Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Моментално го глеам пресот на Хозе у Барселона и го изјави следново

sneijder sta bene e i giochera у превод Sneijder is good and will play , а друго колку што разбрав , најверојатно нема да ризикува со него да игра 90 мин , ова другово не сум сигурен , а првово така изјави .

Интервјуто иде у живо на Скај Италија


Сеа изјави дека играат сигурно Цезар , Маикон , Лусио , Самуел , Занети , Камбиасо , Снајдер , Ето , Милито
 
Моментално го глеам пресот на Хозе у Барселона и го изјави следново

sneijder sta bene e i giochera у превод Sneijder is good and will play , а друго колку што разбрав , најверојатно нема да ризикува со него да игра 90 мин , ова другово не сум сигурен , а првово така изјави .

Интервјуто иде у живо на Скај Италија


Сеа изјави дека играат сигурно Цезар , Маикон , Лусио , Самуел , Занети , Камбиасо , Снајдер , Ето , Милито

а останатите двајца се МОТА и ПАНДЕВ...
 
а останатите двајца се МОТА и ПАНДЕВ...
Па нормално дека се,кој други можат да бидат.Кога веќе почнал да го кажува составот,нека го каже цел.И онака сите знаат кој ќе играат.
 
Морам да го цитирам еден батка од форцаинтер форумот:pos2::pos2::pos2::pos2:
Antonio2810 wrote: it's definitely not offside...this line confirms it:
15moarc.jpg

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Мурињо: Финалето од ЛШ за Барса е опсесија а за Интер е сон

Стратегот на Интер, Жозе Мурињо вели дека Снајдер ќе настапи на утрешниот натпревар бидејќи тој е премногу значаен за Интер и додава дека тој сака да го оствари сонот на сите во Интер - финале од ЛШХоландскиот интернационалец заработи повреда во саботата на дуелот со Аталанта и беше под голем знак прашалник за утрешниот натпревар откако во неделата и понеделникот не тренираше и работеше само со физиотерапефтите.

Сепак Снајдер утринава го одработи тренингот на Нероаѕурите и на редовната прес-конференција, Мурињо потврди дека плејмејкерот ќе настапи против Барса.

“Снајдер е добро и ќе игра утре.” – рече Мурињо. “Ќе видиме дали ќе може да одигра цел натпревар.”

“Тој го одработи последниот тренинг, одговорот не беше позитивен но беше избалнасиран и тој сака да настапи. Има и други важни натпревари до крајот на сезоната но мора да ризикувам. Овој натпревар не е финале, ова е полу-финале.”

“Сеуште треба да одиграме 90 минути. Се завршува утре. Поваежн е од првиот натпревар но финалето е финале.”

“Формацијата? Нема да менувам многу. Ќе играат, Цесар, Маикон, Лусио, Самуел, Занети, Камбијасо, Снајдер, Ето, Милито. Паднев има проблеми? Сакате да знаете се....”

“Дали натпреварот започнува како да е 0-0? Не, резултатот е 3-1 но сеуште има да се одиграат 90 минути. Историјата говори за многу натпревари со пресврти. Изненаден сум од начинот на кој Барса се подготвуваше за овој натпревар, ова не е војна. Се наоѓаме на пола пат од двоен предизвик. Светскиот шампион е тим полн со висок квалитет.”

Меси на шест натпревари против тимовите на Мурињо нема постигнато погодок.

“Не знам дали тоа е коинциденција. Тој е фудбалер што може во секој момент да даде гол но ние нема да играме фластер на него. Ќе се браниме зонски како што играме секогаш.”

“Што очекувам утре? Да го оствариме многу важниот сон, не мојот бидејќи јас веќе ја освоив Лигата на Шампионите. Сакам да ја осовјам уште еднаш Лигата на Шампионите но поважно е тоа што оваа цела генерација никогаш не ја освоила. Тоа е сон на фановите и на сите во Интер. Јас како тренер сака да дадам допринос и да осигурам, Морати, играчите и фановите да го остварат сонот и клубот да се радува на титула во Лигата на Шампионите.”

“Пред да стигнеме до полу-финалето поминавме низ тешка група. Потоа го елиминиравме Челзи кои беше еден од фаворитите и имавме среќа што налетавме на ЦСКА Москва.”

“Сега пред нас е Европскиот шампион. Играчите велат дека продолжуваме да го бркаме сонот, но тој не е трансформиран во опсесија. Финалето за Барса е опсесија.”

“За нас финалето е сон за нив е опсесија. Чест е за нас да се стигне до финалето. Тие го остварија својот сон со победите во Парис и Рома, но сега имаат опсесија која се вика Мадрид и Сантијаго Бернабе.”

“Барселона е топ тим со многу квалитетни играчи и одличен тренер. Барса има филозофија која ја негува долго време но има и способност да се адаптира на одредена ситуација.”

“Но ние мислиме само на самите себе на нашиот начин на игра.”
 
а останатите двајца се МОТА и ПАНДЕВ...

Последниот пат кога го кажа составот предвреме едвај жива глава извлековме... :) Пандев е под знак прашање, имаше одделен тренинг и физиотерапија... Снајдер беше мамка, па сега уште дали ќе го играл целиот натпревар... два ќе игра ако треба :)
 

Браво МОТА.Изјава на место.А ПИКЕ,нека си ги лечи комплексите и нека биде задоволен што судијата лани беше слеп и не виде како игра со рака во шеснаесетникот против ЧЕЛЗИ.

П.С.Играчите на Барселона имаат кусо паметење.
 
ајде мора да му праеме друштво на баерн на бернабе
FORZAA INTER:vozbud:
 
ајде мора да му праеме друштво на баерн на бернабе
FORZAA INTER:vozbud:

Така е пријателе.Само да стигнеме до финалето утре,па ќе му покажеме на Баерн што знаеме,а знеме многу....
 
Мурињо денес на прашањето '' вие против Меси '' : ''Јас против Меси ? Ке заврши 50-0 за него без јас да имам контакт со топката''.

:tv:
 
Осеќам дека Баерн М - Интер ке играат во финале:vozbud:штета не правиме собиранка утре,глеам баварциве во ајриш биле:toe:
 
Баш сакам да играме против Баерн, да си ги одмериме силите и со нив:), али да утре баш ми е криво што не правиме собиранка, ке беше лудило во Ајриш... :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom