Фан Клуб: Интер

^ Атлетико Мадрид е заинтересиран за Вивиано. Јас сум за Агуеро :)
 
Не ни треба ни Вучиниќ,ни Агуеро,јас сум за Вивијано да остане во Интер.

Нападот ни е топ,Агуеро ако дојде,ќе си бара загарантиран првотимски статус,а Мирко не е тоа што беше порано,бетер е,затоа Вивијано да остане во Интер,па и Цезар нека се седне малку на клупа или да се продаде,екстра замена има Интер за него.
Парите од Цезар и Мајкон да се искористат за носење на Банега и Санчез на пример и на коњ сме за следна сезона.
 
http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=50847

Сме доставиле изгледа официјална понуда за Рики Алварез...добар е играчот од клипови
ама неможе толку да се процени според тоа...ама знам дека Рома,Арсенал и уше некој беа заинтересирани за него!
Може ова е младиот играч што го најави Морати пред некоја недела останува да видиме !:)
 
^ Атлетико Мадрид е заинтересиран за Вивиано. Јас сум за Агуеро :)

Било кој од овие двајца (Вучинич или Агуеро) да дојде, ќе биде одлично засилување во нападот....
 
Што промашуваше Вучинич последните утакмици ме фака некоја страф за да се зема,како да ми беше паднат од форма некако,добро ете може и нема мотив за Рома да игра више па затоа е и така.Зашто на Морати не му текне некако за Кавани,топ играч одлично би ни дошол како крило,има и други варијанти ете Насри,па и Агуеро 3 кила крв давам за да дојде во Интер,фантастичен играч,такоџе и Лавеци е добар... само треба Морати да го одврзе кесето и да не израдува барем со еден од наведениве :)
 
Вакви играчи како Вучинич Бориело нивото на Интер останува исто иако Вучинич не е толку лош.
Но Агуеро е класа ни фали таков играч брз со дриблинг.
Но оваа сезона не сум слушнал шпекулација за во Интер минатите сезони беше поврзуван оваа не,
Јуве биле блиску до негов потипис.
 
Не ми е јасно што би барал Агуеро у моментов во екипа која не игра во ЛШ, он ако оди некаде ќе биде во тим кој атакува на титула во ЛШ односно би направил чекор напред во кариерата ...
Барса е последна која влезе во трката за Агуеро бидејќи наводно Санчез ќе оди во Сити кои се подготвени да одговорат позитивно на барањата на Поцо.

На времето Агуеро беше еден од оние Морати-тип на играчи односно играч кој е лично негова желба, али веќе повеќе од година дена он го нема споменато иако до пред 2 години Интер според медиумите беше 100% неговата следна дестинација а тоа се подгреа и периодот кога Марадона беше поврзуван дека ќе работи во Интер ко скаут.

Иначе се согласувам со Мите, Агуеро би бил полн погодок.

п.с. Вучинич е одличен фудбалер али не го можам зашто увек бил гомно на терен против Интер, гомно ала Тоти, Мексес, башка во Октомври ќе полни 28, а у моментов сметам дека треба да се атакува на играчи кои се измеѓу 19 -25 години, нормално, алудирам на играчи кои се кадарни да се носат со тежината на овој дрес.
 
Јас повеќе би рекол дека Агуеро беше тип на играч за кој Морати би дал пари, али повеќе не дава пари ниту за тип на играчи како Паласио, и него сака да го трампа :)

Санчез за 43 милиони во Шити, последна информација...
 
Тоа е тоа,како беше она парите го вртат светот(поготово во денешно време) ке си останеме на Паласио,Поли,Кастињос,некој си Алварез,барем Монтоливо нека го земе,барем една моја желба да ми сиполни :)
 
Паолило најверојатно алудирал на Алварез кога спомна дека ќе дојде нов млад играч во Интер, инаку доброто е што има италијански пасош ( имал италијанско потекло ).
Што е до мене, имаат палец нагоре за играчов.
Сега за сега дојдоа Алборно ( некој нешто подетално да каже за него ако може ), Кастаињос и најверојатно Џонатан.
Инаку Морати изјави дека Маикон останува и Џонатан не е земен за да го пополни неговото место во тимот туку овој играч можел да игра и ко десно крило.
 
Паолило најверојатно алудирал на Алварез кога спомна дека ќе дојде нов млад играч во Интер, инаку доброто е што има италијански пасош ( имал италијанско потекло ).
Што е до мене, имаат палец нагоре за играчов.
Сега за сега дојдоа Алборно ( некој нешто подетално да каже за него ако може ), Кастаињос и најверојатно Џонатан.
Инаку Морати изјави дека Маикон останува и Џондатан не е земен за да го пополни неговото место во тимот туку овој играч можел да игра и ко десно крило.
Кастаињон и Џонатан. Ме радуваат овие два трансфера... оптимист сум посебно за Џонатан, така беше кога го купија Маикон, комплетен анонимец а за 3-4 утакмици покажа што вреди...
 
За Кастаињос не верувам дека ќе има многу можност да се истакне и јас лично сум скептик во врска со него ...
Алборно реков и погоре, не знам за каков играч станува збор па некој нека каже збор два ако разбрал нешто низ нетов.
За Џонатан имам слично мислење ко твоето, плус и Морати кажа дека потребно е во тимот да има повеќе играчи бидејќи сезоната е долга па добро би било да се ротираат одредени поединци и да бидат посвежи и нормално, заштитени од повреди, а бековските позиции се и те како ранливи.

Али покрај оваа тројка, сметам дека потребна е уште една тројка на играчи, почнувајќи од Алварез кој Венгер на пример го сака ко замена за Фабрегас а он обично не греши во врска со ваквите фудбалери. Евентуално Монтоливо да дојде плус уште една универзала од напад која нема да биде Паласио туку некој помлад фудбалер и пуна капа.

Во една ваква ситуација Мота и Мунтари би требало да летнат од екипата а средината да биде составена од следниве фудбалери, Камбијасо, Марига, Оби, Алварез, Монтоливо, Алборно, Станоковиќ, Занети плус Снајдер и Коутињо.
 
Вивиано по грешка во Интер
A506D24E0483BB43A48B69C7EDE40078.jpg
Репрезентативниот чувар на мрежата Емилијано Вивиано стана нов член на Интер и тоа благодарение на грешка на директорот на Болоња Стефано Педрели
Имено, голманот е во ко-сопственост на Интер и Болоња, а на аукцијата "црвено-сините" испратија повисока понуда од онаа на Интер, меѓутоа неправилно пополнет формулар од страна на Педрели му овозможи на младиот голман да се пресели на Џузепе Меаца. Место во формуларот да ја напише понудената вредност на неговиот тим (4,71 милиони евра), Педрели не сакајќи ја преполовил таа сума уште еднаш па понудата на Болоња завршила со 2,355 милиони евра. Се разбира победила подобрата, а тоа е Интер, која изнесува 4,2 милиони.
Претседателот на Болоња Албано Гуаралди беше бесен на овој "кикс" и се закани дека ќе летаат "глави".
"Се лизнавме на 'корупка од банана'. Од еуфорија овој трансфер се претвори во разочарување. Испративме телеграма до Серија А објаснувајќи ги причините за оваа ненамерна грешка, направена од лице кое досега потполнувал илјадници вакви формулари. Чекаме нивен одговор. Не знам што се случи но некој мора да ја преземе одговорноста", изјави Гуаралди.

извор:Македонски Спорт
 
Стара вест е ова, од пред неколку денови
 
Паолило најверојатно алудирал на Алварез кога спомна дека ќе дојде нов млад играч во Интер, инаку доброто е што има италијански пасош ( имал италијанско потекло ).
Што е до мене, имаат палец нагоре за играчов.
Сега за сега дојдоа Алборно ( некој нешто подетално да каже за него ако може ), Кастаињос и најверојатно Џонатан.
Инаку Морати изјави дека Маикон останува и Џонатан не е земен за да го пополни неговото место во тимот туку овој играч можел да игра и ко десно крило.

од тоа што го читам, венгер е многу заинтересиран за алварез и го планира за директна замена за фабрегас, што значи дека интер би добил добро засилување во тимот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom