Јас сметам дека Морати уште во старт прави огромна грешка ала Абрамович. Тој со истакнување на својата единствена желба за освојување на ЛШ ствара огромен притисок на играчите и Мурињо. Па незамисливо е секоја сезона покрај успесите во Италија да ти трубат за ЛШ.
Сите знаеме дека ЛШ не е натпреварување каде што треба само константност и добри играчи. Тоа е рулет, некогаш е во твоја полза , некогаш не. Треба да имаш среќа при ждрепката, па формата, па повредите. Се си зима свој замав.
Најпаметно на Морати му е да ја спушти топката и да даде изјава од типот имам стрплење за ЛШ. Нека остави на Мурињо да го прави во тоа што е најдобар.
Кога стасав до Мурињо сите знаеме дека изборот на играчи кои ги купува не му е баш нај нај, ја знам дека во Челзи само Есиен и Карваљо му се трефнаа, каде беа Тиаго, Дел Хорно, Јарошик, Кежман и тн. Кварезма и Мансини во Интер.
Мурињо е најдобар во тоа да ги уигра играчите, да направи цврста колектива, победнички менталитет и тоа е она што вас треба да ве интересира. Ибра е само коњ во системот на Интер, Мурињо е кралицата.

Сега гледам некој мисли дека Мота не е за Интер, но да повторам ние ништо не знаеме. И ако е така како што најавуваат ако има уште три засилувања не гледам зошто сте незадоволни од досегашната политика со оглед дека Мота и Милито се земени за некоја си полесна улога во тимот.
Мурињо ја гради играта околу Ибра, факт. А тоа е најважното за тим што е гладен за трофеи. Сега тоа што сака Ибра да си оди од трењер како Мурињо ја отсликува неговата простоќа и неинтелегенција.
И не се палете многу кога вика Мурињо дека Ибрата е најдобар во свет, веќе видено е. Кога беше во Челзи најдобар му беше Лампард.
