Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти може не го почитуваш, ама знам кој го почитува својот колега, истиот тој 20 години е тренер на Манчестер, неговите пофални зборови на Жозе ги газат како мравка оние вашите овде против него. Дури имаше и линк на темата на Манчестер, мислам ЗИКС го стави во кој имаше изјава на Sir Alex во која самиот вели дека по него најубаво ке биде Мурињо да е новиот тренер на Манчестер, ова доволно говори за тренерот на Интер . :toe:

Зошто јас мислам дека обратно беше...животна желба на Мурињо да заврши во Јунајтед...како и да е :smir:
 
Да направам една споредба на силите помеѓу Интер & Ман Утд.

Појачување во нападот не нитреба, кај нас има еден проблем што несме многу брза екипа....Тука ја гледам шансата за Quaresmu i Mancinija. Манчестер е најдобар во одбраната.....Фердинанд и Видиќ. Евра е добар, додека десната страна не се споредува со нашата..Средината нивна е полоша од нашата, а нападот им е добар.

Голманската позиција нетреба да ја споредуваме - Цезар е во топ 3 голмани во светов, подеднакво добри одбрани ( во 1/8 финале ќе бидеме појаки со Самуел ), имаме подобар среден ред и подеднаков напад. сепак не е така се едноставно, се гледа дека Жозе се уште неја наштимал нашата екипа за Лигата на Шампиони. Во првенството сме без конкуренција, но Жозе знае дека е донесен за да ја нападне Лигата на Шампиони.

Во преодниот рок тешко е да се очекува некое големо појачување, затоа што на ниеден клуб нема да му биде од интерес да ги продава своите најдобри играчи на сред сезона. Но Диего може да биде реална мета.

Според мене Манчестер треба да го дочекаме во овој состав и нема да има никакви проблеми:
------------------ Cesar---------------------
Maicon----, Samuel-------, Cordoba-----, Chivu
Cambiaso------, Muntari(Zanetti),------Mancini,
---------------Diego ----------------------
--------Ibrahimović,----- Adriano( Балотели)-----

flag2.gif
inter5.gif
flag2.gif
 
Хаха интересно размислување... среќа што не си ти на чело на Интер, слободно вие сопирајте го Кики и неговите продори, и ставете двајца да го чуваат и да отворите пат за Тевез или Руни :smir:

Инаку... што по ѓавола и фали на нашата одбрана? Роналдо?
Супер ќе е ако и зозе смета дека Јунајтед е Роналдо:zlo:
 
Побарај еден линк од пред извесно време каде Кака беше на вечера кај вашата одбрана и заборави да ја плати сметката, едноставно помина и замина.. а вие останавте без пари за услугата :pos2:
 
Побарај еден линк од пред извесно време каде Кака беше на вечера кај вашата одбрана и заборави да ја плати сметката, едноставно помина и замина.. а вие останавте без пари за услугата :pos2:
Да кога во одбрана играа Гери, О'Ши, Хајнце и Евра, а кога главните играчи беа повредени:tapp:
Изгледа слабо пратиш ЛШ! А и што да пратиш, не можете 1/8 да поминете:tapp:
 
Побарај еден линк од пред извесно време каде Кака беше на вечера кај вашата одбрана и заборави да ја плати сметката, едноставно помина и замина.. а вие останавте без пари за услугата :pos2:

Тогаш не биеше тежок малер...ги немавме ни Видич ниту Фердинанд сега е друга приказна :pipi:
 
Средината нивна е полоша од нашата, а нападот им е добар.
Тебе очигледно ... :)
Роналдо,Керик,Флечер,Андерсон,Гигс,Нани,Сколс.Од оваа средина нема подобра во светот:pipi:
Бербатов-Тевез-Руни ги имаме,така даа... :):pos2:
 
Се скасавте одма а ?? цццц... Многу брзо почнавте.. Има време, можеби некој играч ке си замине или ке се повреди , има време можеби некоја екипа ке падне во криза тој момент..
 
Да кога во одбрана играа Гери, О'Ши, Хајнце и Евра, а кога главните играчи беа повредени:tapp:
Изгледа слабо пратиш ЛШ! А и што да пратиш, не можете 1/8 да поминете:tapp:

Гери, О Шеа и Евра сеуште играат во Манчестер како што знам! А дечково праша што и фали на одбраната.. е па сега ако само Фердинанд и Видич се одбрана а останативе среден ред и напад извини тогаш згрешив! И знаеш што? Подобро да испаднеш во 1/8 финале отколку да бидеш 4 во групата како вас, токму со тие играчи како Фердинанд и компанија.. :pos2:
 
Според мене Манчестер треба да го дочекаме во овој состав и нема да има никакви проблеми:
------------------ Cesar---------------------
Maicon----, Samuel-------, Cordoba-----, Chivu
Cambiaso------, Muntari(Zanetti),------Mancini,
---------------Diego ----------------------
--------Ibrahimović,----- Adriano( Балотели)-----

Диего неможе да игра пошто веќе настапи за Вердер, има многу време до февруари за да се прават пресметки, планови и тактики. Мораме да почекаме да видиме што ќе донесат следните месеци. Може ќе има повреди на клучни игриачи и кај нас и кај нив, можно е да има драстичен пад во формата на некоја екипа, можеби тие ќе се насочат само на ЛШ доколку заостанат во битката за титулата во Премиер Лигата, можеби ќе бидат на врвото и ќе имаат екстра мотивација.

Премногу е рано да се говори за било што особено што во ЛШ решаваат нијанси а не големи работи.

Веќе Жозе ја усоврши 4-4-2 стратегијата, останува уште да ја среди 4-3-3 па да можеме да калкулираме кога играме на гостински терен или пак дома, да можеме да имаме различен пристап на натпреварите бидејќи тоа е важно во овие нок-аут фази.

пс Во ред е Христов, вие го имате најсилниот среден ред во светот, најдобрата одбрана и најдобриот напад. А да заборавив, и сте класа подобри од Интер, секоја чест за тоа. Потврдете го тоа оваа година на теренот и јас ќе ви честитам и ќе го признаам тоа.
 
Гери, О Шеа и Евра сеуште играат во Манчестер како што знам! А дечково праша што и фали на одбраната.. е па сега ако само Фердинанд и Видич се одбрана а останативе среден ред и напад извини тогаш згрешив! И знаеш што? Подобро да испаднеш во 1/8 финале отколку да бидеш 4 во групата како вас, токму со тие играчи како Фердинанд и компанија.. :pos2:

Или па да бидеш шампион токму со тие играчи :vozbud:
 
Eднаш го величаш Сероњата, сега го навредуваш и после ми кажуваш јак навивач си бил. *УРОВ си јак навивач!
Да, СЕРоњата Алекс Фергусон е многу добар за Премиер лигата, ама во отсуство на Жозе Мурињо.
Жозе Мурињо на СЕР-от му стана ноќна мора, а гледам исто и тебе.
За време на извлекувањето само една желба имав - дуел Мурињо - СЕРоњата Фергусон.
На крај ми се оствари желбата.
Денеска се чувствувам како да ми е роденден.
Поздрав колега Чомбе, заедно ќе го гледаме реваншот.
 
Интересна ждрепка. Добивме тежок противник, но можеби тоа е подобро. Интер речиси секогаш е помотивиран кога игра со појаки екипи. Додатна предност е што Мурињо многу добро ги знае Манчестер и не се сомневам дека ќе подготви соодветна тактика.
Друга позитивност е што Манчестер многу зависат од Кристијано Роналдо. Ако него го сопреме тешко ќе им биде на Манчестер, а сите си ја знаеме одбраната (која за среќа ретко кога кикснува).
Се на се ќе биде ИНТЕРесен натпревар. Ако ги поминеме (се надевам дека ќе ги поминеме) ќе биде огромен успех и здравје да се продолжи понатаму во ист стил :).

Хаха интересно размислување... среќа што не си ти на чело на Интер, слободно вие сопирајте го Кики и неговите продори, и ставете двајца да го чуваат и да отворите пат за Тевез или Руни :smir:

Инаку... што по ѓавола и фали на нашата одбрана? Роналдо?

Ај прочитај уште еднаш што имам напишано :smir:.

Прво, никаде не пишува дека Роналдо е Манчестер туку дека Манчестер не игра исто со и без Роналдо (што не е исто, а секој објективен фан би се согласил со тоа).

Второ, (читај болдиран дел со црвено) СООДВЕТНА ТАКТИКА значи да се погрижи за сите!

Супер ќе е ако и зозе смета дека Јунајтед е Роналдо:zlo:
Види, на тоа ти слободно можеш да си се надеваш. Мурињо на многу дуели до сега покажал што и како смета во однос на Манчестер и убаво ви има покажано дека добро пресметал :wink:.

п.с. Ненормална работа во ова фан клубовиве, што и да напишеш ќе го извртат и ќе напишат како им одговара!
 
Скорот на The Special One vs Sir Alex :
победи: 6
нерешени : 4
порази : 2

Тимовите на Мурињо имаат дадено 15 голови, тимот на Манчестер против нив 7 .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom