Рафа прокоментира и за автоголот на Милито и неговата слаба форма.
„Задоволен сум со Милито. Тој одигра онака како што јас побарав од него. Пандев? Го свитка коленото, ќе видиме утре колку е сериозна неговата повреда.“
Запрашан за советот од Мурињо, Шпанецот одговори: „По натпреварот, подобро е да се сконцентрираме на наредниот натпревар отколку да мислиме што кажал оној или овој.“
РАФА БЕНИТЕЗ.........
Не е точен човеков...се подобрувал...
Прво полувреме изгледаше дека ТВЕНТЕ е европски шампион, второ полувреме се „подобриле„...хехехех, смешки невидени е тренеров. Во ист стил продолжи, таму каде што застана со Ливерпул.
Како не му е срам, Мурињо му остави шампионски тим, а тој јадет буреци занего.
Ме интересира дали нешто ќе смени во изјавата после натпреварот со Палермо.
П.С Палермо оваа сезона е многу послаб од лани.
2 гола дадоа од два прекина, Интер играше цело време, дали Маикон и Пандев од десна или Ето од лева, цело време напаѓаа и играа. Во второ, јес да немеше шанси освен онаа на Кутињо и Марига, но и јас гледам подобрувања во играта. Како за споредба, споредете со Атлетико и се ќе ви биде јасно.
Многу е лесно да се плука против тренерот и да се криви него заради формата на поединци, но треба да се види вистинската слика. И лани слично вака почнавме, па не се трубеше толку за Мурињо и формата на Ето да речеме (тогаш немаше ни М од Милито т.е формата на Аргентинецот). Туку стрпливи беа сите и знаеа горе-доле дека тимот ќе се уигра и дека секој почеток е тежок. Ако сакате подетала споредба, споредете ја првата година на Мурињо и видете ги резултатите. Не се ништо подобри, а да не збориме и за тогашната игра и 4-3-3 упорната формација на Мурињо.
А кој за кого јаде буреци, па баш и да ти кажам ептен си ја утнал. Кога и да ги спомене Мурињо Интер, овој мора да го подбуцне Рафа дека работата ќе му биде лесна и лесно ќе се победува. Нека го олабави малце и Мурињо...
--- надополнето ---
Не барај, ќе треба пола youtube да ти го пастирам
И не се фатив јас сеа, баш кога спомна Бране тогаш Марига беше најдобар на теренот.
Само сакам да кажам дека играч кој што има само една позитивна работа во фудбалот автоматски не е за голем клуб.
Тогаш пола Интер не е за во Интер... Мунтари подобар ли е нешто, или Биабијани, или Матераци и Кордоба, или можеби Сантон (тапа е во одбрана), Кутињо и уште многу други...
Што му фалеше на тимов кога пред 3 и пол месеци освоија тројна титула? Фали Мота, очигледно е, но Марига е најдобрата негова замена, покрај Дејо, доколку вториот не е повреден како во случајов.