Искрено импресивна партија. Се гледа разлика во менталитетот, очегледно стегање на каишот и од управата и од тренерот прави разлика во професионалноста на играчите.
Сенси и Брозович прописно растурија. Барела беше добар, додека беше на терен.
Лукаку и Мартинез исто одлични. Лукаку е прав bully, се одбиваат играчи од него.

Одбраната беше малку нестабилна, сигурно ради персоналот кој е достапен. Откако ќе се вратат Годин и Де Вриј, очекувам да биде најсилниот дел од тимот.
Сега треба да се заврши работата на трансфер пазарот и да се цели на борба за титула, што претпоставувам е насоката на менаџментот за следните години, имајќи во предвид какви потези се повлекоа. Санчез се надевам дека ќе дојде, тип на играч што фали во нападот. И нормално, уште еден везњак, кој константно го верглам.
Иначе, Ванда пак успеа да го накурчи цек клуб. Вчера изјавила дека некој во менаџментот (инсинуираше на Жанг претседателот) му рекол на Икарди да одбива понуди и да остане во Интер

. Нормално, Марота мораше да го демантира тоа и по стоти пат да повтори дека ставот на цел клуб е дека Икарди е аут од плановите. Очигледно новата стратегија на овој генијален пар е да тера инает на клубот по секоја цена, како тинејџери. Чудно како таа љубов што ја чуствува за Интер, не го натера да игра лани во најтешкиот дел од сезоната место да глуми принцеза. Не знам што да очекувам веќе од типот, ни трошка разум нема во тоа што го прави, како да има ментален капацитет на 5 годишно дете. Можеби и Интер треба по иста патека да тера, и да го стави во стартна постава, да видиме кој ќе испадне поголема будала. Можеби тогаш, рандом, ќе си одлучи да си отиде, кој да знае.