Марадона: Ќе бев играч на Интер доколку Морати беше претседател Аргентинската легенда, Диего Марадона имаше многу пофални зборови за претседателот на Интер, Масимо Морати како и за тренерот на Нероаѕурите, Жозе Мурињо
Поранешниот играч на Наполи денеска го посети тренинг кампот на Интер и вечерва ќе го следи куп дуелот против Џенова.
Во интервјуто за ТВ Каналот на Интер, Марадона упати пофални зборови до претседателот Морати и тренерот на Нероаѕурите, Жозе Мурињо.
“Најпрво сакам да му се заблагодарам на претседателот Масимо Морати, кој е без сомнение најдобриот претседатело со Италија.” – рече Марадона.
“Тој е фин човек кој го водеше Интер до врвот. Со сета почит до фановите на Наполи, кои секогаш ќе останат во моето срце, верувам дека со Морати на претседателското место јас ќе бев член на Интер.”
Марадона исто така го окарактеризира Жозе Мурињо како најдобар помеѓу тренерите.
“Тој е тренерот кој без сомнение би го одбрал да го води клубот доколку сум претседател.”
“Тоа беше најдоброто засилување на клубот, истто му го кажав и на Морати претходно кога има таква прилика.”
“Жозе има се, разговара со играчите, со новинарите во соблекувалната.”
“За мене тој е најдобар.”
Легендата на Аргентинскиот фудбал претходно преку италијанските медиуми им порача на своите сонародници Агуеро и Тевез да размислат за евентуална преселба на Џузепе Меаца.