Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
morfeo добар беше, мн добар техничар, ама го "налегнаа" повредите...исто како и Recoba, мислам дека Француз беше овој првиов. Што знам за мене беше добар играч, само немаше среќа со повредите... Абе немојте да ми кажете дека ќе го изоставите од оваа листа Cristiano Zanetti........:kesa::kesa::kesa::kesa:

Италијанец е Морфео. На времето го трампаа во Парма за Ламуши:wink:
 
morfeo добар беше, мн добар техничар, ама го "налегнаа" повредите...исто како и Recoba, мислам дека Француз беше овој првиов. Што знам за мене беше добар играч, само немаше среќа со повредите... Абе немојте да ми кажете дека ќе го изоставите од оваа листа Cristiano Zanetti........:kesa::kesa::kesa::kesa:

Може се помоше со Стафан Далмат тогашната голема надеж на францускиот фуднал кој неславно заврши. А од поновата историја незнам зошто го ангажиравме оној Мариано Гонзалез или како се викаше типот што играше една сезона мослам 2006/2007. Какво дрво беше крило играше или офанзивен играч во редот за врска. И неговит премзимењак, Кили Гонзалез, набркан од Валенсија си дојде кај нас, иако можеби не беше толку лош.

Околу новиве случувања, сме били заинтересирани за некој дефанзивец на Галатасарај. 19 годишно дете, важи за голем талент на Турскиот фудбал и договорот му истекува во мај што значи дека може да дојде без пари. Само дечкото сакал да игра а текво нешто во Интер тешко па може да одбере други клубови.
 
Уште ова ни требаше, се повредил Дејан Станкович! Па мислам дека е овој единствениот фудбалер за кој немаме замена во онаа формација што ние најдобро си ја играме 4-3-1-2 ! Не верувам дека Хименез можи достојно да го замени, тој ни е единствениот на таа позиција.. не би ме чудело да играме со Каљари 4-3-3.. време е она мајмунон Кваресма да почни да игра..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Роки во Интер, Креспо во Лацио?
Интер го нуди Креспо и плус солидна сума за напаѓачот на Лацио, Томазо Роки.
tomaso_roki.jpg

Иднината на Адриано сеуште виси во воздух, се верува дека Интер е во потрага по евентуална замена за Бразилецот. Последниот напаѓач кој се поврзува со Интер е ѕвездата на Лацио, Томазо Роки.
Томазо Роки изјави дека не размислува за заминување од Лацио, но со доаѓањето на Мауро Зарате неговото место во стартниот тим не е забетонирано.
Според Leggo, Интер можеби ќе се обиде да го донесе Роки во своите редови.
Шампионот на Италија ќе понуди 9 милиони фунти ќе го испрати Креспо за да дојде до услугите на Роки.
Навивачите на Лацио добро го паметат Креспо кој од 2000 до 2002 го носеше дресот на овој тим, постигнувајќи импресивни 52 гола на 70 натпревари.

izvor: http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=515358f7-7f3f-4c1a-b1ed-98dc72e40891&ln=3&typeBack=Последни%20Вести

Да се надеваме дека и оваа е само шпекулација, само неможам да сватам со кој очи го гледаат Роки толку добар за во Интер, па ако е за такви ги имаме на кубик, а и податокот дека за него би го трампале Креспо плус доплата од 9 милиони фунти, да читаш и да не веруваш.
 
Може се помоше со Стафан Далмат тогашната голема надеж на францускиот фуднал кој неславно заврши. А од поновата историја незнам зошто го ангажиравме оној Мариано Гонзалез или како се викаше типот што играше една сезона мослам 2006/2007. Какво дрво беше крило играше или офанзивен играч во редот за врска. И неговит премзимењак, Кили Гонзалез, набркан од Валенсија си дојде кај нас, иако можеби не беше толку лош.

Маријано Гонзалез играше како позајмен од Палермо една сезона,меѓутоа Интер не се реши да му го откупи договорот ( и не згреши). Сега мислам дека настапува за Порто.
Кили го донесе Купер затоа што му беше тренер и во Валенсија. Во најдобра форма Кили Гонзалез беше меѓу најдобрите леви крила. Во Интер и повредите го спотераа и не покажа којнае што.
А знае ли некој каде игра сега Даниеле Адани? Едно време Канаваро и Матераци беа долго време повредени, па Адани и Гамара беа бедемот пред голот на Толдо.
 
Уште ова ни требаше, се повредил Дејан Станкович! Па мислам дека е овој единствениот фудбалер за кој немаме замена во онаа формација што ние најдобро си ја играме 4-3-1-2 ! Не верувам дека Хименез можи достојно да го замени, тој ни е единствениот на таа позиција.. не би ме чудело да играме со Каљари 4-3-3.. време е она мајмунон Кваресма да почни да игра..

:pos2::pos2::pos2: Богами време е...плачевме цело лето за него...:pos2::pos2::pos2:
 
Уште ова ни требаше, се повредил Дејан Станкович! Па мислам дека е овој единствениот фудбалер за кој немаме замена во онаа формација што ние најдобро си ја играме 4-3-1-2 ! Не верувам дека Хименез можи достојно да го замени, тој ни е единствениот на таа позиција.. не би ме чудело да играме со Каљари 4-3-3.. време е она мајмунон Кваресма да почни да игра..
Mурињо се откажа од 4-3-3, имаше 10 прилики да види колку е анемична истата формација, а и самиот потврди дека тимот играл подобро кога се играло со формација 4-4-2 или 4-3-1-2 како сакате .
Неколку пати постирав, со Вердер се обиде во истиот тој систем да ги игра Мансини и Кварезма, штета што тоа беше меч во кој прв пат играа на такви позиции и меч во кој мотивот за жал беше мал, имаа обезбедено пласман за понатамошната фаза а и Вердер се бореа за опстанок на европската сцена во Купот на УЕФА .
Натпревари како оној со Сиена и овој со Каљари се одлична прилика и за двајцата да се докажат, со Сиена не ги видовме од старт, потоа влезе само Кварезма, али на овој со Каљари се надевам дека ке ја испроба таа варијанта,еден како полушпиц или втор напаѓач, другиот како плеј покрај Ибра во нападот, не за друго, голема креативност ке добие тимот, еве Милан играат со еден напаѓач али Кака и Рони кои делуваат поцентрално овозможуваат повеќе шанси во еден меч .

п.с. Се сеќавате Мансини што правеше во Рома, тука е како третокласен играч, што само се потврдува она што го збориме, дека 4-3-3 не е за Италија, и Мансини и Кварезма се угушија, далеку од тоа дека се лоши играчи .
 
Абре има интервју на Морати нити некој ке иди нити некој ке си оди.. каков Роки какви бабини деветини.. се знај налето.. ако не проработи оваа формацијава 4-3-3 со Кваресма ке се купува еден млад напаѓач, со сосема различни карактеристики од Златко.. значи да биди некој понизок, побрз.. да се бори за секоја топка.. ех колку ми недостига Мартинс сега.. :vozbud: а од оние што мислам јас пониски и побрзи.. тоа се следниве.. Меси, Агуеро, Тевез, Лавеци и Касано! Мислам дека еден од овие 5 ке игра вгодина кај нас.. Меси е доста скап, Агуеро 60 милиони, Тевез има проблем со договорот со Манчестер, а и не бил нивни како што читав, бил на лоан од некоја компанија... Лавеци би требало да го земиме за 30-40 милиони.. Касано би требало до 20 милиони.. има лош карактер.. али мислам дека Мурињо ке го среди.. :toe:
 
Од се што наброја Лионел Меси..
Играчиште, а тежи исто колку Роналдо кога дојде од Барса кај нас сезоната 1997/98.
Не би било лошо да се повтори таков трансвер овој пат со Меси.
нетреба ништо повеќе.
А се друго, како Роки, Касано и играчи од трета класа не им е местото во Интер.
Ве читам во претходните постови Интер во последниве 15 години “донесе големи звезди“ како Адани и Морфео од Фиорентина, Вивас од Арсенал, Џули и Шимиќ од Милан, Кили од Валенсија, Сорондо и Бурдисо од Аргентина и многу други слични на нив.
Мислам дека Интер го потроши бонусот за правење глупости на трансфер пазарот..
 
Во кој смисол тежи? Трансферот на Роалдо во Интер беше 21мил. фунти. За Меси треба барем три пати повеќе па да се разговара.

Шимиќ дојде од Динамо З:helou:
 
Меси е скап, има клаузула, нема лесно да биде.. Со Касано ке биде најлесно само треба да го побара Мурињо.. Мислам дека можеме да го доведиме Лавеци за едно 40 милиони.. добар е.. а не би било лошо и Тевез да го доведиме ако не го продолжи со Манчестер договоров.. јас типувам на Лавеци.. па ке видиме.. незнам каква е состојбата со Мартинс.. игра не игра.. во форма е не е .. одамна не сум го гледал..
 
Втор стрелец е во тимот со 6 погодоци зад Овен, мислам дека отсуствуваше на дел од мечевите поради повреда а и добро игра со оглед на средината ( тимот ) во кој се наоѓа, али сумјив ми е, тешко да има моментално 24 години, во тоа Африкана не се знае кој кога е роден, одма од деца ги праќаат да ловат лавови, зебри, хиени и им се губи трагата .
 
Абе не е важно колку год има.. муабетот ми беше.. трча за секоја топка.. се бори.. брз е.. овие што ги имаме покрај Златко сите кој од кој побавен.. едино овај Балотели е брз.. ама ѕвезда стана од мал.. ни трча ни пусти.. се понаша ко се да има освоено.. затоа ми недостига Мартинс.. дали било куп или пријателска.. се знај.. до крај се игра :toe:
 
Да се потсетиме на еден убав момент од Мај, минатата година, али овој пат шоуто на нашиот најдобар коментатор, Скарпини од Inter TV .

:pehar: :cuc: :pehar:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom