Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, уште еднаш ги шокираше медиумите во Италија, а особено фановите на Јуве изјавувајќи дека би ја продолжил кариерата во екипата на Манчестер Сити доколку добие добра понуда. Тиражниот италијански весник „Газета дело Спорт“ објави дека Буфон рекол дека доколку бил на местото на Кака пред две недели, сигурно за таа плата од половина милион фунти неделно не би размислувал за заминување во Премер лигата.
„Знам како е да играш во голем клуб, но пред мене да имаше таква понуда сериозно ќе размислував, а можеби и веднаш ќе прифатев“, изјавил Буфон.
Се очекува да се види како на овој негов „флерт“ ќе реагираат од Сити, кои веќе истакнаа дека би понудиле цело богатство за да го донесат Буфон на својот гол.