Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Од кога имаме "Давид Соуза" во нашите редови? :)

Како и да е, уште една шпекулација. Не верувам дека Биков ќе дојде во Интер. Додуша, не ни верувам дека Интер би се заинтересирал за него, со оглед на тоа што веќе има доста добри и истакнати напаѓачи во редовите на послабите екипи на Сериа А.

Среќна нова година, forza Inter.
 
Среќна Нова 2009 до сите Интераши!!!

Ви пожелувам се најубаво во новата година и заедно да се радуваме на секоја освоена титула.
Some Of Us Only See In Black And Blue
34q3h4g.jpg

Интераши Среќна Нова 2009, многу здравје, успех и среќа на персонално ниво, многу радост и трофеи со Нероаѕурите, и желба за помалку шокови, нервози и инфарктни ситуации нашиот ИНТЕР
 
Срекна нова !!!

Интер блиску до ангажман на Ангелери Агентот на дефанзивецот Маркос Ангелери вели дека Интер е блиску до комплетирање на ангажманот на неговиот клиент
Upload
marcos-angeleri.jpg
Наскоро Интер најверојатно ќе го објави својот прв трансфер во 2009 и тоа ќе биде десниот бек на Естудиантес, Маркос Ангелери. 25 годишниот во вевруари ќе треба да дебитира за селекцијата на Аргентина предводена од новиот селектор Диего Марадона.
Договорот на играчот истекува во јуни и се шпекулира дека Нероаѕурите ќе му понудат четиригодишен договор со плата од околу 3 милиони евра по сезона.
Се треба да биде познато веќе следната недела кога во Милано ќе пристигне Ангелери заедно со својот агент Мигел Пирес кој за медиумите најави дека договорот со Интер е пред комплетирање.
“Околу 5-6 јануари преговорите со Интер ќе бидат завршени.” – рече агентот на Ангилери, Мигел Пиерес.
За услугите на Ангелери беа заинтересирани и Атлетико Мадрид и Фиорентина.

Што ке ние десен бек ?
 
Резерва десен бек за идната сезона, кога Хавиер ќе биде 36 па освен Бурдисо никој ќе неможе да пополни.
Јас се надевав дека ќе се смета на Давиде Сантон...
Сепак ова за Англелери сеуште е во рамките на обична шпекулација
 
Денеска го одржавме првиот тренинг пред околу 1000 фанови. Отсутни Адри поради повредата (неофицијално пак закаснил како и вообичаено) и Маикон кој добил подолг одмор бидејќи е суспнедиран за дуелот со Каљари.

Највпечатлив е Матераци ако Зоро, е сега има да ги утепа сите

112345-480.jpg
 
Во интервју за Газета Дело Спорт, Жозе Мурињо зборуваше за можните трансфери во офанзивната линија. Многу отворено и во негов стил:

Што се однесува до мене, Адриано ќе биде со нас уште денес. Ако работи напорно, ќе игра веќе со Каљари. Се уште мислам дека нов клуб е најдобро решение за него, но Интер е пред индивидуалците, а кој би можел да го замени во моментов?

Милито?
Секој трењер во Сериа А го посакува, но Џенова нема да се откаже од него.

Овен?
Никогаш не сум бил заинтересиран за него. Имаше многу повреди низ годините, не е повеќе тој фудбалер што го знаеме.

Дрогба? Никогаш не сум криел дека го сакам овј фудбалер, но тој ќе остане во Лондон и ќе го обнови договорот со Челзи.

Дали мислам дека Марио Балотели треба да си замине? Апсолутно не! Интер е како семејство. Сакам да му помогнам на Марио да стане топ играч, но тој треба да разбере зошто некои фудбалери стануваат ѕвезди, а некои не.

Читано меѓу редови излегува дека Адриано е сеуште во Интер само затоа што во моментов не може да се обезбеди адекватна замена. Засилување во нападот нема да има зимава, а за Балотели, веројатно шанса до јуни да се наметне и да покаже дека има намера да стане тимски играч. После тоа, позајмица или шут карта...
 
Колку е паметен само овој Жозе.

Нема тренер кој не му завидува на психологијата која им ја наметнува на играчите.

Ако размислиме добро, оваа СериаА е многу многу подобра од онаа пред година или две. И како што гледаме Жозе се држи добро. Ја заврши годината со 6+ пред вториот, а има 2 релативно лесни натпревари (Џенова и Аталанта) до крајот на првата фаза од првенството. За разлика од нас, Јувентус последно коло го игра со Лацио во Рим... а на Милан им остануваат Рома (во Рим) и Фиорентина (во Милано)
 
Во интервју за Газета Дело Спорт, Жозе Мурињо зборуваше за можните трансфери во офанзивната линија. Многу отворено и во негов стил:

Што се однесува до мене, Адриано ќе биде со нас уште денес. Ако работи напорно, ќе игра веќе со Каљари. Се уште мислам дека нов клуб е најдобро решение за него, но Интер е пред индивидуалците, а кој би можел да го замени во моментов?

Милито?
Секој трењер во Сериа А го посакува, но Џенова нема да се откаже од него.

Овен?
Никогаш не сум бил заинтересиран за него. Имаше многу повреди низ годините, не е повеќе тој фудбалер што го знаеме.

Дрогба? Никогаш не сум криел дека го сакам овј фудбалер, но тој ќе остане во Лондон и ќе го обнови договорот со Челзи.

Дали мислам дека Марио Балотели треба да си замине? Апсолутно не! Интер е како семејство. Сакам да му помогнам на Марио да стане топ играч, но тој треба да разбере зошто некои фудбалери стануваат ѕвезди, а некои не.

Читано меѓу редови излегува дека Адриано е сеуште во Интер само затоа што во моментов не може да се обезбеди адекватна замена. Засилување во нападот нема да има зимава, а за Балотели, веројатно шанса до јуни да се наметне и да покаже дека има намера да стане тимски играч. После тоа, позајмица или шут карта...
Еден шпиц ќе дојде во Интер, а најверојатно Креспо и Адриано ќе заминат уште овој месец.
Адриано не се врати на време од Бразил, па се правда дека тимот не му платил повратна карта па морал да си купи сам.
Мислам дека тоа ја прелеа чашата кај Мурињо...
Балотели може да биди вклучен во трансверот на Милито но едиствено како позајмен играч. Првотимскиот статус мислам дека многу ќе придонесе за Балотели да се изгради во еден шпиц од светска класа и да ги докаже своите квалитети па од наредната сезона да ги брани боите на Интер.
Исто и Михајлович сака да го има Балотели во својот тим, па не треба да се исклучи и таа опција.
Круз, Ибра, Обиња, Милито би биле доволно за до крајот на сезоната. Исто така нема да биди лошо да се врати Аквафреска.

Дакур исто така најави заминување овој месец, но тоа не би требало да биде проблем и да створи потреба од донесување на нов играч во средниот ред.

Значи она што најреално можи да се очекува е заминување на Креспо и Адриано и купување на нов шпиц, можеби Милито...
 
Па така нешто беше и моето размислување, ако обезбедат некој како Милито сигурно е дека веднаш ќе расчистат со Адриано, ама по се изгледа ќе биде тешко да се донесе некој, па тоа му го продолжува престојот на Адриано. Иако очигледно е дека ги надмина сите граници а нема повеќе изговори, па можно е да си оди секако...

Креспо веќе не го ни бројам со оглед на тоа во каква форма е. Тој и Дакур се со двете нозе во вишокот па и да си одат како ништо да не се случило...
 
Не знам зошто секогаш Интер "брка" само напаѓачи. Ибра, Балотели, Обиња, Круз се доволни.
Најдобар потег во овој трансфер период би било да се исчисти тимот од непотребните играчи и да се врати Аквафреска од Каљари. Не знам зошто но Ибра- Аквафреска ги гледам како најдобриот, идеалниот тандем кој можам да го замислам моментално.

За Адриано ми е навистина жал. Но веќе му дадоа премногу шанси а тој не ги оправдува.

Не гледам причина да се даваат пари за други играчи...
Одбраната е перфектна, средниот ред одличен, па со враќањето на Хименез мислам дека ќе добие уште повеќе на квалитет.
 
Што бидна со дечкото од Естудиантес?Ангелери мислам дека беше!?За него и Фиорентина беше во игра ама се откажаа пред некоја недела!Он игра десен бек или централен?
 
Што бидна со дечкото од Естудиантес?Ангелери мислам дека беше!?За него и Фиорентина беше во игра ама се откажаа пред некоја недела!Он игра десен бек или централен?

Се шпекулира демек во преговори сме биле со неговиот агент.Инаку десен бек е.
 
Ангелери доаѓа по препорака на Верон, за разлика од неговиот агент кој рече дека очекува договор со Интер до 7, Ангелери вели дека посакува преселба во Европа поточно Италија и дека сака да работи со Мурињо.

Адриано денес трчал нис шума сам 40 минути (начин да ги заборави проблемите) вечер ќе им се приклучи на останатите играчи, и најверојатно ова е последната индивидуална тренинг сесија за него.

Се врати и Маикон ама он е суспендиран за дуелот со Каљари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom