Крајно разочаран од играта, прво полувреме утнавме многу шанси, второ не ставија гол после гледавме да израмниме , задоволен и со еден бод , можеше да биде и полошо.
Не сум разочаран од играта, посебно во прво полувреме. Разочаран сум од тоа што немаме саглам напаѓач освен Златан. Креспо имаше мал блесок колку да се потсетиме дека едно време беше играчиште. Другите, како да не играат цела полусезона. Не сакам ни да помислам што би се случило кога во ваква ситуација би се повредил Ибра (пу, пу, скраја да е...

). Има да биде суша за голови...
Понатаму, не мислев дека Интер некогаш ќе дојде да зависи од играта на Дејан Станковиќ. Без него нема живост во средниот ред, а и Мунтари подобро функционира кога игра Дејан, од некоја неразбирлива причина. Засилувањата на кои многу им се израдувавме потфрлија во целост. Мансини и Кварезма полошо од ова нити играле, нити ќе играат.
И да не заборавам: видовте ли каков бек е Ел Капитано

. Тоа пробиви, удари на гол, центаршутеви, трчање 90 минути... на 36 години. Респект!
Можеше и полошо.
Здравје.
Точно така. Да е жив и здрав Аквафреска што утна празен гол. Иако ми се допадна кај дечково што има инстинкт за гол, првата шанса на натпреварот ладнокрвно ја збрца во гол, а и знае да се намести кај што е топката. Нормално е што направија и шанси на крајот, Мурињо уште Киву да го извадеше и без одбрана да играа.
И заборавив, не ми се допадна нервозата што ги фати на крајот. Последните 10 минути 10 непотребни фаули направија, а гостите си го искористија тоа за излежување по терен, нормално.
Се на се, заслужен бод за Каљари, не е толку страшно, можеше и полоша казна да стигне за промашувањата. На местото на Морати, брзо би го одврзал кесето за Милито, и не би се ценкал многу. Ако продолжиме со ваков напад, загубите можат да бидат далеку повисоки.