме со 0-1, следните 10-15 минути не можевме да преминиме преку центарот, 2 поништени гола за домаќинот (оправдано) и тоа беше тоа, шансата на Инсуа со глава беше наша најголема шанса да се зголеми водството, друга шанса не видов јас. Сепак, задоволен сум од 3те бода, не од играта, очекувам подобрување веќе во наредниот натпревар против Блекбурн дома, каде се си мислам дека веќе време е Аквилани да започни еден меч.
 
Да се опорават сите играчи пред се да бидеме комплетни а отом потом
 
не се сеќирајте че завршите 4-ти... минатата сезона Арсенал се наоѓаа во многу неповолна ситуација па на крајот завршија со голема предност пред Евертон и Астон Вила... така ќе биде и со вас, а за повеќе тешко сезонава :icon_cool
 
Тука сме бе не се даваме:vozbud: Ќе биде добро да се врзе серија сега ама играта не ветуваше многу. Сепак нека се враќаат полека полека играчите. Ја би го играл Аквилани по 10 минути барем на крај колку толку да се навикнува на играта да влезе у ритам вака на клупа да седи греота е. Ме загрижува и Торес што не отиде на операција тоа мислам дека е лош потег и така е он склон на повреди:kesa:
 
Ја имаме Џордан бројката на бодови (23). Се надевам дека Џордан ќе ни донесе среќа. :pos2:
Што и да се случи, ние остануваме верни на Ливерпул. They'll never walk alone. :smir:
 
жерард ништо посебно, ама факт е дека делува психолошки на тимот. и колку да не е во форма, сепак на моменти ќе згазне на топка, потег е доволен само де...

друго горе-доле сум задоволен. имајќи во предвид како поминуваме со евертон последниве неколку сезони ова е премија.

се надевам ова е почеток на една серија. со риера во тимот, со торес потполно здрав, со жерард исто така... бенајун... се надевам и аквилани конечно ќе почне и одлично ќе се вклопи, џонсон... мислам дека ќе ја свртиме целосно играта во резултатски смисол и тоа многу скоро... ама џабе е кога сезоната бега...

да се изигра максимално добро до крај, макар биле и 2-3-4 ... и да се осови лигата на европа, по можност и некој домашен куп, е тогаш би рекол е каква таква компензација.
 
жерард ништо посебно, ама факт е дека делува психолошки на тимот. и колку да не е во форма, сепак на моменти ќе згазне на топка, потег е доволен само де...

друго горе-доле сум задоволен. имајќи во предвид како поминуваме со евертон последниве неколку сезони ова е премија.

се надевам ова е почеток на една серија. со риера во тимот, со торес потполно здрав, со жерард исто така... бенајун... се надевам и аквилани конечно ќе почне и одлично ќе се вклопи, џонсон... мислам дека ќе ја свртиме целосно играта во резултатски смисол и тоа многу скоро... ама џабе е кога сезоната бега...

да се изигра максимално добро до крај, макар биле и 2-3-4 ... и да се осови лигата на европа, по можност и некој домашен куп, е тогаш би рекол е каква таква компензација.


Да ти кажам право веке не се битни повредите шо ни се во тимот, туку сега е битно Дали психички ке издржат играчите до крај на сесзоната.
Сега ке има разно разни притисоци, исто така и борба со времето да шо побрзо се вратат во просечната форма на играње!

За Аквилани мисслам дека спомнаа дека ке паузирал барем уште еден натпревар. Но со потенцирање дека доколку Ливерпул е во позиција да води со 3 разлика тогаш ке го пуштел затоа што тогаш ке немало да има притисок за него и побрзо ке се врател психички!:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom