Јас лично сум свесен дека Интер не може да има 38-0-0 скор, очекувано да изгубиме, да изиграме нерешено, слабо, добро, одлично, за сето ова сум свесен, ама кога ќе ми прави вакви работи Спалети ко ова денес што го направи не можам а да не збеснам.
Втор пат во рок од 6-7 месеци прави измена која спаѓа во најлошите измени во историјата на спортот. Прво беше измената Сантон-Икарди која и ден денес е убедливо на првото место, а денес оваа Миранда-Врсаљко. Еве се разбираме дека некои играчи беа уморни и дека требаше да се ротира. И зошто тогаш нашиот драг тренер не го стави Марио во игра кој патем не е пријавен во ЛШ и е одморен, Марио кој патем искина на последните две утакмици против Лацио и Џенова? Зошто нашиот драг експерт почна со тројца копачи во средниот ред? Зошто нашиот драг тренер почна со големиот Дамброзио на десната страна? Како сакаме да добиеме стандарден десен бек во името на Врсаљко кога една утакмица игра па пет не игра и се така во круг? Се кладам дека да поставам 100 рандом тренери и да ги прашам кого би ставиле во средниот ред за денешниот меч ниту еден освен Бенитез и Мацари не би рекол дека ќе почне со Гаљардини-Весино-Брозовиќ.
И што сега, пак теренот ќе му биде крив? Лошата трева? Боговите? Мајката да му ја ебам ментална ја на него, ја ви кажувам у тим ко Реал, Барса, Манчестер, отказ се јаде ради вакви работи. Да не беше Хандановиќ 19-1 ќе изгубевме, пет милиони зицери фати човекот. На што личеше денешново издание бе? Како да не бидат пцуени и критикувани, а најмногу тренерот? Сега ни следи Фросиноне дома, па Тотенхем, Рома и Јуве гости, баш ќе видиме што ќе измисли нашиов инжињер на клупата.
Колку и да го сакаме тимов и да бидеме пристрасни кога се зборува за се во врска со него сепак мора да бидеме реални дека Спалети никад нема титула да ни достави нити пак некаков успех. Уште сезонава нека ја истера и гитла, нека атакуваат на Чоло или некој друг класа тренер, не можам ја секое коло да се нервирам со вакви психопати.