Диего според мене нема шанси да дојде во Јуве.Го дознавме дека е како спонзорушите,каде има пари таму оди не гледа на ништо друго освен на пари.Такви играчи во Јуве никогаш не играле(со ова неможат да се пофалат Интер и Милан).Нека оди во Сити нека се бори за опстанок и нека крши глава.Ми се згади од него после изјавата дека кој ќе дал највеќе пари таму ќе играл.
Хамшик е играч што игра во срцето на теренот како организатор,а нас ни треба лево крило.Башка и Хамшик мислам дека сака да остане во Наполи сепак Наполи пробува да направи некој тим за да се вмеша во борба за евро купови.Заедно со Лавеци мислам дека ќе останат во Наполи бар уште една сезона.И Интер е заинтересиран за него,ама Хамшик ако е курвиче како Диего не треба ни воопшто да се обидуваме да го донесеме.Реално неможе Јуве да се носи со Интер во буџетот наменет за плати на играчи.
Силва е одличен играч и мислам дека би бил најдобра замена за Недвед.Игра на иста позиција за разлика од овие двајца горе.Ама сепак доколку Валенсија се реши да го продаде мислам дека Силва не би го избрал Јуве пред Барса и Реал.Овие два тима сигурно би се вмешале во трката за Силва.
Малуда мене не ми се свиѓа како играч,ни во Лион,а во Челзи па воопшто.Ама со оглед дека на трансфер пазарот и нема некои силни играчи сепак мислам дека Малуда би бил најдобро решение за ситуацијата со Павел.И како што кажаа погоре во Јуве французите добро се снаоѓале секогаш мислам дека би ја подобрил својата игра во Јуве.
За овој преоден рок и за наредниот треба да се фокусираме на тоа да се купи замена за Недвед и како што имам кажано 12131 пати да се земат два бекови.Григера и Молинаро,за нив секоја чест ама во Јуве треба да играат многу посилни играчи.За овие двајца ми сакал да се земат дуото од репрезентацијата на Италија Закардо-Гросо.
За Јакинта многу ми е жал што неможе да се избори за место во тимот и што е до мене би требало да го продадеме или да го понудиме како замена за некој играч.Имаме доста напаѓачи,сега се враќа Давид(мојот омилен играч после Алекс

).Во среда имаме тешка утакмица со Уднезе кој има серија од 11 натпревари по ред без победа,Ди Натале нема да игра така да очекувам 3 бода од оваа утакмица,за да би можеле да сврземе и 3 победи по ред(со Каљари ја рачунам за победа).