Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Крај на прво полувреме, 0-0, Креспо и дефинитивно заборавил да постигнува погодоци, имаше една шанса еден на еден ја упорпасти, и на крајов чист зицер на 2m од голот на Џенова а погоди само играч и топката отиде во корнер . Адри промаши пенал иако фаулот кој беше направен врз него беше надвор од шеснаесетникот, покрај истово имаше и удел во креирањето на последниот обид за Креспо ( 100% шанса ), се на се, просечно одиграно, може каде-каде подобро . Хименез е изгубен на теренот, се гледа дека долго време не играл фудбал, Мунтари премногу е остар а нема потреба од такво нешто ( незнам што му е од мечот со Сиена наваму ), башка има жолт али ловењето хиени и зебри од младоста се гледа дека оставиле белег врз неговиот карактер .

Како и да е, Џенова е заслужено со играч помалку и во вториот дел очекувам жестока офанзива против бункер - играта на Џенова, се надевам Рики ке има удел во победата.
 
Оффф... сироти тие црвен имале... Не го видов тоа јас. Затоа вака надмоќно играме ние. Ќе тепаме, не може 2 пати со црвен да не изгубат на Меаца.
 
Оффф... сироти тие црвен имале... Не го видов тоа јас. Затоа вака надмоќно играме ние. Ќе тепаме, не може 2 пати со црвен да не изгубат на Меаца.
Па со оглед дека е еден меч, овој пат сигурно ке има победник, знаејки ги Интер се е можно така да и со играч повеќе победата не им е сигурна, тоа е, бар не научиле да патиме и да се справуваме со таквите моменти :D .
Иначе во сите фан клубови ги бришам мислењата не само овде, али веќе се навикнаа да не пишуваат за време на натпреварите, бар повеќето од членовите башка и другиве модератори средуваат .

п.с. Maикон и дефинитивно стана играч кој е незаменлив во овој тим на Интер .
 
Цигарадона ви го препорачува Тевез, како партнер за Ибрахимович во нападо? Шо мислите? :toe:
 
Цигарадона ви го препорачува Тевез, како партнер за Ибрахимович во нападо? Шо мислите? :toe:
Не се замараме со шпекулација која би требала да биде реализирана летоска, нема резон, до тогаш за 360 степени знаат работите да бидат изменети а и Агуеро е приоритетот на Морати .

п.с. Информацијата за Тевез неколку страни наназад беше постирана па како што гледаш никој не и ни обрна внимание, се ке остане на муабет, шпекулација, ако замине од Јунајтед тоа ке биде или Шпанија или друг клуб од ПЛ .

пмс Конечно Адри, гол со глава по тацна сервирана од Максвел, нема потреба сега од влегување на Ибра на теренот али ете, дур го пишував постот сепак замената беше извршена, влезе на местото на Адри .
 
Епа испадна не за долго :(. Сега ќе треба уште некој гол да дадат...
Точно, колку наивен гол примија, Самуел прави уште една голема грешка на мечов но овој пат тоа беше искорестено од Џенова, им подари гол кој рака на срце беше феноменален .
Али истиот следеше по уште една упропастена шанса на Креспо, што ли се случува со него, до сега 2 гола требаше да даде .
Нека постигнуваат уште еден зашто со продолжение и да победат, губат на кондициоден план пред тешкото гостување во Бергамо .
 
Изгледа. Ама влезе Ибрахимович прееска. Да се надеваме дека ќе успее пак да не спаси...

Гледам, но штета што не може ниту еден натпревар да се одмори како што треба т.е. да не влезе во игра.

Еве ја, мада малце преферираат да се префрлаат на социјалниве групи за време на мечевите, како и да е, нема потреба од коментари за време на мечот, можете нешто на полувреме да напишете, или по крајот на мечот .

Се извинувам, само што го прочитав ова :kesa:.
 
Само последните 10 минути ги гледав и не ми се верува колку шанси видов. Без разлика што бевме играч повеќе, вака треба да се игра, да се прави притисок. Како и да е, се гледа дека ни фали гол играч, за да не ни се случува ваква доминација да не ја претвориме во победа.

Од друга страна, незнам зошто се трудиме во купов. Ако ни е приоритет ЛШ оваа година, купов може да ни направи само штета, во смисла на повреди и губење енергија. Не викам дека не е вреден, едноставно не ни е приоритет оваа година.
 
Точно, колку наивен гол примија, 1. Самуел прави уште една голема грешка на мечов но овој пат тоа беше искорестено од Џенова, им подари 2.гол кој рака на срце беше феноменален .
Али истиот следеше по уште една 3.упропастена шанса на Креспо, што ли се случува со него, до сега 2 гола требаше да даде .
Нека постигнуваат уште еден зашто со продолжение и да победат, губат на кондициоден план пред 4.тешкото гостување во Бергамо .

1. Точно!
2. У Право си!
3. ДА, да, да...
4. Коментаторот дека вика тешко гостување?! Затоа така? Поубаво звучи, или? Абе Аталанта треба да ја згазиме, ако тоа е тешко гостување, кое е лесно!? Или нема такво, според твоето гледање на работите... Не се согласувам за ова...

Почнува прво продолжение... Ибрахимович ќе даде гол.
 
1
4. Коментаторот дека вика тешко гостување?! Затоа така? Поубаво звучи, или? Абе Аталанта треба да ја згазиме, ако тоа е тешко гостување, кое е лесно!? Или нема такво, според твоето гледање на работите... Не се согласувам за ова...
Во секој случај не е лесен натпревар, сезонава и Милан и Јуве се помачија со нив, Милан победија 0-1 најмногу благодарејки на лошата реализација на Аталанта, Јуве пред да го дадат првиот гол кој беше нерегуларен имаа огромна среќа т.е. Манингер на два пати одлично реагираше . Aталанта дома има 6 победи, една нерешена и два порази за кои говорев погоре како се случија а еден период и високо котираа на табелата, сега се 10ти .

п.с. Креспо бре човече, на каков трип си .

п.п.с. Камби за 2-1, лошо одбиена топка од голманот на Џенова и рутинска реакција на Камби .

п.п.с. Да реализираше Креспо пола од шансите кои му се укажаа, сега ке беше 6-1 .

п.м.с. Ибра како на тренинг, ко од шала за 3-1, мајсторски .
 
Остај ги Милан и Јувентус. Ако сакаме титула, знаеме дека треба да ја освоиме против малите тимови, а Аталанта го сметам за еден од тие....

Морам да скратам...

Златко 3-1 :) Кажав ќе даде гол... Ѕвер е! Со памет игра... Асистенција и гол...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom