Зашто derby d'Italia е Juve-Inter, а не Juve-Milan?
Јувентус е италјански клуб со најмногу освоени титули првак на Италија, 27, а втор е милан со 17. Така двата најтрофејни клуба се јувентус и Милан.
Зашто тогаш епитет на италијанско дерби го има натпреварот Јувентус - Интер?
Изразот derby d'Italia се родил во 1967. година, го назначил Gianni Brera, познат италјански спортски новинар. Gianni Brera е познат по тоа што има назначено уште неколку фудбалски фрази, кој до ден денешен останаа во употреба и се врежаа во сите светски јазици . Најпознатиот збор кој го измислил е - libero, во фудбалскиот речник се користи за среден одбранбен фудбалер - деструктивец.
Да се вратиме на неговото derby d'Italia. Воглавном, таа 1967. година, Јувентус и Интер биле најтрофејни италјански клубови. јувентус имал 13 титули, а Интер 10, додека Џенова 9, а Милан само 8, иако е создаден пред Интер, а првата титула ја освоил пред Јувентус. Па така Brera пред 41 година го воведе името које до ден денескаостана во употреба.
Gianni Brera умре во 1992. година во времето на доминацијата на Милан кога на негово чело беше Капело. Милан тогаш беше најак во светски размери , го достигна и на Интер по број на освоени scudetta, но името derby d'Italia остана да биде прикачен за Juventus-Inter.
Навивачите на Милан во Италија беа незадоволни поради епитетот кој остана на овие два клуба. Пишуваа протести во Газета, најстариот спортски дневник во Италија во кој Brera работеше, бараќи да се направи промена бидеќи сега Милан е втор најтрофеен клуб во Италија.
И покрај сите писма и молби, до ден денеска не е променето, а највероватно и нема да се промени, тоа е сепак еден детал , но детал кој цело време ги мачи навивачите на Милан.
Brera еднаш рекол Juve - Inter и така остана до ден денес.