Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се израдував денес затоа што играат Интер, па си викам ќе си седнам пред телевизор, ќе се релаксирам вечерва... Ама со Интер тешко некој да се релаксира :).

Првото полувреме многу досадно, второто шанса-гол за гостите. Многу се израдував на голот на Златан, а и Креспо одлично му ја намести топката. Промашувањето на гостите на празен гол (за наша среќа :tv:) може да се прогласи за промашување на годината.
Се на се, добро е и што израмнивме, можеше и пораз да биде. Се надевам на подобра игра наредното коло.

п.с. Не подлегнувајте на провокации, најдобро воопшто да не им реплицирате. И без тоа, кога ќе дојде Syn или некој од другите модератори ќе ги средат навредливите постови.
 
Место сигурна победа, едвај 1:1.
На крај испадна и поволен резултат со оглед на шансите што ги промашија Каљари. Сепак киксов е на време, треба да се свати дека има уште многу да се игра.

Секоја чест за one and only - il capitano Хавиер Занети:cuc:
 
Не го гледав целиот натпревар, него некаде од 60 мин. Играта беше очајно неинвентивна, Каљари имаше уште 3 убави шанси, а онаа на Аквафреска пред празен гол... Сеуште мислам дека сезонава нема да има преголеми проблеми да се одбрани титулата, ама сепак ќе има вакво мачење до крајот.
 
Има позитивности во ова реми, прво, можеше и да изгубат, среќа што златен Аквафреска се сети во последен момент на неговите убави денови од младоста кои ги помина во Интер . . . :toe:
Друга позитивна страна од ова реми/кикс е што се случува во Јануари, кога трансфер пазарот е сеуште отворен и кога може да се кореиграат некои работи во тимот, во моментов 7 по можност 4 бода разлика од најблискиот конкурент сепак е задоволителна разлика во овој период, главите горе сеуште нема место за паника . :toe:

Зашто Интер денес беше лош пред Се во средината, па многу е очигледно, видете кои почнаа на централните позиции во средината. Камби, Мунтари и Киву т.е. левак, левак и левак чија природна позиција е стопер .
Во првиот дел имаа 3 сериозни прилики, најголемата шанса беше онаа на Ибра по пасот на Круз, ударот на глава на Круз и ударот на Самуел при прекин .
Во вториот дел почнаа офанзивно, Кварезма изигра одлично на левата страна, но не и на десната, ротацијата со Фиго беше непотребна, лево е далеку поопасен се виде тоа и на овој меч. Каљари за прв пат во вториот дел поминаа половина во 68ма минута, Аквафреска со втор допир на топката во мечот постигна гол во период кога Интер беа подобар противник и во период кога Ибра имаше уште една 100% шанса, и нормално истово делуваше демотивирачки за Интер .
Мур тргна на се или ништо, има муда мора да признаам, вади стопер става напаѓач, секоја чест на Каљари што во тој момент не се затворија, одеа на победа иако на крајот таа офанзивна формација се исплатеше, но 1000% шанса на Аквафреска и онаа 100% на Балдини ( мислам така се викаше бекот на Каљари ) се доказ дека Каљари иако задоволни од резултат 1 - 1 одеа и на победа, т.е. играа на оноа '' нападот е најдобра одбрана '' .

Играчи кои потфрлија :
- Mунтари, денес беше очајен, хаос, најлошата негова партија оваа сезона, може и повредата во првиот дел имаше влијание врз неговата лоша игра но за истата нема оправдание .

- Самуел, изигра добро во целиот меч, но при голот на Каљари не се одлучи за офсајд стапица, се лизна и му овозможи на Аквафреска позиција еден на еден со Цезар

- Ибра, да да, Ибра, постигна гол но промаши две круцијални шанси кои играч од негов калибар мора да ги реализира и тоа при резултат 0 - 0, голот кој го постигна беше тацна сервирана од Креспо, потешко беше да се промаши .

- Круз, типов е џокер играч, заедно со Фиго, не се ова играчи кои треба да ги започнуваат мечевите, сеуште стојам на тоа дека Кварезма и Мансини треба да се дел од тимот на тие позиции ( полушпиц и плеј со поголема слобода во играта )

Покрај нив двајца, во првиот тим покрај Маикон фалеше и Станкович, како и со Сиена така и на овој меч уочливо беше дека играта не е иста без него во тимот . :toe:

п.с.

ZANE_470.jpg


Вистински ИНТЕРИСТА, наша Л Е Г Е Н Д А !!!
 
Се дешаваат вакви работи,верувам во мурињо и ке има промени ,така да повеке не очекувам киксови со помалите тимчиња.
 
