Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.040
- Поени од реакции
- 62.043
Зошто ако некој побара слободни денови за да реши семејни проблеми да не добие одмор??? Етички и човечки е да му се даде помош на секого. Е сега дека се работи за Адри кој има лошо минато тоа не е во ред.
Ван Бујтен од Баерн две недели е во родната земја поради семејни причини. Вчера се врати за да помогне бидејќи имаат проблеми со одбраната. Клубот веднаш го врати во Белгија за да биде покрај семејството и ризикува да игра со дрвото Брено и Демикелис против нападот на Барса. Никој не направи никаква приказна од тоа.
А за Адри само ако го дадеме без пари на некоја екипа можда ќе го земат и тоа е под знак прашалник дали некој ќе сака. Опоравен Адри на пазарот вреди 10-15 милиони евра. Тоа се пола пари за ангажман на еден играч како што е Диего, Хамшик, Аквилани, Макун или Фелипе Мело.
Занети денес има слободен ден:pos2::pos2::pos2:
Пред некој ден пишав нешто слично за Адри, тоа ти е како приказната за волкот. Цело време заебава и кога навистина ќе му притреба тогаш никој нема да му верува. Башка тој проблемите си ги решава на шанк, а шанкови и во Милано има колку сакаш.
Поентата ми е што на секој фудбалер клубот би му излегол во пресрет, но кога еден фудбалер ќе ги премине сите норми на нормално однесување ( и професионализам ) се си има граница. Едноставно не гледам причина зошто Интер и понатаму би вложувал труд и енергија по ова прашање. Нормално мое мислење не мора да се согласиме.
Инаку за она другото околу цената на фудбалерот сакав да кажам дека никогаш не сум се занимавал на форумов со тие математики, кој колку вреди и што би купиле за тие пари. Математиката му ја оставам на Морати зошто тој си ја знае најдобро, на крајот никој од нас не му гледа во џебот и не знае какви се договори се прават и надвор од она што официјално стои како договор. Грубо кажано, тој може да го продаде испод секоја цена и со газдата на другиот клуб да договори бизнис зделки за кои ние никогаш нема да слушнеме. Ова со оглед на тоа дека во Италија газдите на клубови се меѓусебно поврзани со разни бизниси.
А за Занети, ако нема пожар дома му, сигурно го имаат со сила натерано :pos2:
Поздрав! :smir: