Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А бе не е важно кое оделение сум бил и во тој период сум прател фудбал и сум гледал ситуацијата што е и како е...Сега Интер е тоа што е,а тоа е последица тогашниот скандал...ама мене не ми смета тоа,бидете 1-ви во Италија,а во Февруари нека се бројат овците.Подобриот нека победи тогаш,ништо не вредат овие муабети сега...

Абе што си прател фудбал, две овци да ти нацртам на еден лист од блок ке ја загубиш едната.. прател тој фудбал.. па уште ми кажува за тоа дека Интер нечесно зел титула, му ја подариле.. види таму напиши домашна доста тресиш зелени.. туку заборавив.. петок е имаш време до недела, па сега нема што да правиш.. трескаш глупости..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
А бе не е важно кое оделение сум бил и во тој период сум прател фудбал и сум гледал ситуацијата што е и како е...Сега Интер е тоа што е,а тоа е последица тогашниот скандал...ама мене не ми смета тоа,бидете 1-ви во Италија,а во Февруари нека се бројат овците.Подобриот нека победи тогаш,ништо не вредат овие муабети сега...
Да ама кажи зашто беше тогашниот Скандал, или требаше да ги остават Јуве во прва лига иако беше докажано дека местат. Епа другар, и боговите се поклонуваат пред вистината и фактите, иако истата нанесе многу штета на Калчото кое од година во година се издигнува и прашање на време е кога ке биде на исто ниво со Примера и вештачката ПЛ полна со Арапи, Американци и Руси кои немаат никаква историја со клубовите кои ги водат. :smir:
 
Кога ќе се собере се на се многу добар натпревар ќе гледаме.
Но се надевам дека на МУ ќе ги истрижиме.
А и да се случет да го изгубиме двобојот, животот продолжува.
Разочаруваше е да изгубиш од Порто во 1/8 финале, како некој што изгуби пред некоја година и се покриваше со ќебе на главата.
Наградно прашање:
Кој е тој што се покриваше со ќебе преку глава после дуелот Порто - МУ 2-1 1-1

не се малтретирајте еве одговор.
Чомбе од Ресен
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Калчото кое од година во година се издигнува и прашање на време е кога ке биде на исто ниво со Примера и вештачката ПЛ полна со Арапи, Американци и Руси кои немаат никаква историја со клубовите кои ги водат. :smir:
Како што тргнало и во Италија ќе се вгнездат таквите вештачки водачи како што ги викаш, парите ќе си го сторат своето. Инаку има историја бе :) американциве се англичани само не признаваат :P
 
Ме нервираат ова Италијанциве што не го поддржуваат Интер бидејќи нема Италијанци во тимот! Глупави жабари! Од секогаш биле против Интер, а ене гледам некоја изјава на некој си таму на КалчоМеркато на Интер му дава најмали шанси од Италијанските клубови.. да падневме и со Порто повторно така ке кажеше, а Англичаниве кои имаат да речиме еден Арсенал во кој само Волкот е Англичанец, трењер странец, еден Ливерпул кој ги има само Жерард и Карагер, трењер странец, сопственици странци, Челзи исто така трењер странец, сопственик странец, Манчестер трењер странец, сопственик странец.. ама во сите весници се поддржуваат! А овие во Италија оти Интер имал малку италијанци само да се пишувало против Интер.. маме да му е*ам!
 
Да ама кажи зашто беше тогашниот Скандал, или требаше да ги остават Јуве во прва лига иако беше докажано дека местат. Епа другар, и боговите се поклонуваат пред вистината и фактите, иако истата нанесе многу штета на Калчото кое од година во година се издигнува и прашање на време е кога ке биде на исто ниво со Примера и вештачката ПЛ полна со Арапи, Американци и Руси кои немаат никаква историја со клубовите кои ги водат. :smir:
Јас реков дека не ми смета тоа што е Интер сега во Италија,ама брат некако се прецанвте.Како да заборавивте дека играте против Европски Шампион и во недела можеби Светскиот Шампион.

Кога ќе се собере се на се многу добар натпревар ќе гледаме.
Но се надевам дека на МУ ќе ги истрижиме.
А и да се случет да го изгубиме двобојот, животот продолжува.
Разочаруваше е да изгубиш од Порто во 1/8 финале, како некој што изгуби пред некоја година и се покриваше со ќебе на главата.
Наградно прашање:
Кој е тој што се покриваше со ќебе преку глава после дуелот Порто - МУ 2-1 1-1

не се малтретирајте еве одговор.
Чомбе од Ресен

Таа година знаеш ти судиите како го оштетија Манчестер.
Ќе те потсетам...Поништен регуларен гол на Сколс...Порто со помош на судиите го елеминира на Манчестер,а со тоа таа година се просслави Мурињо.
 
Таа година знаеш ти судиите како го оштетија Манчестер.Ќе те потсетам...Поништен регуларен гол на Сколс...Порто со помош на судиите го елеминира на Манчестер,а со тоа таа година се просслави Мурињо.

Абе да не барам по Ју Тјуб да те потсетам јас тебе лани колку пенали без врска добивте над Роналдо во Премиер Лигата, или да те потсетам за последниот натпревар каде судијата не го сиклучи Сколс кога моравте да победите а овој имаше жолт и направи фаул за уште еден жолт картон! Ти ли најде да кажуваш како Мурињо се прославил? двете утакмици кои ги добивте дома против Челзи и Ливерпул противниците ги завршија со 10 играчи.. и ред други работи од лани.. штета што годинава немате толкава судиска помош, затоа заостанувате зад првиве, бидејки не судат толку мн во ваша корист..
 
Интересна ждрепка :vozbud:. Гледам од сега почнавте со карање...

Шо да кажам... Го добивме можеби најакиот противник на хартија... Шампионот од минатата сезона во ЛШ и ПЛ... Сепак задоволен си сум со ждрепката т.е. кој и да ни паднеше ќе бев задоволен, бидејќи порано или подоцна ќе падневме со некој јак тим...

Дополнителна мотивација ми е дека Хозе го познава англискиот фудбал, знае како одат таму работите.
Можеби тие се фаворите на хартија, но ние одиме во 1/4финале :smir:.

@Чомбе, брат, се гледат дека имаш многу омраза против Мурињо, шо не ме изненадвит по се шо ви направи во Англиското првенство. Верувај дека уште повеќе ќе го замразиш кога ќе го отпаднит твојот омилен тим...
 
Ги посакував Манчестер или Барса и ги добив првите. Мојот омилен англиски тим против Интер, реприза на големиот двобој од 1999 кога Шмајхел сам го елиминираше Интер. Се надевам на поинаков епилог овојпат.

Сосема е јасно дека Манчестер не е истиот од минатата година кога беше најдобра екипа и заслужено ја освои ЛШ и Премиер лигата. Згора на тоа, Манчестер има огромни проблеми кога ќе се затвори Роналдо, пример за тоа е мечот со Милан пред две години кој лесно го изгубија. А Интер има доволно играчи да го направи тоа, почнувајќи од Маикон. Островските екипи имаат фобија од Италијанските, (мислам на Интер - Милан -Јуве ), иако некогаш ги поминуваат често овие дуели завршуваат со бродолом на англичаните.

Многу е важно овој дуел да го дочекаме без повредени играчи затоа што мали ситници можат да одлучат, па не е паметно да се прогнозира уште од сега. Во моментов Интер е во подобра форма па се надевам дека така ќе биде и пред дуелот.

За дуелот Мурињо - Фергусон, не мислам дека имаме некоја предност, ги ценам и двајцата тренери. Дуелот во кој Мурињо со Порто го елиминира Манчестер се должеше на многу среќа и судиска помош. На 1-0 за Манчестер му беше поништен чист гол на Сколс а потоа од прекин во последните минути Порто успеа да постигне гол, откако оној глуп Американски голман Хауард му ја нацрта топката на еден од играчите на Порто. Но во ваквите дуели потребна е и среќа.
 
Јас реков дека не ми смета тоа што е Интер сега во Италија,ама брат некако се прецанвте.Како да заборавивте дека играте против Европски Шампион и во недела можеби Светскиот Шампион.
Јас не се преценувам, ги знам можностите на Интер, знам добро кои се Манчестер Јунајтед тим кој кај мене има огромен респект и тим кој го доби најтешкиот можен противник од изборот што го имаше, и вие се залажувате дека тоа ке биде лесна работа за Мначестер .
Таа година знаеш ти судиите како го оштетија Манчестер.
Ќе те потсетам...Поништен регуларен гол на Сколс...Порто со помош на судиите го елеминира на Манчестер,а со тоа таа година се просслави Мурињо.
Убаво перење мозок ти удриле, али судиите се секогаш дел до фудбалската игра, потсети се како Италија ги поминаа Австралија на СП, имаа играч помалку но досуден нерегуларен пенал на крајот од мечот што им донесе победа, а покасно и СП. Да одеа во продолжение со играч помалце тешко против Австралија која тогаш играше одлично, имаа резултат 1-1 и супер тренер, Хидинг .
И Челзи беа елименирани од Ливерпул со непостоечки гол, па јбг, биднало, никој не го омаловажува успехот на Ливерпул .

И знам зашто ве боли Мурињо, има 6 победи против тимот за кој навиваш, неговите тимови дале вкупно 15 гола а примиле само 7, тука лежи и победата на Олд Трафорд од 1 - 3 и победата во Лондон од 3 - 0, башка елиминација од ЛШ со еден Порто . . . епа очигледен е вашиот пост трауматичен синдром наречен Мурињо, човек за кој големиот ваш тренер Фергунсон ( факт кој не го оспорувам ) рече, ПО МЕНЕ ДОНЕСЕТЕ ГО МУРИЊО, епа кого да слушаме,16 годишно дете или некој друг фан на Јунајтед со пост трауматичен синдром, или личност како Ферги . :smir:
 
Незнам само колку ќе и биде лесно на одбраната на МU со Ибро кој ќе ги рибаат, неќа имаат смелост да му се приближаат.
Замислете дуел:
Ибрахимовиќ - Видиќ....( не се споредува )
За Кики доволен е Маикон!!!!!

П.С Ќе ве јаде...
had.gif
 
Абе ти си се прочитал ли ?Маикон,Маикон кој е тој бе?Не сакам во други фан клубови да провоцирам но ти со твоите фантазии претеруваш :)Па нормално дека не се споредува,Ибра нема да може сам да се справи со Рио-Вида.А другите напаѓачи ви се по 40 години,со исклучок на пијаницата.А "ѕвездата" Балотели не го ни сметам.
Поздрав :pipi:
 
Абе ти си се прочитал ли ?Маикон,Маикон кој е тој бе?
Па според сите стучњаци ( значи не 13,14,15,16 годишни деца ) е еден од најдобрите десни бекови во Светот, Рони за изминатата сезона беше прогласен за најдобар па останува да уживаме во нивните дуели .
 
Ооххх....Ајде ќе видиме што може Маикон против Кики,само немој да бидете како Рома...Како што ќе ја решеше утакмица Тоти,така да ја реши и Ибрахимович.Во Јунајтед има играчи како Руни,Бербатов,Твез,Керик,Сколс,Нани,Андерсон,Флечер,Гигс...Кристиано не е сам.:helou:
П.С А како прво и прво не разбирате основни работи.Ако Маикон е десен бек нема да игра на страната на Кристиано.Кристиано игра десно,а Маикон десен бек...ЈБГ стручњаци :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom