- Член од
- 4 јануари 2006
- Мислења
- 160
- Поени од реакции
- 109
Епа влезе Дибала со Виљареал и што направи?Има многу работи кои не се гледаат низ призмата од статистика, а се многу битни.
Дибала е единствениот што можи да створи шанса напред со еден пас, единствениот што може да ја поврзи средината со нападот. Па видете го мечот против Виљареал каде што цела стратегија напред беше, дај му ја на Квадрадо и да центрира, едноставно не постоевме. Плус има страшна левутка, единствен е што може да даде гол надвор од шеснаесетник, другиве не ни пробуваат.
Сега може ќе ми кажеш па се врати од повреда, недоволно спремен. Епа баш тоа е проблемот, он секогаш се враќа од повреди и му треба 2-3 утакмици за да влезе во ритам.
Автоматски споено мислење:
Споредбата со Мората ми беше чисто да доловам дека не е толку голем импактот на Дибала во овој Јуве. И не мислев само на голови, и во асистенции ако гледаме не е нешто подобар Дибала.Еве ти пишуваш како не ги разбираш оние кои велат дека требало да се даде платата која што ја договориле, а потоа во иста реченица ги ставаш Дибала и Мората со објаснување дека имале „слична“ статистика.
Мората во Јувентус:
2014/2015 - 46 настапи, 15 голови
2015/2016 - 47 настапи, 12 голови
2020/2021 - 44 настапи, 20 голови
2021/2022 - 40 настапи, 11 голови
Голови по меч: 0.32
Дибала во Јувентус
2015/2016 - 46 настапи, 23 голови
2016/2017 - 48 настапи, 19 голови
2017/2018 - 46 настапи, 26 голови
2018/2019 - 42 настапи, 10 голови
2019/2020 - 46 настапи, 17 голови
2020/2021 - 26 настапи, 5 голови
2021/2022 - 29 настапи, 13 голови
Голови по меч: 0.39
Замисли, на најбаналната статистика (гол по меч), Мората во Јувентус е послаб во споредба со Дибала. А, замисли уште повеќе да земеме предвид дека Мората е класичен напаѓач,80% од случаевите игра најистурен, а Дибала е втор напаѓач.
Батали статистика, да не зборуваме за импактот врз играта, за носењето топка од сопствената половина (она кога нашата мртва средина не успевала против Верона да изнесе топка без негова помош), да не зборуваме за опасноста и влијанието врз противничките дефанзивци и сите останати фудбалски елементи.
Не ме сфаќај погрешно, ништо лично, но коса ми се крева Дибала и Мората да се стават во иста реченица.
Срамота е.
Далеку од тоа дека ги споредувам како играчи
