Да не слушнам оправдувње за теренот, всушност да не слушнам нитуедно оправдување.
Јас знам што зборувам само голем дел од вас навивачите сте нереални и ептен розево гледате на работите. Не знам како може да дозволиш да загубиш на ваков терен, срамно е тоа. Абе се што требаше да се направи е да се држи топката што подалеку и да се турка кон оној дел од теренот каде што е невозможно да се игра. Повторно никаков пресинг од играчите спрема Галата за да не стига лесно топката до Дрогба кој доби 100% од воздушните дуели, за разлика од Љоренте кој не доби ни половина дуел. Во глобала катастрофално издание во ЛШ, единствено со Реал Мадрид на гостински терен одигравме достоинствено и добро.
На крај пак ќе повторам нешто што го имам кажано досега, а вие ми се нафрлувавте досега.
ЗАСЛУЖЕНО изгубивме денеска и ЗАСЛУЖЕНО испаѓаме од ЛШ. Секое плачење и оправдување е не гледање на реалноста и субјективност.
Поздрав сега и се надевам дека и вие ќе ги зголемите апетитите и барањата од клубот и играчите, затоа што очигледно дека ова не е доволно добро.