Во 180 минути против еден Манчестер, буквално со двајца играчи во средина (пјанич и бентанкур) потполно да ја уништи средината на противникот, нападот да им го направи непостоечки и цело време да ја контролира играта, ама зато шо го кладе Барзаљи успеаја за 5 минути да се распаднат така? Де Шиљо го смена со Барзаљи и од Јувентус се претворија во Герас Цунев баш ради изменава. Јуве фан клуб експертиза на дело. Не дека не требаше Бенатија да оди средина и да го чува Фелаини и високите топки а Бонучи на место на Де Шиљо, ама сериозни сте бе дека баш ова измена го реши победникот?? На крај краева, Алегри никогаш не менувал дефанзивец со друг, туку вадел играч од средина, ништо чудно Де Шиљо да се има пожалено на повреда, то не е нешто шо некој надвор од тимот можи да го знај.
А иначе видовте како му ја скрши кичмата на Бентанкур Рашфорд, шо водеше до слободниот удар на Мата? Супер е дечкото и се, ама вакви brain farts имаше и на првата утакмица, ко го покри Бонучи, а можеше да коштат нерешено и таму.
Значи има Алегри речено дека не е ЛШ спринт туку маратон, и мора да ги има сите играчи на располагање и неистрошени и во март, април, мај. А не ко сега со повредени/недооздравени. Заборавате дека Квадрадо во нормални услови е трета опција позади Даглас Коста и Бернадески? И пак настрана промашвањата, имаше солидна партија, и централно и по страна заедно со Бентанкур, многу контри од него беа повлечени. Јас искрено годинава го критикувам пошто многу безвеза шутој зема (нормално в публика) ама сношти беше многу добар.
Едноставно немаја ни среќа сношти, и Дибала и Кедира стативи, Пјанич неколку удари, можеше слободно три или појќе гола да паднат, баш поради играта шо Алегри ја постави, ама кој да го види то, погодоците се бројат.
Па ми пиши
@Mondonico , Алегри ограничен бил, толку му било знаењето. Треба поинвентивен да биди малце, со сите во напад да игра, пошто е ова Рома на Земан. Бентанкур место Матуиди не ти беше доволно инвентивно? Дечкото освен пар грешки (можи и на неискуство) одличен беше во напад, Погба не се виде покрај него. Дибала како напаѓач и Квадрадо повеќе централно ти личеа на ограничени потези? ОК ти голем познавачу на фудбалската игра, нека дојди Зидан кој во Реал не се делеше од Бензема, па дури тогаш ќе се нагледате outside the box размислувања.