Фан Клуб: Интер

@Џони Вајсмилер
Сакам да кажам, Барса има ужасен трансфер период, им кидна еден од најдобрите играчи, не ги земаа примарните цели (Кутињо и Верати) АМА ако освојат ЛаЛига нема да значи дека преодниот рок бил бомба, туку дека имале бомба сезона.
Од каде знаеш дека Паулињо и Дембеле нема да играат одлично? И Барселона ако освои Ла Лига секако дека ќе биди успешен трансфер период бидејќи резултатите ќе се памтат а не дека му заминал Нејмар и го испушиле за Кутињо и Верати. И лани Јунајтед го купи Погба и ги исполни своите трансфер цели со Миктарјан и Бајли па дали фановите го сметаа за успешен трансфер период според резултатите на крајот каде завршија 6-ти?[DOUBLEPOST=1504293579][/DOUBLEPOST]
Значи ништо да не купевме, ама буквално НИШТО.Ни тренер да сменевме ништо.И завршуваме топ 4 и тоа се смета за успешно трансфер лето? Таа логикава ви е вас.Се докажуваме дали транфер летово е добро или не а вие ми се избацувте со муабети за топ 4 дека ќе сме завршувале.Па и да не купевме ниту еден играч можеше спалети да ги среди и да сме топ 4, и ќе дркавме дека топ трансфер лето сме имале со само тренерот сменет?
Дечко никој нема да се сеќава на трансфер периодот доколку екипата има успех разбираш, самите резултати идат со играчите во тимот и оние кои се купени.Ете зедоа два нови поквалитетни бекој што е напредок но ги продадоа резервите во нападот, средината е иста дури поквалитетна. Реално вака имаме подобра и повоиграна екипа од лани каде ќе настапиме само на еден фронт.
 
Последно уредено:
Од каде знаеш дека Паулињо и Дембеле нема да играат одлично? И Барселона ако освои Ла Лига секако дека ќе биди успешен трансфер период бидејќи резултатите ќе се памтат а не дека му заминал Нејмар и го испушиле за Кутињо и Верати. И лани Јунајтед го купи Погба и ги исполни своите трансфер цели со Миктарјан и Бајли па дали фановите го сметаа за успешен трансфер период според резултатите на крајот каде завршија 6-ти?

Не може да биде успешен трансфер период кога Паулињо и Дембеле не им се примарни цели и на крајот од денот, не си ги добија играчите што ги бараа, нит па се задоволни од тоа што го имаат. Да беа задоволни и да ги добија сите играчи ќе беше друг муабет. Па тоа ти зборам бе Џони, успешен трансфер период не значи и успешна сезона. Они си ги купија играчите што мислеа дека им требаат, си ги добија сите играчи у тим а тоа што играчите немаа успешни сезони е друга работа.

Ако ги донесевте Верати, Наинголан, Ди Марија и Бернадески ќе имавте успешен трансфер период, сите што ги сакате си ги донесовте. Сега, ако си тие фудбалери завршите трето место трансфер периодот не е веднаш неуспешен, туку сезоната е неуспешна пошто играчите не се погодиле, односно скаутингот бил погрешен (или пукнало нешто друго у меѓу време).
 
Од каде знаеш дека Паулињо и Дембеле нема да играат одлично? И Барселона ако освои Ла Лига секако дека ќе биди успешен трансфер период бидејќи резултатите ќе се памтат а не дека му заминал Нејмар и го испушиле за Кутињо и Верати. И лани Јунајтед го купи Погба и ги исполни своите трансфер цели со Миктарјан и Бајли па дали фановите го сметаа за успешен трансфер период според резултатите на крајот каде завршија 6-ти?[DOUBLEPOST=1504293579][/DOUBLEPOST]
Дечко никој нема да се сеќава на трансфер периодот доколку екипата има успех разбираш, самите резултати идат со играчите во тимот и оние кои се купени.Ете зедоа два нови поквалитетни бекој што е напредок но ги продадоа резервите во нападот, средината е иста дури поквалитетна. Реално вака имаме подобра и повоиграна екипа од лани каде ќе настапиме само на еден фронт.
Па не знам кој од фановите на Јунајтед се жалел на ланските трансфери.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Џони не се губи, после крај на сезона сите знаеме да кажеме дали биле добри или не засилувањата.

Убаво ви објаснува Пеја, вие сосема друго зборите, и од кога станавте такви лузери па весино и борха ни се топ трансфери за Интер и конечно (секоја година истиот муабет) имаме тим за топ 4.

Се смееме за Милан дека потрошиле 200 во еден трансфер период, а ние што трошиме по 100 секоја сезона и не можеме до ЛШ не сме за смеење.

Ќе идеме ЛШ, али дека требаше мн подобро трансфер периодов, требаше.
 
Во клупа седат ученици, на клупа седат резервни играчи. Прво.
Второ, Муриљо самиот си кажа дека сакал да си иде со оглед на тоа што следното лето има СП а него му е потребно стандардно играње у прва постава. Интер немаше намера да го продаде со оглед на тоа што Спалети го гледаше и како десен бек, дечкото си побара трансфер, си доби и тоа е тоа. Не може со сила да му речеш, мали седи ти резерва ќе бидеш. Кој ти е овој потег.
Истото важи и за Јоветиќ, едноставно постојат играчи кои не се за на клупа. Голема плата, сигурно и бонусите му биле големи, скап играч е Јојо за да дреме на клупа а реално у прва постава нема место покрај Марио и Икарди.

За Кондогбија се изјаснив уште кога црниот не дојде на тренинг за да исфорсира трансфер у Валенсија, све е кажано со тој потег.

Ансалди??????????????? АНСАЛДИ?!!!!!!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!!? Па зарем постои толку лош играч за да го замени овој помаранџестиов со макарони на глава? Не ми се верува дека дојде ред да се критикува управата зашто го продала Ансалди за 2 мил и не донела негова замена. Единствен играч да е у тимов би го избркал без око да ми трепне.

Потегот со Габриел Барбоса и мене не ми е јасен, сеуште не ми е јасно зашто го донесоа, зашто не го играа и зашто го дадоа на позајмица и покрај тоа што има 0 играчи за ротација.

Интересен лик си ми, не би сакал да те избришам ама ајде нека ти биде. Барај ме таму негде у мај, може ќе се смилувам па ќе ти побарам едно пиво место акаунтот. (y)

На прсти се бројат низ светот фанови кои мислат дека управата на Интер направила добра работа на овој преоден рок, а ти и стефан сте едни од нив, замислете која привилегија ја имате.

Еве најново инфо е дека Миранда заработил повреда на главата со Бразил и во еден момент не памтел ни резултат колку е, па утре се враќа во Италија, ќе видиме колку ќе отсуствува. Мртвиот Ранко ќе ни игра прва постава, ако е нешто посериозно.

Работава е дека повеќето ние фановите мислиме и врегламе дека Нагатомо, Даброзио не заслужуват да играт во Интер, и дека ни требат добри замени или добар втор состав за да имаме добра сезона, неможе и ќе биде невозможно да одиграме барем до Јануари без добри замени, некој ќе се повреди друг ќе јаде бан заради картони, и ете ти лоши резултати. Слаба клупа ќе те ебе на долга патека, тоа се докажало во минатото.

И немојте да ја браните управата бидејќи одиграа аматерски, и повеќе го гледам ова како неспособност нивна, а не дека немаа пари и можност да пазарат играчи.

Овој преоден рок не сме потрошиле повеќе од 30М, а тоа е срамота за клуб кој таргетира ЛШ.

Овие кинезиве и мене не ми дават надеж дека ќе направат нешто големо со клубот, на крајот пак ќе го продават клубот пошто зашто, и пак одново иста приказна.

ПСЖ потрошија 400м, и не ебават ни ФФП ни ништо, а ние веќе 7 години се мафтаме со факинг ффп, и тапкаме во место, да ти ебам и клубот и управата и се.
 
Не може да биде успешен трансфер период кога Паулињо и Дембеле не им се примарни цели и на крајот од денот, не си ги добија играчите што ги бараа, нит па се задоволни од тоа што го имаат. Да беа задоволни и да ги добија сите играчи ќе беше друг муабет. Па тоа ти зборам бе Џони, успешен трансфер период не значи и успешна сезона. Они си ги купија играчите што мислеа дека им требаат, си ги добија сите играчи у тим а тоа што играчите немаа успешни сезони е друга работа.

Ако ги донесевте Верати, Наинголан, Ди Марија и Бернадески ќе имавте успешен трансфер период, сите што ги сакате си ги донесовте. Сега, ако си тие фудбалери завршите трето место трансфер периодот не е веднаш неуспешен, туку сезоната е неуспешна пошто играчите не се погодиле, односно скаутингот бил погрешен (или пукнало нешто друго у меѓу време).

Да да и да,успешен трансфер период значи и УСПЕШНА СЕЗОНА..значи пак ќе повторам,резултатите се оние кои се паметат на крајот,за мене лично е успешен трансфер периодот бидејќи добивме апгрејд на бековските позиции каде плачиме со години,добивме апгрејд во средниот ред и ги продадовме резервите во нападот што значи Икарди е оставен сам на милост и немилост..додека одбраната и средниот ред ги средија..и плус играме на еден фронт во Сериа А што е огромна предност..

Тоа дека Наинголан,Ди Мариа и Бернанески биле цели се чисти глупости од медиумите,Интер не испрати никаква официјална понуда до овие играчи а единствено каде загриза беше Видал што е невозможна мисија да се купи моментално...значи резултатите се битни и тие ако кореспондираат со УСПЕХ кон крајот на годината и обезбедено место во ЛШ тогаш сите тука ќе ги прават кинезите и Спалети богој за одличните играчи што помогнаа во врска со тоа ...и во 2009 летото одлично се сеќавам како се пишеше за Мота и Милито демек анонимци,избркани играчи,никој и ништо не биле па на крајот со самите игри и резултати не демантираа,така ако случајно Паулињо и Дембеле испаднат нинџи и помогнат Барселона да ја освои титулата тогаш овај трансфер период ќе се рачуна успешен за нив.

За да се рачуна успешен трансфер пазарот треба истите играчи што се купени да изиграат одлично односно да бидат корисни за екипата и да му помогнат за да ги достигне првичните цели на клубот (титула,ЛШ,ЛЕ,опстанок),доколку клубот смета дека нема потреба од засилувања на одредени места во екипата односно дека имаат доволен квалитет а на крајот на сезоната ги достигне посакуваните резултати(титула,ЛШ,ЛЕ,опстанок) и без да купи НИТУ ЕДЕН играчи тогаш и тој може да се рачуна за успешен трансфер период.

Но доколку резултатите не се во прилог во сезоната која доаѓа и не се достигнат првичните цели без разлика дали играчите што се донесени или дали немаат никој купено тогаш трансфер периодот е неуспешен и лош и треба да се бара одговорност.. поедноставно и попросто искрено не знам како да објаснам.

@Aleksandar91

И за тебе ова важи посебно болдираниот дел.[DOUBLEPOST=1504301572][/DOUBLEPOST]
Па не знам кој од фановите на Јунајтед се жалел на ланските трансфери.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk

Ама кој памти дека бил или не бил успешен трансфер период кога завршија на катастрофалното 6-то место..ајде титулата во ЛЕ ја ублажи малце работата па да можат да играат во ЛШ иначе имаа катастрофална сезона со тоа и лош трансфер период односно нивната управа не ги покри дупките на екипата со соодветни играчи...за оваа сезона ќе видиме.
 
Се премислив брат,нејќам да се кладиме.
Имаш пиво или што и да пиеш ако се сретнеме негде [emoji4]

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
Млеко пие он со Несквик. :icon_lol:
 
Сите памтат. Јунајтед имаше успешен трансфер период лани. Тоа што завршија 6ти имаат улога повеќе фактори ама тоа воопшто не значи дека имале неуспешен трансфер период.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Сите памтат. Јунајтед имаше успешен трансфер период лани. Тоа што завршија 6ти имаат улога повеќе фактори ама тоа воопшто не значи дека имале неуспешен трансфер период.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk

Имале неуспешен трансфер период бидејќи се наслонија на Валенсија и Шо/Дармиан како бекој па некупија ништо за тој дел,имаа неуспешен трансфер период што на средина ги оставија Ерера,стариот Керик и Феалини и со доведувањето на Погба очекуваа веднаш резултати што се покажа со доведувањето на Матич дека тука згрешија,имаа лош трансфер период бидејќи го оставија Руни како лево сметало и не купија соодветни играчи во нападот туку се наслонија на пензионерот Ибра и детиштето Рашфорд..всушност самите резултати каде имаа многу нерешни дома покажаа дека трансфер периодот е неуспешен бидејќи очекуваа повеќе од тие играчи што ги имаа а не успеаа....резултатите и трансфер периодот одат едно со друго.

Неможам сега јас да тврдам дека лани за Интер беше успешен трансфер период како што мислевме 98% од фановите на Интер кога ги зедовме Кандрева,Банега,Марио и Барбоса кога на крајот завршивме 8-смо место во Сериа А..колку и да играа добро или лошо пак на крајот ќе се памети дека Интер во таа сезона 2016/2017 заврши на 8смата позиција што по автоматизам имаа лош трансфер период бидејќи не се засилија доволно за да ги достигнат нивните цели..така е и за Јунајтед..неможат фановите на Јунајтед да тврдат дека имале успешно трансфер лето во 2016 а завршија на 6-тата позиција истата сезона..значи дека имаа погрешни односно нереални очекувања од нивните играчи и ростерот бил недоволно квалитетен знаејќи дека ќе имаат тежок распоред и многу натпревари.
 
Вие како зборите како играчите на другите екипи да не се повредуваат и да не заработуваат суспензии. Па главното засилување на Наполи лани, Милик, се повреди на старт на сезона и не им беше на располагање цела година.

Значи нема везе тоа, долга е сезоната знам но и конкурентите страдаат од истите проблеми и освен Јувентус ама буквално никој друг не се одвојува со квалитетот на резервниот состав. Сигурен сум дека ќе бидеме ОК со она што го имаме. За еднаш на плава месечина може да се попуни место и со некој младинец. Битно стартните 11 ни се коска за топ финиш.
 
Брат, трансфер периодот може да биде успешен а да имате неуспешна сезона и обратно, да имате неуспешен трансфер период а успешна сезона. Едното со другото е поврзано, да ама не можеш поради едното да го оценуваш дрогото.
Ти многу конкретизираш и си буквалист... Џони е во право, како може да ти е успешен трансфер период ако истите таргети што се остварени и ради нив го сметаш трансфер периодот успешен подвалат а на сметка на тоа нема резултати и сезоната отишла у курац, м?? Тогаш ќе те биде срам да кажеш трансфер периодот бил успешен бе, мора некаде да не си пресметал како што треба, фактички трансфер периодот не бил успешен пошо се што си купил испаднало тиња.. кога Рома летото ги продаде Маркињос, Ламела и Освалдо, а ги донесе Љајич, Бенатија некој си од Удинезе, Стротман и Жервињо сите викавме лош трансфер период, а сите играчи се погодија имавме солидна сезона за да на крај кажеме, трансфер периодот беше супер. А спротивно од тоа кога не продадовме ништо наредното лето а се засиливме со 30 милионсккиот Итурбе сите викаа успешен трансфер период, идеме на скудето, за да на крај едвај фатиме воз за квалификации за ЛШ, и како да останеме со истото мислење од почетокот дека трансфер периодот бил добар, кога испадна лош?
значи многу едноставно, за да го добиеш одговорот дали трансфер периодот ти бил успешен ќе заклучиш по резултатите и успесите во текот на сезоната и како ќе се погодат новите играчи:toe:
 
Вие како зборите како играчите на другите екипи да не се повредуваат и да не заработуваат суспензии. Па главното засилување на Наполи лани, Милик, се повреди на старт на сезона и не им беше на располагање цела година.

Значи нема везе тоа, долга е сезоната знам но и конкурентите страдаат од истите проблеми и освен Јувентус ама буквално никој друг не се одвојува со квалитетот на резервниот состав. Сигурен сум дека ќе бидеме ОК со она што го имаме. За еднаш на плава месечина може да се попуни место и со некој младинец. Битно стартните 11 ни се коска за топ финиш.

Доволно е да ги наредиме 7 победи со ред(само да не наместат) до дербито со Милан и ќе видиш како сите ќе велат дека е успешен трансфер периодот...а со оглед на противниците срамота е да не ги победат..Спал,Кротоне,Болоња,Џенова,Беневенто..кој кур се овие бе по 4-5 парчиња сите треба да јадат со оглед на квалитетот кој го имаме..не дека ние сме Реал Мадрид ама овие се сите кој од кој пропаднати екипи
 
Имале неуспешен трансфер период бидејќи се наслонија на Валенсија и Шо/Дармиан како бекој па некупија ништо за тој дел,имаа неуспешен трансфер период што на средина ги оставија Ерера,стариот Керик и Феалини и со доведувањето на Погба очекуваа веднаш резултати што се покажа со доведувањето на Матич дека тука згрешија,имаа лош трансфер период бидејќи го оставија Руни како лево сметало и не купија соодветни играчи во нападот туку се наслонија на пензионерот Ибра и детиштето Рашфорд..всушност самите резултати каде имаа многу нерешни дома покажаа дека трансфер периодот е неуспешен бидејќи очекуваа повеќе од тие играчи што ги имаа а не успеаа....резултатите и трансфер периодот одат едно со друго.

Неможам сега јас да тврдам дека лани за Интер беше успешен трансфер период како што мислевме 98% од фановите на Интер кога ги зедовме Кандрева,Банега,Марио и Барбоса кога на крајот завршивме 8-смо место во Сериа А..колку и да играа добро или лошо пак на крајот ќе се памети дека Интер во таа сезона 2016/2017 заврши на 8смата позиција што по автоматизам имаа лош трансфер период бидејќи не се засилија доволно за да ги достигнат нивните цели..така е и за Јунајтед..неможат фановите на Јунајтед да тврдат дека имале успешно трансфер лето во 2016 а завршија на 6-тата позиција истата сезона..значи дека имаа погрешни односно нереални очекувања од нивните играчи и ростерот бил недоволно квалитетен знаејќи дека ќе имаат тежок распоред и многу натпревари.
Си збориш на памет сеа. Валенсија беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед лани и воопшто еден од најдобрите бекови во ПЛ. Не битно неуспешен трансфер период ќе ти е кога играчите што се нови донесени нема да се снајдат во тимот. Може новите играчи одлично да се снајдат ама старите играчи да потфрлат во тимот. И што се сеа криви новите дојдени играчи што другиве не играле ко што треба? Успешна сезона не ти зависи строго од добар трансфер период. Повеќе фактори се во игра. Toчно е дека е поврзано доста ама не е секогаш ако имаш успешна сезона значи си имал и успешен трансфер период и обратно. Убаво пиша Тегла што се криви Наполи лани што Милик главно засилување во напад им се повреди на цела сезона? Значи сеа и они треба си го прогласат за несупешен трансфер периодот? Никој не рече дека резултатите и трансфер периодот не иде едно со друго ама има и исклучоци.
 
Добро донекаде почнавме да ги доближуваме ставовите,јасно е дека има исклучоци како повредата на Милик но на крајот Наполи си ја исполни зацртаната цел со 1/8 финале во ЛШ и заврши на место кое води во квалификациите на ЛШ што резултатски завршија добро и со тоа трансфер периодот за нив беше добар бидејќи и покрај тоа што го загубија Игуаин сепак на теренот воопшто не недостасуваше и имаа солидни резултати..ама факт е дека ако имаш лоши резултати како Јунајтед лани смешно е да тврдиш дека имале успешен трансфер период ...како прво да одиш во нивниот фан клуб и да му ги читаш мислењата за нивните фудбалери во екот на ланската сезона ќе видиш и самите што мислење имаа тогаш за Погба,Ибра и за цел тим кога на домашен терен неможеа да победат никој.

За Валенсија не реков дека е слаб играч туку клубот не смееше да дозволи екипата да остани само со еден десен бек на 4 фронта..тоа беше преголем напор за 31 годишен играч каде на одредени натпревари се осети пад во неговата игра ,тоа ми беше поентата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom