На прсти се бројат низ светот фанови кои мислат дека управата на Интер направила добра работа на овој преоден рок, а ти и стефан сте едни од нив, замислете која привилегија ја имате.
Како така си одлучи да ми ставаш зборови во уста и да си исфантазираш дека јас сум еден од тие што мислат дека трансфер периодов беше успешен? Кој си ти?
Пишав уште завчера дека ме извадија од такт што не финишираа како што треба а почнаа океј.
Скоро сите медиуми и фудбалски аналитичари овој трансфер период на Интер го оценија со оценка 7 од 10 со образложение - паметно меркато.
И јас стојам зад тоа. Зошто? Затоа што прв пат во поновата историја Интер не истури пари на извикано име, прв пат во поновата историја Интер купуваше паметно односно купуваше играчи на позиции кои се неопходни (сем штопер), прв пат во поновата историја Интер не испаничи на последниот ден и не рокна грдни пари на некој шабан од Лацио за да се рече еве купивме, прв пат во поновата историја Интер не испаничи на последниот ден и не донесе 4 просеци од Болоња за да рече еве донесовме уште 4 играчи за еден ден.
Јас не гледам ништо погрешно во тоа што Интер проба а беше одбиен за Видал, пошто од сите класа играчи со кои што бевме поврзувани само за Видал имаше конкретни изјави и од луѓето од Баерн. Еве тука ќе ги стаиме и Ди Марија, Хамес, Наинголан и уште 3 играчи по ваш избор. Ако Интер пробал да ги купи овие играчи меѓутоа добил негативен одговор од клубот или од играчот, како тоа Интер и оризарите се криви во овој случај? Како?
Летово се пазареше по директиви на Спалети. Негова беше одлуката за сите донесени играчи и он ќе си сноси одговорност. Уште на почетокот на летово имаше изјава каде рече дека до крај на летото сака состав од околу 20 играчи.
Кељавиот е познат по тоа што слабо ротира, игра со 15 играчи се на се, он со Рома имал и потенок состав па играл и ЛШ/ЛЕ, домашно првенство и куп а сеа сте се извадиле од памет пошто не донеле замена за Ансалди. 12 годишно дете би стаил да игра на негово место.
Што ако се повредат, што ако се повредат..... а што праиме ако не се повредат играчите?
Оваа сезона имаат се на се околу 40тина утакмици да изиграат, 38 во лига и уште 3-4 во куп, зависи до кај ќе догураат. Челзи лани преимер лига освои со 13 играчи.
Пак ќе повторам, единствена замерка од мене имаат тоа што не донесоа уште еден резервен штопер. Ама ако Спалети мисли дека Ранокија и Дамброзио се доволни да помогнат ако затреба, бујрум, на крај ќе судиме.