Погледав дел од утакмицата и како што кажа Syn позитивно е тоа што не загубивте. На тие шанси шо ги промаши каљари треба да бидете задоволни со тој бод.:helou:
 
Погледав дел од утакмицата и како што кажа Syn позитивно е тоа што не загубивте. На тие шанси шо ги промаши каљари треба да бидете задоволни со тој бод.:helou:

Знаеш шампион тешко се задоволува со еден бод, да си екипа од понизок ранг пак некако, ама вака не...
 
Круз и Креспо? Мурињо бе?
Нека го шмркнат Милито, еден од овие двајца чао довиџења, останатиот џокерче од клупа, со Балотели па и Обина .

п.с. Диего и те како е потребен гад демит .
 
Нека го шмркнат Милито, еден од овие двајца чао довиџења, останатиот џокерче од клупа, со Балотели па и Обина .

п.с. Диего и те како е потребен гад демит .

Аха Диего богами бајги ни треба, него остај тоа, познато појше од деценија ни е.Вечерва заклучив дека треба уште еден класа напаѓач да купиме, зашто ако го чекаме Адриано да влезе во шема сме наебале
 
На Интер им треба напаѓач кој нема да форсира игра по аут линија или да оди до центарот на теренот за да прими топка, значи стриктно во шеснаесетникот или околу него . Милито не е таков, али ке може да ја превземе улогата на Ибра а истиов нека се сконцентрира стриктно на противничкиот шеснаесетник а не да го гледам како дрибла покрај аут линија 100 пати во еден меч, едноставно, нека биде класичен шпиц, со виснината што ја има, брзината и контролата на топката, може комотно да ужива на таа позиција .
 
Ибра мислам дека најдобро би се снашол на позиција зад напаѓач, значи не класичен шпиц.Ова го велам поради тоа што Ибра има техника, дрибла, супер шут, супер контрола на топка, и висок е, има многу добар сенс за додавање така да може да му смирува/додава топки на другиот напаѓач.
Според мене најдобро решение за подолг период би биле Виља или Агуеро, и баш сакам еден од нив и точка, не ни треба да купуваме безвезе напаѓачи во зимски преоден рок, можеме да ги туркаме Адриано,Балотели,Круз...
 
Интер наш.. голем маж..

