Во овој пост не се сложувам со тебе дека Киву е непотребен или пак е грешка неговото доведување во интер.
Интер моментално има 5 играчи кој играат стопери : Кордоба, Самуел, Бурдисо, Киву и Матерации.
1. Матераци е доста непредвидлив, плус има веќе 38 години
2. Бурдисо, не е играч кој би требало да ги брани боите на Интер, иако беше најавен како голем талент кога дојде во Интер.
Остануваат како најсериозни: Кордоба - Самуел - Киву
Киву како што знаеме е играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот, а често играше и како лев бек или крило.
Играчите како Киву се многу малку на светскиот фудбалски пазар.
впрочем Интер имаше голема конкуренција за Киву во Реал Мадрид кој нудеше сериозна понуда од 20 милиони евра.
Проблемот е што Киву е играч кој мора да игра во првиот тим, Кордоба е играч кој мора да игра во првиот тим, двајцата не иде зашто се ниски, Самуел исто така, кога е во топ форма мора да игра во прв тим, значи имаат тројца играчи со врвен квалитет на истите позиции, не беа приморани да потрошат 16 милиони евра за Киву, со тие пари минатата сезона можеа да ја појачаат средината на пример .
Точно дека Бурдисо и Матераци се непредвидливи, плус Ривас, ама за алтернативни играчи се супер, за играчи кои не се бунат што се седнати на клупата за резерви .
И стојам на тоа дека ситуацијата со одбраната по носењето на Киву е status quo, непроменета, и со него и без него во истата Интер игра одлично на тој дел од теренот, останува фактот дека останаа со дефицит од 16 милиони евра во буџетот за '' засилување '' во тимот кое во ваква ситуација е
непотребно .
Далеку од тоа дека е лош играч, ама ако мене некој ме прашува, повеќе го преферирам Кордоба на таа позиција, не Киву, а за левата бековска позиција не правам муабет, до крај на кариера сакам Максвел да го гледам на истата .
п.с. Замислите на Манчини иначе беа Киву да игра бек, а не централен играч во одбраната, затоа и Гросо беше пуштен во Лион . Ама, Максвел се покажа како одличен бек во подготвителниот период кога дојде Киву, тоа и Манчини го примети па со Астон Вила на пријателски меч се обиде да игра со формација слична како онаа на Катанец, со тројца стопери а Маикон и Маквел крилно, али тоа се покажа суицидно, примија три гола па си се врати на класичната 4-4-2 или 4-3-1-2 .