Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кварезма брат сега ќе ја игра секоја утакмица од почеток во лигата.. баш се покажа со каљари. Тој Кварезма му треба на Мурињо, а не тој шо беше во првиот дел од сезоната :)

FORZA INTER!
Сите се надеваме на тој Кварезма кој му треба на Мурињо и Интер, и дека оние дваесетина милиони плус Пеле не се залудно потрошени..

Со Каљари одигра доста добро но не беше нешто посебно. Сепак се гледа подобрување и голема желба за да се докажи. Тоа е добро.
 
Кварезма беше добар со Каљари, мислам дека е време да почне да станува подобар и подобар и да ги оправда дадените пари за него.Јас мислам дека во право светло ќе се покаже тогаш кога Мурињо ќе ја најде вистинската позиција за него, во што не се сомневам.Инаку се уште владее притисокот врз Кварезма и сето тоа се одразува врз неговата игра, баш на утакмицата против Каљари два пати му избега топката од нога :)
 
ај барем вие пукнете им ја на манчестер во лига шампиони со мурињо можете тоа:wink:
 
Кварезма беше добар со Каљари, мислам дека е време да почне да станува подобар и подобар и да ги оправда дадените пари за него.Јас мислам дека во право светло ќе се покаже тогаш кога Мурињо ќе ја најде вистинската позиција за него, во што не се сомневам.Инаку се уште владее притисокот врз Кварезма и сето тоа се одразува врз неговата игра, баш на утакмицата против Каљари два пати му избега топката од нога :)
Вистинската позиција на кварезма е крило, но Интер не игра со офанзивни крила, тоа се покажа неуспешна формација..
Е сега дали Мурињо ќе му најде нова позиција во тимот и дали Кварезма ќе се снајде во неа ќе видиме.
 
Е тоа да :toe:
Незнам дали Кварезма би се снашол да игра на позиција класичен играч за врска...Тука најмногу би ни одговарало да проработи
 
Диего Марадона, кој ќе го следи во живо натпреварот помеѓу Интер и Џенова од купот на Италија, му порача на својот зет Агуеро да се пресели во редовите на Интер.

“Совет за Агуеро? Би му порачал да трча кон Интер. Не можам ни да замислам какво партнерство ќе биде тоа со Златан“ - изјавил Марадона за Il Corriere Dello Sport. Се очекува да им предложи и на Мурињо и Морати да го ангажираат Агуеро.

Повеќе на трач.ком на кој може да му се верува кога цитираат извор.

Инаку во некој весник прочитав дека Марадона истото му го порачал и на Тевез. Изгледа дека славниот фудбалер има симпатии кон Интер, во кој со години настапуваат голем број Аргентински фудбалери. Како и да е, Марадона е големо име и секако дека има огромно влијание пред се врз Агуеро, а се надеваме дека неговиот совет ќе го послуша и Морати.

ЕДИТ:

И додека го пишував ова, експресна реакција на Атлетико Мадрид од каде порачаа дека нема да го продаваат Агуеро. Ова е само доказ колку тежи мислењето на Марадона, изгледа дека веќе се во паника. Еве линк
 
Ееее... татко на девојката не е заебанција :) Зетково изглеа послушен е бајаги, па затоа од Атлетико експресно реагирале.

П.С. Дечки дај бе пишувајте почесто... нигде ве нема... Слабо некако постови во Новата Година

Позз
 
Диего е ѕвер, ако го натера Агуеро да дојде кај нас лично ќе одам да го честам нешто :), инаку после ерата на Мурињо, би сакал Марадона да биде нашиот нов тренер :smir:
 
Диего е ѕвер, ако го натера Агуеро да дојде кај нас лично ќе одам да го честам нешто :), инаку после ерата на Мурињо, би сакал Марадона да биде нашиот нов тренер :smir:
Доколку Мурињо во овие три години донесе титула во ЛШ неговата ера ке трае повеќе од она што вели неговиот договор, Ибра по двара последни гола минатата сезона со Парма доби нов мега договор, а не па Мурињо .
А ова со Агуеро е доста долго време актуелизирано, прво Морати изрази желба да го донесе во Интер уште минатата сезона, а Марадона сега само се повторува, ова веќе го имаше кажано пред некој месец, башка што требаше да биде и скаут во Интер, тоа и беше планот на Морати за Агуеро .
Еве, иако стана селектор на Аргентина повторно е во Италија и повторно во контакти со Интер и Морати што веќе и станува очигледно која е следната голема трансфер цел на Интер . :toe:
 
Син, Мурињо самиот изјави дека ќе си замине од Интер, тој не е тренер на кој можеш да сметаш дека ќе остане повеќе од 3 години.Може да остане уште едно година дена повеќе од договорот, што знам, самиот си изјави дека сака да освои титули во сите првенства, така да којзнае колку пари да му понуди Морати, тој пак ќе си оди.

Што се однесува за иден тренер, прерано е да се говори за тоа, но јас како идни тренери на Интер ги гледам Валтер Зенга и Марадона, па сега времето ќе покаже.

А за Агуеро се повеќе и повеќе се шпекулира за преселба кај нас, нешто слично како што беше со Кварезма.Кога добро ќе ги разгледаме работите, парите не се проблем, Морати вети изненадување, Агуреро е миленик на Морати, Марадона лобира за да се пресели кај нас, Интер традиционално од секогаш имал голем број на аргентинци во тимот така да јас гледам реална шанса за доведување на овој играч во нашиот табор :)
 
Еве и некоја сликичка со Марадина и Мурињо :)

112672480ne6.jpg

112673480vq2.jpg

dsc00549ly7.jpg
 
Син, Мурињо самиот изјави дека ќе си замине од Интер, тој не е тренер на кој можеш да сметаш дека ќе остане повеќе од 3 години.Може да остане уште едно година дена повеќе од договорот, што знам, самиот си изјави дека сака да освои титули во сите првенства, така да којзнае колку пари да му понуди Морати, тој пак ќе си оди.

Рано е за оваа дискусија, али запамти, не е ова тренер кој туку така го врти грбот на клубот, не е ова Порто, ова е Интер, ако Морати бара и настојува да остане, ако тоа го бараат навивачите и играчите ( знаеме колку се приврзува Мур со играчите ) тогаш му паѓаат во вода сите изјави, знаеш дека секој во Интер вели едно а мисли друго, таква аура шири овој клуб иако, условот е ЛШ а во овие 3 години таа титула стига и во Интер .

А за Агуеро пак ке повторам, веќе е очигледно ова, џабе и да видам деманти од Интер, плус Атлетико е во многу лоша форма, тешко дека ке изборат ЛШ и наредна година . :vozbud:
п.с. Болдираното е доволно
 
Марадона: Ќе бев играч на Интер доколку Морати беше претседател Аргентинската легенда, Диего Марадона имаше многу пофални зборови за претседателот на Интер, Масимо Морати како и за тренерот на Нероаѕурите, Жозе Мурињо
mourinho-maradona.jpg
Поранешниот играч на Наполи денеска го посети тренинг кампот на Интер и вечерва ќе го следи куп дуелот против Џенова.
Во интервјуто за ТВ Каналот на Интер, Марадона упати пофални зборови до претседателот Морати и тренерот на Нероаѕурите, Жозе Мурињо.
“Најпрво сакам да му се заблагодарам на претседателот Масимо Морати, кој е без сомнение најдобриот претседатело со Италија.” – рече Марадона.
“Тој е фин човек кој го водеше Интер до врвот. Со сета почит до фановите на Наполи, кои секогаш ќе останат во моето срце, верувам дека со Морати на претседателското место јас ќе бев член на Интер.”
Марадона исто така го окарактеризира Жозе Мурињо како најдобар помеѓу тренерите.
“Тој е тренерот кој без сомнение би го одбрал да го води клубот доколку сум претседател.”
“Тоа беше најдоброто засилување на клубот, истто му го кажав и на Морати претходно кога има таква прилика.”
“Жозе има се, разговара со играчите, со новинарите во соблекувалната.”
“За мене тој е најдобар.”
Легендата на Аргентинскиот фудбал претходно преку италијанските медиуми им порача на своите сонародници Агуеро и Тевез да размислат за евентуална преселба на Џузепе Меаца.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom