Фан Клуб: Интер

Syn

Дај една утакмица во изминативе две и пол сезони кога Снајдер изиграл барем во просек од она што беше во триплете сезоната? Од тие 20-тина што ги изигра овие две и пол сезони (зошто на останатите 60 и нешто утакмици беше повреден нали).

Колку и да го сакаме Снајдер у тимот (и јас го сакам оној од 2010), потегов на управава за негово продавање е исправен. Она што не е исправно е мобингот, бидејќи со негово играње можеби би се извлекле повеќе пари, но од друга страна па ќе се наруши балансот во тимот. Каква цел би имале да игра месец дена (под услов да не се повреди тек утре), да се „уигра“ (ако може тоа да се направи) со останатите и после во Јануари да биде продаден? Негово одење има и добри и лоши ствари, но повеќе добри, бар според мене.

Така да, негово продавање воопшто не ме загрижува бидејќи видовме дека без него можеме и подобро отколку што предвидувавме, а како што гледаме, немаме ѕвезди во тимот што е и одлична работа според мене.
Фудбалот е тимска игра, 11 играчи се на теренот, не 1, тоа е едно, и плус, тоа е само 50% од тимот, останатите 50 паѓаат на тренетот и неговите соработници.
Значи после триплете сезоната Интер ко тим во целост игра 5 скалила под нивото од таа сезона, причината веќе позната, прво, тренерот, второ, Бранка & co.

Кога Интер би имал тренер со шампионски карактер, способен да го црпи максимумот од тимот, нешто што не беше случај после Мур, муабетот ќе е друг, за Страма веќе се имам изјаснето дека од една страна сеуште е енигма од друга дечкото е практикант.

Факт, Интер повеќе од декада немаше профил на играч ко Снајдер, факт е дека во моментов он е единствен ваков профил на фудбалер во екипава достоен за да биде првотимец, Коутињо и Алварез се светлосни години далеку од неговиот квалитет, дури и Снајдер онаков, лош, пак е подобар од двајцава во пакет, уште еден факт, нема шанса да биде доведен играч кој е на нивото на Снајдер или подобар од него. Затоа сум категорично против тоа да биде продаден, едноставно не смее да се случи тоа зашто Интер дефакто ќе биде послаб.

Еве Маикон беше тргнат од тимов кој исто као демек не бил тоа тоа, виде и сам како е покриено неговото отсуство, така ќе биде и со Снајдер а може и полошо, ќе го земат Паулињо кој не е таков профил на играч а ќе кажат тука се Алварез и Коутињо. Кога сме кај Алварез, се поврзува со Порто, би било добро да се искористи он ко мамец за некој квалитетен играч од таму ко Родригез или оној Фернандо или како и да се викаше, бразилецот, во средина што игра.
--- надополнето: 2 декември 2012 во 22:39 ---
Си ја видел Победа Прилеп во скоро време?
Ќути... :)

Алал да му е на дечкото што си го збрца ладно, 3 дена гол немаше да дадеме, иста слика како со Парма. И за среќа следната утакмица е дерби па ваљда ќе се разбудиме.
Леле истото и татко ми го вика дома, 3 дена да играа гол немаше да дадат али ја па убеден по замениве на Страма дека ќе го збрцаат, со тројца во средината ќе беше наметнат потребниот пристап за гол, башка и Гасперсон бајаги ја утна денес, без муда изигра што беше плус само за Интер, не напна ко Каљари што напнаа, укапираа момците дека средината ко да ја нема во Интер и удрија на пресинг и континуирани напади се до нивниот втор гол.
 
Некој како Џејмс Родригез :pipi:

у пакет со мусачо и нека дојде кој сака е наша порака ...... нананананананнанананннананананнннааааааааа
 
у пакет со мусачо и нека дојде кој сака е наша порака ...... нананананананнанананннананананнннааааааааа

Не бе,штом го имаме Хуан кој генерално гледано е во страшна форма,не ни треба тој...нананананааааааа
 
Лотито денес кажа дека Дијаките наводно веќе е договорен со Интер, инаку типот има уште пола година до истек на договор што значи од Јануари може да се преговара со него па да дојде за нула евра наредно лето, али проблемот е сличен ко и со Пандев па затоа Лотито се буни, демек Интер сега преговарале со него а во моментов мора дозвола за тоа клубот да даде, што нема да биде случај од Јануари. Не верувам ова да е случај, и со Пандев вака се бунеше но како и да е дури и да е ова точно, типот ќе дојде тек наредно лето за без пари, а ко таков е и повеќе од добредојден, за Силвестре е Самуел.
 
Е тогаш и дефинитивно ќе го имаме најгрдиот фудбалер на планетата во нашиот тим.
Шала на страна одлично засилување ќе биде црњата за одбраната, доста е силен и стабилен, и јак во скок играта, односно се што треба за еден дефанзивец.
Thumbs up имаат од мене Бранка и компанија доколку го направат трансферов.
 
Во 11 почна состанокот помеѓу Снајдер и неговиот агент со челниците на Интер (без Морати)...
Наводно ќе му се кажеле на Снајдер понудите испратени до него а тоа биле Фенербахче, Анжи и ЛА Галакси...
Поарно ќе е да се договорат да му намалат плата место 1.5 по сезона нека биде 1милион и сите да се задоволни...
Подобро ќе биде за него да остане овде него ли да оди во овие клубови...
Не верувам дека Јоланте би заминала со него во Махачкалатралала или во Турција....
Али тука е и факторот дека можеби се чувствува и повреден од страна на Интер и дека се осеќа непосакуван,
а да се осеќаш непосакуван во Интер каде што има играчи како ДА НЕ ГИ НАБРОЈУВАМ КОИ не е мала работа...
Така да да почекаме и да видиме што ќе бидне од состаноков...
 
Бранка statisfied од разговорот...
Е сеа дали е задоволен дека Снајдер ќе остане или дека како поклон агентот на Снајдер му дал шешир ќе видиме покасно :LOL:
 
Мене Снајдер никогаш не ми бил омилен играч дури и првата сезона не блесна беше во сенка на Милито,Ето,Мајкон не знам како може да плаче да остане во Реал кај што земаше 2 милиони и имаше далеку подобра статистика на голови и асистенции отколку во Интер.
Во Интер Морати одма го разгали 4 милиони па му ја зголеми платата 6 милиони значи сега ги кошта 12 милиони со даноци по сезона.
Па многу е во Реал каде што молеше да остане можеше да игра за 2 во Интер не сака сега да игра за 4 милиони бре мајката па Хамшик е пет пати подобар од него а игра за 2 милиони.
Ако најде подобар тим слободно да си оди.
Само нема веќе за него тим што ќе даде 30 милиони максимум 15 да му земат.
 
Да да Феномено, слободно нека си оди, и Маикон исто слободно требаше да си оди, па го тутнаа Переира во тимов кој беше платен 10м евра, повеќе од Маикон на времето кога беше донесен од Монако.

Коутињо и Алварез ли ќе играат кога Снајди ќе си оди ? :pos:
Да не коментирам повеќе на оваа тема ... мада млади се, ги чекавме година две да покажат нешто со кое би заслужиле место у прв тим, па може уште 5 години да ги почекаме, типично за овој нов Интер, топло ладно толо ладно толо ладно.

Снајдер е еден од условите за да тимов сезонава се бори за титула а и во иднина, овој тим треба да се надоградува со квалитет а не значително да се ослаби, ко и Ето што беше покриен со Форлан и Зарате, истото ќе ги снајде.

Нека се ишутираат Деки, Киву, нека му се намали плата на Камби или и он у пакет со нив дека се тргне од тимов, а не 28 годишен фудбалер у кој Ферги ја гледа идеалната замена за Сколс, а Сколс за Јунајтед сите знаеме што значел и сеуште значи.
 
Ако иде Снајдер - ПАСТОРЕ мора да дојде ....
као би дошол Пасторе ?
40м им е купен, зима плата скоро колку и Снајдер, а они сакаат на Снајдер плата да му намалат а ако си оди максимум 20 ке изнудат зашто се глупи, што значи за Пасторе ќе треба да доплатат и плус пак истата плата да му ја даваат ко и на Снајдер.

Значи нема теорија да дојде Пасторе у Интер по Снајдер, исто и Хамшик, па ене Ето си отиде, види кои го покрија, со Бранка шлепачот тоа е, тој му е капацитетот негов шлепачки. Као не отидов у Белград да го исплукам асално, таман ладно беше, идеален период за шлајмови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom