Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
10370984_1022347827786717_4619335981456459343_n.jpg

7 години ејјј..
 
Момци добар ждерб, од најголемите можни зла ни се падна најмалото. Ќе има крвопролевање...аууу :vozbud:

Значи го тупам оти не сакам да завршиме како Интер 2010 или Челзи 2012. Само што Челзи има пари, ги увиде своите слабости и брзо се врати. Интер сите го гледаме како е. Овој Јувентус е добар, но ако не стане подобар многу брзо ќе стане лош. Се надевам сфаќаш што сакам да ти кажам. Погоре реков како сакам Јуве да се врати меѓу најдобрите, да не се повторувам.
Се слагам со оваа реченица, само во подвлеченото не верувам дека би станало реалност.
Годинава можам да кажам дека Јуве резултатски во Европа се врати таму каде што бев навикнат да го гледам како порано. Марота колку и да се смееме со неговите трансфер понуди, си работи плански и домаќински, иако беше ограничен со буџетот. Да не ти тупам, еве на финансиски план се стабилизираме, одиме во позитива, што сигурно ќе се одрази и кај Марота со тоа што ќе има подлабок џеб за пазарење. Елкан ни тури каква таква инекција, која со евентуална продажба на Погба(иначе јас дефинитивно не сум за) и други добивки курци палци, можат да се искористат за надоградба на постоечкиов состав.
Е сега ако директоров наш не умее сето ова да го преточи во играчки кадар....

Значи мое мислење е дека со годинешниов успех се завршува едно поглавје од обновата на стариот Јувентус, а веќе од следната сезона ќе мора да пазариме квалитет на позиции каде што имаме слаби точки и сигурен сум дека нема да се тресиме дали ќе поминеме групи и да се молиме да ни се падне полесен противник.
Во секој случај ја ценам твојата загриженост и размислување, во моменти кога сите ние сме, да кажам во моментална еуфорија и не помислуваме на Шинтер :)
 
Не толку одамна баравме кривци за отпаѓање од групи во ЛЕ/ЛШ. Завршување со 7мо место и 6то. Сега зборуваме за можно финале. еххх :love:
 
Конте за се беше крив :uzi:
Приходите од оваа сезона досега се околу 305 милиона, највеќе во историјата на италијанскиот фудбал.
До крајот најверојатно ќе дојдеме до планираните 315.
 
Последно уредено:
@Mondonico што те гледам чуден... незнам што треба да се деси за да овој Јувентус почне да оди во надолна линија (Можеби уште едно Калчополи :P ). Финансиски сме повеќе од стабилни, милионите што ни следуваат од Адидас, ЛШ, ТВ Права, Фан Бази, продажба на дресови, нови спонзорства, пари од стадионот се можеби само дел од тоа како овој тим паметно си ги крои финансиите. Долгот рачунај скоро и да го немаме благодарение на Марота, последниве трансфер периоди повеќе бевме во + одколку во -, што заслужува едно огромно БРАВО од мене за Бепе за завршената работа.
Не ми го мешај овој Јувентус со тој на Интер пред 5 години... тој Интер беше краткорочен, тимот веќе беше во енормни долгови, а повеќето од играчите беа над 30 години, и нормално беше да има пад во форма, тука несмееме да ја заборавиме и потребната смена на генерации што МОРАА да ја направат, ама многу касно им текна.
Кога се градеше овој Јувентус, си дадоа цел челниците тоа да биде на долгорочен план, и тоа полека се остварува... пишав веќе погоре за финансиите, друго играчите ни се спој на младина потпомогнато со искуство на некои поединци во тимот, имаме 1000 млади играчи кои настапуваат во други тимови и се борат за да го облечат во иднина црно-белиот дрес. Од следната сезона ни пристигаат Ѕаѕа и Ругани, можеби едни од клучните играчи за Јувентус и Италијанската репрезентација во иднина. Како што гледаме од медиумите, тимот веќе почнува да го одврзува ќесето за трансфери, Витсел 30 милиони, Дибала истотака 30 милиони, фала богу што го имаме Тролот како генерален директор, па овие суми може во билокој момент да ги преполови.

Се со еден збор, престани да го тупиш, овој Јувентус има светла иднина, има луѓе кои се грижат за тимот, Ањели, Марота, Недвед, Патричи направија магија во овие пет изминати години... ќе повторам ќе треба чудо да се деси за да овој Јувентус повторно се најде на оние патеки кадешто секоја година завршувавме на 6 или 7 место
 
Одлично како што посакувавме, против Реал.

Ех, да беше сеуште тука Del Piero :( 2008 година, и тоа со каков состав човече... -.-

Се е во ред со тоа што го кажа, ама знаеш на што мислев добро. Уште да земат да мерат колку минути на ден тренирале играчите под Конте и Алегри и тоа да го стават во табела. Се на се живи глупости. Јас немам проблеми со умртвување на игра со противник кој тоа го поставува како услов за играње против него.
Пробуричкај, Италијаниве сигурно и за тоа имаат статистика :)

На крајот од мечот, се гледа резултатот. Мене искрено не ми е битно дали Јуве имал 150 шанси или една, битно ми е на крајот да имаат повеќе гола од противникот.

И за умртвување игра треба да се има подготвено стратегија, не е само повлечи ги сите 11 души во сопствен 16тик. Треба добро да се простудира противникот и да се постави формација, кој играч за кој противник ќе биде задолжен, па зависно дали противникот има високи играчи, изведувачи на слободен удар итн. И за тоа треба да се простудира. Искрено, овој Јуве на Алегри според знае далеку подобро да изигра од оној Јуве на Конте во поглед на умртвувањето на играта.

Инаку се лажеме за тоа дека Јувентус го има покажано својот потенцијал во Европа. Јуве долгорочно ќе го покаже својот потенцијал и ќе ги достигне старите патеки тогаш кога со влезот во полуфинале нема да биде сметан за аутсајдер и тогаш кога минувањето на групите во ЛШ ќе биде само формалност. Знаеш дека овие две работи пред Калчополи беа така, а сега не се. Три сезони по ред пласманот во понатамошната фаза го решаваме во последно коло, а сега кога сме во полуфинале реално сме окрактеризирани како аутсајдери. И аутсајдери имаат освојувано ЛШ, ама наредните години сите си се спуштија на првобитното ниво.
Точно, се сложувам.

Но тоа не може да се направи со магично стапче, тоа е процес кој не може да се предвиди до најмал детал. Тоа зависи од многу фактори, не само од вложување во играчи.

Реал првите 2 години неможи да си го врати Мората, не знам кај излезе таја информација дека можи секоја година. После наредните 2 години има откупна клауза од 35 милиони плус сите плати и бонуси да ни ги плати што значи ќе рипни негде до 40тина милиони цената како ништо..
Не. Реал може и летово да си го врати Мората за 30 милиони, следното лето за 35.
 
Пробуричкај, Италијаниве сигурно и за тоа имаат статистика :)

На крајот од мечот, се гледа резултатот. Мене искрено не ми е битно дали Јуве имал 150 шанси или една, битно ми е на крајот да имаат повеќе гола од противникот.

И за умртвување игра треба да се има подготвено стратегија, не е само повлечи ги сите 11 души во сопствен 16тик. Треба добро да се простудира противникот и да се постави формација, кој играч за кој противник ќе биде задолжен, па зависно дали противникот има високи играчи, изведувачи на слободен удар итн. И за тоа треба да се простудира. Искрено, овој Јуве на Алегри според знае далеку подобро да изигра од оној Јуве на Конте во поглед на умртвувањето на играта.

Точно, се сложувам.

Но тоа не може да се направи со магично стапче, тоа е процес кој не може да се предвиди до најмал детал. Тоа зависи од многу фактори, не само од вложување во играчи.

Не. Реал може и летово да си го врати Мората за 30 милиони, следното лето за 35.
Mnogu si greska, klauzulata e od 2016 deka Real mozi da go vrati morata. 2016 - 30 milioni , 2017 - 35 milioni.

The transfer took longer than expected and the details are still not entirely clear.

Juve paid €20m to take Morata, but Real Madrid have a buy-back option of up to €30m depending on the number of games he plays for the Bianconeri.

“It was a very difficult negotiation process because Real Madrid wanted to keep him,” explained Marotta.

“At the end of the day, his desire to come to Juventus won out. The player signed a five-year contract. For the first two years the player is entirely ours, then there is a very complicated contract that I won’t outline in its entirety here.
 
Зошто јас цело време мислев дека оваа клаузула трае само 2 години потпишувањето на Мората за Јувентус ? Се си мислев дека Реал има право да си го врати назад ова лето или следното и после тоа истекува оваа клаузула. Како и да е и самиот Мората изјавува дека со Реал има завршено и ставено точка на таа страница.
 
Не не 2016-2017 има право да го врати и да плати сума + бонуси + сите настапи за Јуве вкупно (ЛШ+Копа+Серија А) + платата цела и бонуси :)
А Мората го задржува правото на избор за кој клуб ќе игра, има и друга клаузула од 100м за другите клубови а дел од тој профит зема и Реал.
 
Момци добар ждерб, од најголемите можни зла ни се падна најмалото. Ќе има крвопролевање...аууу :vozbud:

Се слагам со оваа реченица, само во подвлеченото не верувам дека би станало реалност.
Годинава можам да кажам дека Јуве резултатски во Европа се врати таму каде што бев навикнат да го гледам како порано. Марота колку и да се смееме со неговите трансфер понуди, си работи плански и домаќински, иако беше ограничен со буџетот. Да не ти тупам, еве на финансиски план се стабилизираме, одиме во позитива, што сигурно ќе се одрази и кај Марота со тоа што ќе има подлабок џеб за пазарење. Елкан ни тури каква таква инекција, која со евентуална продажба на Погба(иначе јас дефинитивно не сум за) и други добивки курци палци, можат да се искористат за надоградба на постоечкиов состав.
Е сега ако директоров наш не умее сето ова да го преточи во играчки кадар....

Значи мое мислење е дека со годинешниов успех се завршува едно поглавје од обновата на стариот Јувентус, а веќе од следната сезона ќе мора да пазариме квалитет на позиции каде што имаме слаби точки и сигурен сум дека нема да се тресиме дали ќе поминеме групи и да се молиме да ни се падне полесен противник.
Во секој случај ја ценам твојата загриженост и размислување, во моменти кога сите ние сме, да кажам во моментална еуфорија и не помислуваме на Шинтер :)
:cuc: за болдираната реченица. Конечно некој разбира што се обидувам да кажам. Ме плаши тоа што многу луѓе овој период може да го видат како веќе достигната ситуација на квалитет и способност на Јуве да се натпреварува со најдобрите во Европа на долг рок. Со ладна глава тоа фан на Јуве не смее да го помисли. Ај ако е фан ништо страшно, ама не дај боже тоа да го помислат челните луѓе на Јуве.

@DeviAngel Деви златен на дискусиите меѓу нас мислев и воопшто на форумот. Не цитирам луѓе од после ако некогаш во некоја дискусија за одредена идна состојба сум испаднал во право. А тоа за војна е само синоним не го сфаќај сериозно :)

Ширеа момче ако Јувентус ги има сите тие работи не значи дека ќе ги реинвестира. Ме плаши успехот од оваа година (веќе полуфиналето може да се смета за успех) да не влијае негативно врз неопходните промени кои ни се потребни ова лето, наредното лето и така натаму. Се плашам да не помислат дека овој состав е доволно добар и догодина да игра и да се натпреварува на високо ниво, нешто што ќе биде многу лошо. Еве добро рече дечково што го цитирав а еве и пак ќе го цитирам во постот:

"Од следната сезона мора да пазариме квалитет"
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom