Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 31.096
- Поени од реакции
- 50.807
Фудбалот е тимска игра, 11 играчи се на теренот, не 1, тоа е едно, и плус, тоа е само 50% од тимот, останатите 50 паѓаат на тренетот и неговите соработници.Syn
Дај една утакмица во изминативе две и пол сезони кога Снајдер изиграл барем во просек од она што беше во триплете сезоната? Од тие 20-тина што ги изигра овие две и пол сезони (зошто на останатите 60 и нешто утакмици беше повреден нали).
Колку и да го сакаме Снајдер у тимот (и јас го сакам оној од 2010), потегов на управава за негово продавање е исправен. Она што не е исправно е мобингот, бидејќи со негово играње можеби би се извлекле повеќе пари, но од друга страна па ќе се наруши балансот во тимот. Каква цел би имале да игра месец дена (под услов да не се повреди тек утре), да се „уигра“ (ако може тоа да се направи) со останатите и после во Јануари да биде продаден? Негово одење има и добри и лоши ствари, но повеќе добри, бар според мене.
Така да, негово продавање воопшто не ме загрижува бидејќи видовме дека без него можеме и подобро отколку што предвидувавме, а како што гледаме, немаме ѕвезди во тимот што е и одлична работа според мене.
Значи после триплете сезоната Интер ко тим во целост игра 5 скалила под нивото од таа сезона, причината веќе позната, прво, тренерот, второ, Бранка & co.
Кога Интер би имал тренер со шампионски карактер, способен да го црпи максимумот од тимот, нешто што не беше случај после Мур, муабетот ќе е друг, за Страма веќе се имам изјаснето дека од една страна сеуште е енигма од друга дечкото е практикант.
Факт, Интер повеќе од декада немаше профил на играч ко Снајдер, факт е дека во моментов он е единствен ваков профил на фудбалер во екипава достоен за да биде првотимец, Коутињо и Алварез се светлосни години далеку од неговиот квалитет, дури и Снајдер онаков, лош, пак е подобар од двајцава во пакет, уште еден факт, нема шанса да биде доведен играч кој е на нивото на Снајдер или подобар од него. Затоа сум категорично против тоа да биде продаден, едноставно не смее да се случи тоа зашто Интер дефакто ќе биде послаб.
Еве Маикон беше тргнат од тимов кој исто као демек не бил тоа тоа, виде и сам како е покриено неговото отсуство, така ќе биде и со Снајдер а може и полошо, ќе го земат Паулињо кој не е таков профил на играч а ќе кажат тука се Алварез и Коутињо. Кога сме кај Алварез, се поврзува со Порто, би било добро да се искористи он ко мамец за некој квалитетен играч од таму ко Родригез или оној Фернандо или како и да се викаше, бразилецот, во средина што игра.
--- надополнето: 2 декември 2012 во 22:39 ---
Леле истото и татко ми го вика дома, 3 дена да играа гол немаше да дадат али ја па убеден по замениве на Страма дека ќе го збрцаат, со тројца во средината ќе беше наметнат потребниот пристап за гол, башка и Гасперсон бајаги ја утна денес, без муда изигра што беше плус само за Интер, не напна ко Каљари што напнаа, укапираа момците дека средината ко да ја нема во Интер и удрија на пресинг и континуирани напади се до нивниот втор гол.Си ја видел Победа Прилеп во скоро време?
Ќути...
Алал да му е на дечкото што си го збрца ладно, 3 дена гол немаше да дадеме, иста слика како со Парма. И за среќа следната утакмица е дерби па ваљда ќе се разбудиме.


