Не ја гледав, ај некој линк нека пушти за торент, или па нека каже страна кај може да се симнуваат утакмици.
Добро е што сврзавме две победи, без разлика на играта, барем за мотивација и за атмосфера. Ќе коментирам после кога ќе ја гледам снимката.
Инаку гледам го коментирате Мората.
На страна тоа што е паднат во форма, он има само
една позиција што може да игра, од тоа што сум го гледал во Јуве.
Напаѓач во каква било формација со 2 напаѓачи напред, од кои едниот техничар (Дибала, Тевез) и да игра и да се храни од него.
Нека ви текне само колку гола имаше дадено така минатата сезона, и тоа двата најважни против Реал дома и Барса во финалето, класика негов стил.
За крило нема карактеристики, џабе си троши време Алегри, исто и за шпиц во 4-3-3. Бега од дуел, премногу е плашлив, на долги топки сигурно сте го приметиле дека не иде со глава на топка, него иде во одбранбениот што го чува и чека тој да направи грешка.
Ама 190цм е, толкаво теле, ако продолжи да игра така како пиче, ќе се шета измеѓу позиции и никад нема да биде класа напаѓач од него, а има потенцијал.
Исто и финишот не му е најсјаен, ама ова погоре е главен проблем, според мене.