Видал е не препознатлив сезонава,ова денеска му беше можеби и најслаб настап,очаен како и во напад,така и во одбрана.Ја нема таа креативност и борбеност за секоја топка,нешто што го красеше во сезоните под водство на Конте.И денеска се потврди дека ако Тевез има бледо издание,цел напад не функционира.Премногу работи зависат од Тевез во нападот,а за жал Јуве нема друг таков напаѓач во тимот.
Алегри денес мораше да го извади Видал по примениот гол и да го внесе Пирло во игра.Маркисио изигра најдобро од сите во средниот ред и без проблем ќе ја завземеше неговата позиција,а и сигурно ќе реагираше многу подобро во тие шанси што ги имаше Чилеанецов.Или да беше похрабар па да внесе уште еден играч во нападот(Љоренте,Коман) на местото на Видал,а Переира да ја завземеше неговата позиција.
Без разлика што Сампдорија е традиционално незгоден противник за Јуве,не допустлив беше овој кикс дома,особено сезонава кога Рома е и те како сериозен претендент за Скудетото.Алегри сега мора да ги консолидира редовите и да се сменат некои сегменти во играта,особено во нападот,кој во три меча не постигна ни еден гол.