Еееее кај сте бе.. гледам овде па нешто кукате.. :smir: е па да изигравме 1-1 .. тоа за тим како Интер на домашен терен против Каљари е пораз! Али.. ќе се согласам со Мурињо.. денес освоивме бод.. а не загубивме два.. сепак.. 4 бода ке им бегаме на Јувентус.. (очекувам 100 % да ја добијат Сиена таа е нивна колонија.. ако имате пари отфазла ставете утре на сингл).. а Милан.. ооо кутар Милан наш напатен.. уште сега како да го слушам онај на Телма што навива за Милан.. вика.. Милан губи од Рома.. Интер киксна.. наместо разликата да биде 6 бода.. таа во моментов е 10.. и на крај ке се задоволат со едно нерешено.. со оглед на катастрофалната игра во одбраната.. :toe: ајде предвидувам.. не мора се да биде така.. туку да се вратам назад на Интер..
ееееееее другари.. кажа таму погоре еден.. заборавив кој додека ги читав постовите.. 4.30 сабајле е .. само што се прибрав.. игравме со среден ред кој би го нарекол.. а и така е.. одбрамбено ориентиран.. Камбиасо тоа му е работата.. нормално.. Мунтари.. трча напред.. ама подобар е кога се пушта клизачи да му ја земе на некој топката одназад.. односно кога брка некој.. Фиго.. стара баба оставена на десната страна.. а Чиву? Што па бараше Чиву таму? Не очекував и Мурињо да го стави во средината како што правеше Манчини.. подобро ке беше да игравме со Хименез од старт.. па и тоа да беше една формација со Камбиасо и Мунтари во линија, Хименез пред нив.. а Фиго сам на десната страна.. подобро ке беше..
Капак на се.. на полувреме Кордоба добил болки во грбот.. влегува Кваресма.. ооооооо си велам сега.. еве го циркузантов.. ке почни со своите финти кои ги прави со топката.. а бе МОРЕЕЕЕ АЛОООООООО
има ли некој во тоа управата и трењерите да му кажи на овај прво треба да се поведе во утакмицата па после ако сакаш топката стави си ја во г'з! А не само што не водевме.. ние губевме 0-1, а тој ми изведува тука ми ја провира топката меѓу нозете.. :kesa: незнам што му е.. можеби е педер.. па партнерот не дошол со него во Италија.. останал во Португалија.. осамен е.. оф мори мајко.. кога ке ми текне како играше во Порто.. :zver: беше...
Друго што сакав да кажам.. а да.. ми го спомнавте таму Занети.. многумина од вас.. одигра.. како да кажам.. :zver::zver: .. е другари.. да го гледаш ке си речеш.. па што ке ни е десен бек.. али.. јас ке ве прашам.. дали стварно оние од вас кои го прателе Интер откако игра Маикон мислите дека резултатот после 60 мин ке беше 0-0 со него во игра? Со неговите центаршутеви? Со неговите пробиви..?? Јас мислам дека ке водевме 2-0, а барем еден гол ке беше на негова сметка против вака мали тимови како Каљари.. тоа е другари.. Занети е ѕвер.. ама Маикон е по.. како да речам.. не сакам да речам подобар.. али стварно е далеку покорисен.. некогаш не е се во тоа да бидеш 100 % во дефанзивата кога играш бек.. некогаш ти треба страшно добар центаршут.. а тоа денес го немавме.. нажалост.. ни недостигаше феноменот од одбраната.. :toe:
Е сега уште нешто да кажам.. т.с. пишам.. спомна некој таму.. Умбра мислам беше.. си седнал братов.. си мисли Интер ке го гледа мирно.. нема да има забрзано чукање на срцето.. и оп.. ете ти го.. не залудно песната се вика Pazza Inter .. или во превод Лудиот Интер.. тоа го правел секогаш.. тоа ке продолжи да го прави.. од лесно.. да си прави потешко.. ама ке те замолам.. ај помисли само еднаш.. како ке ти биде не само тебе.. ами на сите нас.. кога тоа ке ни го направи во нок аут фазата во Лигата на Шампионите.. батали ова со Каљари и првенство бидејки бегаме 6 односно 9 бода.. па и да намали нешто Јуве наредното игра со Лацио.. Милан со Фиорентина.. повторно ке бидеме тука некаде на 5-6 бода.. али првенство е долго е.. може да се надокнади.. но онаму во онаа нок аут фаза.. леле мори мајко уште сега ме стега главава кога ке помислам дека ке остануваат уште некои мизерни 10 мин, а ке мораме да дадеме гол.. тогаш брате земи апчиња за глава... неколку кафиња напиј се.. цигари ова она.. :kafe: и седи пред ТВ .. пази да не претераш да не те мавни срцето.. :vozbud: затоа што нашиот Интер.. сеуште не сме виделе што се ни спремил оваа сезона.. :toe: толку од мене.. 5.00 ме фати.. време е за спиење.. Поздрав другари :smir:
 
Ибра мислам дека најдобро би се снашол на позиција зад напаѓач, значи не класичен шпиц.Ова го велам поради тоа што Ибра има техника, дрибла, супер шут, супер контрола на топка, и висок е, има многу добар сенс за додавање така да може да му смирува/додава топки на другиот напаѓач.
Според мене најдобро решение за подолг период би биле Виља или Агуеро, и баш сакам еден од нив и точка, не ни треба да купуваме безвезе напаѓачи во зимски преоден рок, можеме да ги туркаме Адриано,Балотели,Круз...
Не бе, ме нервира неговото пимплање, сега ке ти кажам и зашто, фаќа топка и седи во место добри 10 секунди, за тоа време цел противнички тим е назад, таков му е стилот на игра али висината која ја има и воопшто целата конституција, животно е, треба 90% од мечот да е пред противничкиот гол а не да го тапани околу шеснаесетникот, само се умртвува играта .
 
Одиравме лошо, на крај едвај извлековме бод...
Имавме и неколку гол шанси, можеше да ги однесиме и трите бода но и Каљари на неколку наврати беше опасен посебно она промаршување на Аквафреска :)

Мислам дека Мурињо научи дека Круз не е за во првиот тим. Треба уште еден добар напаѓач кој ќе соработува со Ибра.
Креспо се покажа добро па можеби ќе добие шанса на наредната утакмица уште од првата минута.

Одбраната беше солидна, и освем киксот (ако можи да се наречи кикс) на Самуел кој не чинеше и примен гол немаше други пропусти.

Максвел стандарден со неколку добри пробиви по левата страна имаше и еден добар удар на голот но тоа не беше доволно.
Занети беше достојна замена за Маикон!

Средниот ред одигра лошо. Се чуствува отсуството на Станкович, и креативноста на Мансини и Кварезма.
Фиго одигра добро но сепак Кварезма или Мансини се подобра опција.

На 13, значи вторник играме со Џенова па тоа е добра прилика да му се даде шанса на Кварезма и Мансини или како крила или на нови позиции... Мора на некој начин да се зголеми креативноста на средниот ред, не можи да се игра само со деструктивци кои не знаат да организираат акција.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom