Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Има многу работи кои не се гледаат низ призмата од статистика, а се многу битни.

Дибала е единствениот што можи да створи шанса напред со еден пас, единствениот што може да ја поврзи средината со нападот. Па видете го мечот против Виљареал каде што цела стратегија напред беше, дај му ја на Квадрадо и да центрира, едноставно не постоевме. Плус има страшна левутка, единствен е што може да даде гол надвор од шеснаесетник, другиве не ни пробуваат.
Епа влезе Дибала со Виљареал и што направи?
Сега може ќе ми кажеш па се врати од повреда, недоволно спремен. Епа баш тоа е проблемот, он секогаш се враќа од повреди и му треба 2-3 утакмици за да влезе во ритам.
Автоматски споено мислење:

Еве ти пишуваш како не ги разбираш оние кои велат дека требало да се даде платата која што ја договориле, а потоа во иста реченица ги ставаш Дибала и Мората со објаснување дека имале „слична“ статистика.

Мората во Јувентус:
2014/2015 - 46 настапи, 15 голови
2015/2016 - 47 настапи, 12 голови
2020/2021 - 44 настапи, 20 голови
2021/2022 - 40 настапи, 11 голови

Голови по меч: 0.32

Дибала во Јувентус
2015/2016 - 46 настапи, 23 голови
2016/2017 - 48 настапи, 19 голови
2017/2018 - 46 настапи, 26 голови
2018/2019 - 42 настапи, 10 голови
2019/2020 - 46 настапи, 17 голови
2020/2021 - 26 настапи, 5 голови
2021/2022 - 29 настапи, 13 голови

Голови по меч: 0.39

Замисли, на најбаналната статистика (гол по меч), Мората во Јувентус е послаб во споредба со Дибала. А, замисли уште повеќе да земеме предвид дека Мората е класичен напаѓач,80% од случаевите игра најистурен, а Дибала е втор напаѓач.

Батали статистика, да не зборуваме за импактот врз играта, за носењето топка од сопствената половина (она кога нашата мртва средина не успевала против Верона да изнесе топка без негова помош), да не зборуваме за опасноста и влијанието врз противничките дефанзивци и сите останати фудбалски елементи.

Не ме сфаќај погрешно, ништо лично, но коса ми се крева Дибала и Мората да се стават во иста реченица.

Срамота е.
Споредбата со Мората ми беше чисто да доловам дека не е толку голем импактот на Дибала во овој Јуве. И не мислев само на голови, и во асистенции ако гледаме не е нешто подобар Дибала.
Далеку од тоа дека ги споредувам како играчи :)
 
Талентот на Дибала никој не го оспорува, најталентиран играч ни е у тим без сомнение, можеби и у цела лига. Ама талентот е само дел од целата слика. Дечкото не е достапен у 50% од сезоната, не е мала работа тоа. Клучни натпревари пропушта, а тоа не кошта многу. А и кога беше достапен, формата му варираше константно последниве неколку сезони. Не можеш проект да градиш врз таков играч, а уште помалце и плата да му покачиш па уште и 5 годишен договор.

Ќе биде тешко да се замени Дибала, ама не и невозможно. Мислам дека ќе ја пополнат дупката, не е крај на свет. Со одењето на Дибала мислам дека се отвара врата на класа средишњак. За у напад/крила Заниоло и Распадори засега се најреални имиња што не изгледа баш најсовршено ама не би ме чудело да има и изненадување, рано е уште.

Мислам дека ќе оди во Шпанија, Барса или Атлетико. Интер не верувам, тешко да играат со Лаутаро у иста формација. Едино Бепе да го продаде Лаутаро и со тие пари да ги земе Скамака, Бремер и плус Дибала како слободен. Ама пак не верувам да му дадат толкава плата.
 
Епа влезе Дибала со Виљареал и што направи?
Сега може ќе ми кажеш па се врати од повреда, недоволно спремен. Епа баш тоа е проблемот, он секогаш се враќа од повреди и му треба 2-3 утакмици за да влезе во ритам.
Автоматски споено мислење:

Споредбата со Мората ми беше чисто да доловам дека не е толку голем импактот на Дибала во овој Јуве. И не мислев само на голови, и во асистенции ако гледаме не е нешто подобар Дибала.
Далеку од тоа дека ги споредувам како играчи :)
Што да направи бе, ни 10 минути не играше:pos:или ако си очекувал 2 гола и асистенција во 10 минути, тоа е друго. Овие другиве стерилниве не се криви 180 минути што не дадоја гол, Дибала бил во тие 10 минути.
 
Да ги баталиме повредите на Дибала, да гледаме од технички план. Дали Дибала потврди овие 7 сезони дека е играч врз кој можиме да градиме екипа за освојување на ЛШ? Според мене не.

Друг момент е во која насока оди фудбалот последните 10 години. Која екипа освои ЛШ последните 10 сезони со носител на игра со слични карактеристики како на Дибала? 0 екипи. Дури немаат ни играч со слични карактеристики во стартни 11 екипите, најблиску е Ди Мариа една сезона во Реал и Томас Милер кој е 14 пати покорисен играч од Дибала. Никој не користи таков АМФ/СС хибрид. Тоа дека потсеќа на некои минати времиња со амф играчи и личи во стилот на Дел Пиеро не поминва во 2022 и денешниот фудбал. Така да Душан со Киеза и уште едно квалитетно крило и 3ца силни цмф е многу подобра формација од било која со Дибала.
 
Аха, пошто фудбалов што го игра Алегри не е хибрид и е ултра модерен па нема место за Дибала. Дибала ко е здрав несомнено важи за одлична алка од средина спрема напад. И асистира и има визија и осет ненормален за гол. Факт е дека не го достигна максимумот што го најавуваше ама глава оставам дека ниеден офанзивен играч кај Алегри не може да блеска. Види само што де случи со Киеза и каков беше под Пирло. На Алегри Салах да му го дадеш хибриден вингбек у 4-4-2 ке игра или квази некоја формација.
Дибалс е НЕСОВРШЕН за играта на Јуве, ама у други не. Идеален е за 4-2-3-1
 
Што да направи бе, ни 10 минути не играше:pos:или ако си очекувал 2 гола и асистенција во 10 минути, тоа е друго. Овие другиве стерилниве не се криви 180 минути што не дадоја гол, Дибала бил во тие 10 минути.
Епа нели дека тој ја поврзува средината со нападот наместо неспособните од среден ред. Не видов јас во тие 15мин да смени он нешто во тој дел од играта. Очекував барем тоа да се случи, не 2 гола и асистенција.
 
По криво ми беше коа отиде Видал додека беше у животна форма него ли Дибала сега.
Е сега со се летниов трансфер период и сите промени што ќе ги направат, ќе видиме како ќе играат другата сезона и немаат џокери повеќе ни Алегри ни Управата. После ова ќе се бараат резултати, титули, пред се скудето а исто така и да се помине тоа фамозно осминафинале у ЛШ кое што почнува да потсеќа на Реал од пред 12-13 сезони, па да видиме дали ќе склопат тим кој што може да се натпреварува рамноправно со најјаките тимови. Се друго ќе биде ужас за овој клуб.
 
Znachi chitam koe od prijateli na fb, koe od net. Gi sakame Rudiger, Pogba, Zorzinjo, Bremer, Kulibali, Zaniolo, Raspadori, Savikj…. Gi mavame naleto osven Dibala i Berna,Rabio, Artur , Kin, Sandro… Planiraat da gi vratat Fagioli, Rovela, Dragishin koi ako globilcho ostani ne gledam smisla… Ako so gornive se napraj pravilen izbor i imame jako merkato se vrakjame 100% pa i povishe :jeeee:
 
Глупаво е што Јуве не искористи да заработи од заминувањето на Дибала односно што не го продаде пред да му истече договорот. Дибала единствена добра сезона во Серија А ја имаше во сезона 2017/18 и никогаш не го исполни она кое го очекуваа од него. Добра работа во неговото заминување е тоа што ќе се растерети буџетот за плати, а лошо е што Јуве има уште ѓубре за чистење во екипата.
 
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Juventus will not renew Paulo Dybala’s contract and he has interest from the Premier League, but it’s reported he would prefer Paris Saint-Germain
 
Последно уредено:

One of the profiles in which #Juventus is most interested after #Dybala is #JoaoFelix .

Information on the player's situation was requested: for the ⚪⚫ , the 7 of the #AtleticoMadrid , it would be the right profile to invest in.

Дибала имал спремни поклони за сите играчи, вреќички полни со поклони и бројот 10 на нив...убеден бил дека ќе му продолжат договор според Тутоспорт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom