Реално не сум задоволен. Лошо ги одигравме последните 20 минути и повторно примивме гол. Веќе 5ти натпревар по ред вклучувајќи го оној од купот како примаме гол и тоа пак од корнер. После нафрлување од корнер примивме и од Каљари и Сампдорија. Покрај тоа после секој корнер Интер имаше шанса, а и Паласио имаше две одлични шанси кои во секој друг меч можеше да ги искористи. Ептен им дозволивме на Интер и тоа е голем минус за денеска. Мора што поскоро да се поправат тие недостатоци, односно грешки и загубени топки кои им овозможуваат шанси на противниците.