Мх, мх, мх мераци, автогол за уште поголема мака на душманите/клошари
Супер игра прикажавме денес, сите знаеме кој е Удинезе и каква игра прикажува, но ние покажавме голем карактер, оној препознатлив стил на игра на Мур. Удинезе напаѓаше, до 14-15 минута имавме 1% посед на топка, но потоа наметнавме наша игра, нешто што не можевме да го направиме со Манчини. Повеќе од одличен резултат, победа во вистинскиот момент и зацрврстување на табелата и чекор напред кон четвртата титула по ред.
Незнам дали приметивте, Маикон страшно ни фали, Сантон денеска испод нула изигра и толку фалеа продорите по десна страна на Интер. Инаку добро направи Мур со тоа што го внесе стариот во игра, а Виера мислам дека ќе јадеше шамари од некого (читај Толдо) ако завршеше натпреварот 0-0. Малку ми е мака на сето ова што нашиот ѕвер се повреди, но мислам дека не е сериозно, барем оптимист сум. Ех да не беше Цезар, веројатно ќе погодеше Кваљарела, но Цезар-Кралот беше тука, секоја чест!!!
Напред наши

ФОРЦА ИНТЕР !!!
П.С. Да додадам, голем фан сум на Кваљарела но денес тотално ме разочара. Таков играч никогаш не треба да се симнува на такво ниво, жал ми е за него.