Фан Клуб: Интер

Ја па добивам слика, дека како да штедеа сили за со Аталанта. Како да беа со паметот веќе на тој натпревар.
Денес имаше лоши додавања и тоа од сите, место да иде подавање напред они се позади додава.

Мораше утакмицава да се добие, макар и со канцерогена игра.
 
Што би се случвало доколку наместо Перишич би го имале Регуљон или Дејвис од Баерн...масакар ќе му се случваше на екипите....апла се гледа дека десната страна ја бранат противничките екипи и Бастони има огромен простор пред себе кога ќе тргнува со топката..тука одма се прави вишок.
 
Очекувавме лесна победа ама не испадна баш така. Парма одигра добро, супер метивирани беа денес.
Не дека одигравме лошо, имавме доста шанси што требаше да се реализираат, ама на крај важни се 3те бода.
Дома со Аталанта не смее да има кикс.
Јубентус игра со Лацио, па во случај да победиме а тие да киснат ке бидеме блиску до титула.
 
Тешка победа, добро не измачија Парма...мораше Лукаку порано да ја реши кога се намести на десна и шутираше во голманот..се надевам дека заштедија сили за со Аталанта каде мора да влезат All-in.

Иначе дали видовте на крајот кога Хакими избори аут и Конте му се издери во фацата од радост...мора да се најди таа слика :D
157030416_10160854758143696_2842218757006581671_n.jpg

 
Знам дека се имам изнајадено гомна за Конте додека беше тренер на други екипи, знам дека се имам изнајадено гомна и откако стана тренер на екипава, ама конечно после 2010, односно Мурџо, имаме тренер кој со огромна енергија и емоции го води тимов. Ликот едноставно врие за Интер, голема штета е што нема публика па да се фрла на трибини како лудак. Огромен мотиватор, успеа еден тажен и умрен Перишиќ да го врати во игра и да го стабилизира, слично е и со Ериксен и да не набројувам натака.

Згора на се тимов доби шампионски менталитет, добиваме мечеви на сув квалитет, добиваме мечеви каде не сме подобри од противникот (нешто што е одлика на шампионски екипи), добиваме мечеви кои пред 5 години беа мисловна именка за нас итн.

Мора да се издржи до крај, немаат никаков изговор за било што, мора да се нагази јако и рутински да се освои Скудетото. Епска катастрофа би било евентуално неосвојување на Скудетото, катаклизма.

Премногу ќе ми биде драго за Лукаку кој освен една титула со Андерлехт нема ништо освоено во животот и стално го серат низ интернетот неосновано, а дечкото во секоја екипа каде што играл се истурал од голови, сем Челзи можда. Гази сезонава, прав лидер, дава голови, асистира, све праи буквално, играчина.

Сеа мора да ги угасиме миџетите, да Ио миџетите, преку кур ако си отишол Папу Гомез се да му ебам и на него. Многу ме нервираат Аталанта, особено Гасперини кој мисли дека е Фергусон му ебам тоа лиглето умрено.
 
Реално Аталанта е многу слична екипа на Лацио во стил на игра....средина и напад одлични, одбрана нестабилни и киксери.....очекувам иста игра како против Лацио каде што ќе ни ја скријат топката, и нашите поставени за на контри/полуконтри....се надевам дека Лукаку,Мартинез,Перишич и Хакими ќе бидат концентрирани за да ги торпедираат по страните.
 
Утакмицава многу ме потсеќаше на таа против Удинезе, цела среќа што во второ го кренаа интензитетот на игра. Некој го кажа истово назад, а и ја сум спамирал подолго време... не ја сфаќам ваквата филозофија на тактизирање на Конте. Не сфаќам зошто одма не се влезе со две нозе во дуелот, едноставно да им дадеш до знаење дека денеска ќе го јадат и да ораш дур не го даеш првиот гол.

Али океј, ваљда работите на терен не се така лесни и едноставни ко што јас ги зборам. Премногу битна победа беше ова, посебно ради тоа што Јуве победи.

Хакими денеска изигра лошо во одбрана, не смее онака дезориентирано да реагира во клучен период од утакмицата. Мојот човек Броз пак имаше врвен клизач пред да го дадеме голот, цар. Ериксен мора поише да се труди во одбрана и тоа е тоа. И премногу јасно... Лукаку. Каков продор за вториот гол, ѕвериште е, свака част.
 
Syn стварно го снема, имам mix feelings за истото. Од една страна ми фалат огромните постови на латиница од друга пак фала богу не ги гледам тие огромни текстови на латиница.
Тука е, се понаша како Ширеа, лајкува и ќути. Имам претчуство дека ќе трае до скудетото, ќе собира се во себе, за потоа да ни се избаци со некој фељтон на латиница што нема да го собира во четири објави, притоа онадувајќи им мајки и шајки на овие двајцава, Бетмен и Робин, од кои впрочем има и побегнато.

@beneamata, ти пак да ми се понашаш ко џубре, а гледај, никој не те бара освен мене, заборавија дека постоиш, пола од нив сега гуглаат „што е тоа beneamata?“

Се растажив додека го пишував ова... :( :smirce:
 
Тука е, се понаша како Ширеа, лајкува и ќути. Имам претчуство дека ќе трае до скудетото, ќе собира се во себе, за потоа да ни се избаци со некој фељтон на латиница што нема да го собира во четири објави, притоа онадувајќи им мајки и шајки на овие двајцава, Бетмен и Робин, од кои впрочем има и побегнато.

@beneamata, ти пак да ми се понашаш ко џубре, а гледај, никој не те бара освен мене, заборавија дека постоиш, пола од нив сега гуглаат „што е тоа beneamata?“

Се растажив додека го пишував ова... :( :smirce:
Тие што гуглаат треба да ги банираш од темава.

Онтопик, многу ми е тешко да ги гледам комшиките (не баш ама ај), одма ми идат флешови кога бевме есенски шампиони во Октомври, па после брзо се спуштавме на земја, ништо не научија од нас, па ни @џимеј од пред некоја сезона кога едно коло беа први (или пред нас) па ставаше сториња на инста како јаде пуканки со табелата за после да одат во ЛЕ со Ружомберок. Сакав да кажам, го сфаќам и Син, ќе си дојдеме на крај на сезона да си пишеме, ама тука сме за секој случај, јас за Ханда, он ваљда за кинезите.
 
аххахахахахахахахахаххахахахаха џимеј дно изби од себе тогаш. Ја терал девојка му да го снима доека јаде леб и маргарин и глеа у табела. Отварал резултати.ком преку телевизор и и рекол од тука ќе идеш таму, вака ќе го движиш телефонот, камерата, кадарот да влезе во тој и тој момент, 40 видеа снимиле гарант, ама не вака ама не така, мирна рака треба да имаш, може и лепел со изолир искови доле на плочки да знае кај да застане јадната. пу

џимеј аронофски, блам начна.

Ене го у фан клуб Милан бара да дое кај мене у соба да ја лупа главата од ѕид каде има рамка со слики од Шон Пен и Џејк Гиленхал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom