Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со само осум примени гола а ниеден од пенал што значи дека играат коректно и дисциплинирано!

Инаку главниот креатор на играта на вердер ДИЕГО нема да игра против нас поради картони!
 
Да и јас приметив дека Диего нема да игра.. Покрај толку добри дефанзивци... Кај да го ставиме Киву ?? Страшен е :vozbud:
 
Да и јас приметив дека Диего нема да игра.. Покрај толку добри дефанзивци... Кај да го ставиме Киву ?? Страшен е :vozbud:

Покрај тие дефанзивци јас незнам зашто го купија, не дека е лош, одличен дефанзивец е aли да потрошат 16 милиони евра на ваква одбрана, стварно непотребно, башка што се повредува . . . . ах Манчио .
 
Судија за натпреварот вердер-Интер ке биде Питер Винк.

Повикани за во Вторник се
Goalkeepers:12 Julio Cesar, 22 Orlandoni, 43 Stocchi.
Defenders:2 Cordoba, 6 Maxwell, 13 Maicon, 16 Burdisso, 23 Materazzi, 39 Santon.
Midfielders:4 Javier Zanetti, 5 Stankovic, 7 Luis Figo, 11 Jimenez, 19 Cambiasso, 20 Sulley Muntari, 36 Francesco Bolzoni.
Strikers:8 Ibrahimovic, 10 Adriano, 33 Mancini, 45 Balotelli, 77 Quaresma.
7 Luis Figo, не е веќе за озбилен фудбалски натпревар, колку и да е натпреварот со Вердер небитен, сепак Фиго може да игра само на ревијални натпревари.
Секоја чест за него, Фиго остави печат во фудбалската игра но неговите денови во копачки одамна се изминати.
 
Можеби Мурињо ке го игра лев бек .. ке видиме ... Добар играч е Киву .. памтам во Рома со Самуел прчки правеа ...
 
Покрај тие дефанзивци јас незнам зашто го купија, не дека е лош, одличен дефанзивец е aли да потрошат 16 милиони евра на ваква одбрана, стварно непотребно, башка што се повредува . . . . ах Манчио .

Да, моментално Самуел,Кордоба играат фантастично, но да ти напоменам дека овие двајца плус Матераци се од дедоми генерација и можат максимум две години да играат во ваква форма (што се однесува до Матераци мислам дека догодина ќе се пензионира), што значи дека ако го земеме Тиаго Силва тогаш идната одбрана, мислам на централните дефанзивци би се градела токму врз Киву и Силва.Затоа не би рекол дека залудно се потрошени парите за Киву.Киву може да игра како централен дефанзивец,како деструктивец во средина и како лев бек, што е доста од корист за тимот.
 
Можеби Мурињо ке го игра лев бек .. ке видиме ... Добар играч е Киву .. памтам во Рома со Самуел прчки правеа ...
И Максвел да не игра, не бе, комплексна е таа позиција а Киву го нема тоа што Максвел го има за истата, искуство . Киву скоро цела своја кариера играше како централен дефанзивец покрај еден повисок и по потреба играше бек, само тогаш кога стандарниот играч на таа позиција бил повреден. И Мурињо пред неколку недели изјави дека Киву е централен дефанзивец, а не бек, ем Максвел е феноменален лево, со Маикон претставуваат најдоброто бековско дуо во светот .
 
Покрај тие дефанзивци јас незнам зашто го купија, не дека е лош, одличен дефанзивец е aли да потрошат 16 милиони евра на ваква одбрана, стварно непотребно, башка што се повредува . . . . ах Манчио .
Во овој пост не се сложувам со тебе дека Киву е непотребен или пак е грешка неговото доведување во интер.
Интер моментално има 5 играчи кој играат стопери : Кордоба, Самуел, Бурдисо, Киву и Матерации.
1. Матераци е доста непредвидлив, плус има веќе 38 години
2. Бурдисо, не е играч кој би требало да ги брани боите на Интер, иако беше најавен како голем талент кога дојде во Интер.
Остануваат како најсериозни: Кордоба - Самуел - Киву
Киву како што знаеме е играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот, а често играше и како лев бек или крило.
Играчите како Киву се многу малку на светскиот фудбалски пазар.
впрочем Интер имаше голема конкуренција за Киву во Реал Мадрид кој нудеше сериозна понуда од 20 милиони евра.
 
Занети може лев бек да игра исто така!
а има ли позиција занети што неможе да ја игра?:helou:
да се дополнам за Киву!
тотално истото мислење го имам со Думан !
 
Во овој пост не се сложувам со тебе дека Киву е непотребен или пак е грешка неговото доведување во интер.
Интер моментално има 5 играчи кој играат стопери : Кордоба, Самуел, Бурдисо, Киву и Матерации.
1. Матераци е доста непредвидлив, плус има веќе 38 години
2. Бурдисо, не е играч кој би требало да ги брани боите на Интер, иако беше најавен како голем талент кога дојде во Интер.
Остануваат како најсериозни: Кордоба - Самуел - Киву
Киву како што знаеме е играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот, а често играше и како лев бек или крило.
Играчите како Киву се многу малку на светскиот фудбалски пазар.
впрочем Интер имаше голема конкуренција за Киву во Реал Мадрид кој нудеше сериозна понуда од 20 милиони евра.

Проблемот е што Киву е играч кој мора да игра во првиот тим, Кордоба е играч кој мора да игра во првиот тим, двајцата не иде зашто се ниски, Самуел исто така, кога е во топ форма мора да игра во прв тим, значи имаат тројца играчи со врвен квалитет на истите позиции, не беа приморани да потрошат 16 милиони евра за Киву, со тие пари минатата сезона можеа да ја појачаат средината на пример .
Точно дека Бурдисо и Матераци се непредвидливи, плус Ривас, ама за алтернативни играчи се супер, за играчи кои не се бунат што се седнати на клупата за резерви .
И стојам на тоа дека ситуацијата со одбраната по носењето на Киву е status quo, непроменета, и со него и без него во истата Интер игра одлично на тој дел од теренот, останува фактот дека останаа со дефицит од 16 милиони евра во буџетот за '' засилување '' во тимот кое во ваква ситуација е непотребно .

Далеку од тоа дека е лош играч, ама ако мене некој ме прашува, повеќе го преферирам Кордоба на таа позиција, не Киву, а за левата бековска позиција не правам муабет, до крај на кариера сакам Максвел да го гледам на истата .

п.с. Замислите на Манчини иначе беа Киву да игра бек, а не централен играч во одбраната, затоа и Гросо беше пуштен во Лион . Ама, Максвел се покажа како одличен бек во подготвителниот период кога дојде Киву, тоа и Манчини го примети па со Астон Вила на пријателски меч се обиде да игра со формација слична како онаа на Катанец, со тројца стопери а Маикон и Маквел крилно, али тоа се покажа суицидно, примија три гола па си се врати на класичната 4-4-2 или 4-3-1-2 .
 
Кордоба - 32 години
Матераци и Занети- 35 години
Самуел- 31
Маикон,Максвел и Бурдисо - по 27 години
Ривас - 25 години
Киву - 28 години

Не е низок Киву е 184 cm .. а Кордоба 173 cm
Самуел 183 cm ...
 
одбраната е одлична не би менувал ништо , не знам зашто постојано се шпекулира за тиаго силва
 
одбраната е одлична не би менувал ништо , не знам зашто постојано се шпекулира за тиаго силва

Зашто Киву мака мачи константо со повредите, истото важи и за Самуел кој еве и вчера се пожали на болки во левото колено, па како превенција се планира ангажирање на нов стопер, кој за година-две ке биде стандарден првотимец во тимот .
 
Киву не е повикан за во Германија... Значи или Максвел или Занети ќе играат на лев бек.

Круз ќе отсуствува до 2009 година, нешто слично како Виера. Мислам на goal.com прочитав.
 


Думан мислам знаеш Италијански ... Дај ако сакаш преведи ми го ова те молам некако ИНТЕРесно изгледа :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom