Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дејо педерот комотно да се убие да му се плукнам во играчот патрив неможам да го гледам веќе:tapp: Каква бледа игра само 100 пати поразлична од мината со Сампдорија и сеа си ја компликуваме работата на самиот крај како што сме навикнати да гледаме пак во последното коло ќе кршам чаши ќе лупам далечински ќе кубам коси да не изгубиме скудетото...
 
Mи се повраќа од играта на Интер на овој дуел, али врвот на оваа бљувотина е Ибра, дефинитивно еден од најлошите мечеви од кога го облекол дресот на Интер му е овој .
Се на се имаше изгубено преку 20 топки и дуели во овој меч и бар кај мене ја добива најниската оцена . . . . . 1, останативе имаат преодно двојче.

Наполи победи со една шанса, Интер освен онаа во првата минута ништо не покажа, среќа предноста на 5 кола до крајот е голема па лесно можеме да го примиме овој пораз и овие загубени 3 бода . Она што треба да не исфрустрира е начинот на кој тимот се однесуваше денес, како да беа задоволни со 0-0, а со истиот однос продолжија и при резултат од 1-0 . Да не си у кожата на Мур сега, па и на место на играчите, у соблекувална е сега весело .

Прекина серијата на мечеви без победа на Наполи која траеше 14 натпревари, прекина нашата без пораз која траеше 13 натпревари . . . на ред се Лацио дома, Киево гости и Сиена дома . . . победа, победа и победа, добитна комбинација за титулата . Милан игра со Удинезе гости, Фиорентина гости, Рома и Јуве дома, Катанија гости, тешки, претешки дуели во кои убеден сум дека ке кикснат иако сеуште сме во состојба кога ирелевантни се нивните резултати .

п.с. Фали Мунтари а ?
 
Тупење утакмица... Ме нервира Мурињо со Виеира и Фиго...
Напорна за гледање ради Телма што ваљда краде од Скај Спорт, па утакмицава се тури од сецкање... Очиве ми паднаа... Ебате кретените...
Наполи се утепаа од глумење... Сантакроче ѕвер! Го реши Балотели максимално...
Ибра не му се игра нешто... Не ни имаше со кој. Мансини топка забораил да подаде, изигра едни 20минути на Меаца добри, изнуди пенал и се попаливте ваков е таков е... Еве го каков е! Недоквакан...

П.С. Капак на се коментаторон морон, 4 или 5 пати го згреши времето... Да му ебам идиотот, дигитрон еден ќе му купам да си рачуна за нареден пат.
 
Утакмицата беше патетики , После првата утакмица со Манчестер оваа е втора ов која гледам очајна игра од интер.Заинтересиранос 0 ,,,како на тренинг да се ,балотели мрсулон треба добро да го ишамараат за да појаже малце почит кој искусни фудбалери,

ваков кикс не смее да се дозволи наредните утакмици ,дека стварно немам намера да се тресам последните кола кој ке биде шампион.Се надевам дека мурињо ке ги стегне....
 
Од готова вересија ќе направаат и оваа сезона, да не испадне ланската или уште полошо да се повтори сезоната 2001/2002 кога едно 5 кола пред крај имавме предност од 6 бода па со една голема несериозност се случи трагедија.
Наполи 14 натпревари неможеше никого да го победи, па ете се најде Интер наш за да ја прекинат серијата.
Срамота за несериозноста ...
 
Нека им скине Морати 50% од плата па да видите како ќе го ораат теренот!!
 
Пази сега. Гледам некои постови тука полни со неверување за стабилното чекорење кон освојувањето на скудетото. Кога Интер е во прашање ги оправдувам таквите размислувања, но да се надеваме дека Мур нема да дозволи ланско сценарио. Ќе земам цитат од постот на Син:
. . . на ред се Лацио дома, Киево гости и Сиена дома . . . победа, победа и победа, добитна комбинација за титулата . Милан игра со Удинезе гости, Фиорентина гости, Рома и Јуве дома, Катанија гости, тешки, претешки дуели во кои убеден сум дека ке кикснат иако сеуште сме во состојба кога ирелевантни се нивните резултати
#1: За теоретско осигурување на титула потребни ни се само три победи.
#2: Најблискиот конкурент има екстремно тежок распоред, пред се оној со Фиорентина каде што домаќините ќе се борат за влез во ЛШ, потоа со Рома која исто така се бори влез во ЛШ и тежок дуел се разбира со Јувентус.
#3: Знам дека Мурињо ќе ги среди по утакмицава, слично како после дуелот со Манчестер, нема да дозволи психолошки да паднат играчите, уверен сум во тоа.
 
Нека им скине Морати 50% од плата па да видите како ќе го ораат теренот!!
Истото и татко ми го вика, ова денес на ништо не личеше иако само губење на титулата ке резултира со такво нешто и тоа не од Морати, од Мурињо .

А за Ибра, нека продужи он со ваков егоманијакален и незаинтересиран однос, ние ке бидеме тие шо ке молиме да си замине .
Зашто сум револтиран од Ибра ? Зашто таков фудбалски генијалец каков што е он, денес убеден сум дека можеше да изигра 100 пати подобро од ова да вложеше макар и 10 % од неговиот потенцијал, само 10, ништо повеќе. . . . но Ибра од истиот користеше 0.00000001 % . Од останативе ретко кога очекува перфектна игра или константна игра, али Ибра поседува СЕ што може еден фудбалер да посака, рутина треба да е константноста и добрата игра за таков тип на играч .
 
Комплетно сум задоволен од утакмицата. Неколку работи испробавме, сите успешно ги изведовме. Ќе почнам да ги набројувам..

1. Го тестиравме Балотели колку може најмногу да испровоцира, да клоца, да мава, да се турка, да ја провоцира публиката во Неапол.. и мислам дека доста успешно го направивме тоа!

2. Го тестиравме како и обично Луис Фиго до кога можи да издржи во секоја утакмица, оваа мислам до кај 75 минута.. доста добро го направивме тоа!

3. Го пробавме исто така Дејан Станкович дали може да изигра за оценка под нулата, доста успешно и тоа го направивме!

4. Ги тестиравме нервите на навивачите со ставањето во игра на Патрик Виеира, со неговото бавно и на моменти нервозно играње!

5. И на крај петто, завршно и моето омилено.. им дадовме надеж на навивачите на Милан да се надеваат на Скудето во Италија после толку долг пост.. стварно тоа е за мене голем идиотизам од страна на Интер, си играат со чувствата на Росонерите.. кои веќе почнаа да пишуваат надежни постови во нивниот фан клуб!

Се надевам дека се согласувате со моите видувања на овој натпревар!

П.П.С. Сеуште жалам за Адриано! :cry:
 
Последново ти е закон :)

П.С. Ако го раскинавме договорот со Адриано, сметам дека Виера уште вечерва треба да се исфрли од тимот на клоци. Е така.
 
Mи се повраќа од играта на Интер на овој дуел, али врвот на оваа бљувотина е Ибра, дефинитивно еден од најлошите мечеви од кога го облекол дресот на Интер му е овој .
Се на се имаше изгубено преку 20 топки и дуели во овој меч и бар кај мене ја добива најниската оцена . . . . . 1, останативе имаат преодно двојче.

Наполи победи со една шанса, Интер освен онаа во првата минута ништо не покажа, среќа предноста на 5 кола до крајот е голема па лесно можеме да го примиме овој пораз и овие загубени 3 бода . Она што треба да не исфрустрира е начинот на кој тимот се однесуваше денес, како да беа задоволни со 0-0, а со истиот однос продолжија и при резултат од 1-0 . Да не си у кожата на Мур сега, па и на место на играчите, у соблекувална е сега весело .

Прекина серијата на мечеви без победа на Наполи која траеше 14 натпревари, прекина нашата без пораз која траеше 13 натпревари . . . на ред се Лацио дома, Киево гости и Сиена дома . . . победа, победа и победа, добитна комбинација за титулата . Милан игра со Удинезе гости, Фиорентина гости, Рома и Јуве дома, Катанија гости, тешки, претешки дуели во кои убеден сум дека ке кикснат иако сеуште сме во состојба кога ирелевантни се нивните резултати .

п.с. Фали Мунтари а ?

Мислев дека никогаш нема да го кажам ова, али ДААААА !!! премногу, а ВИЕИРА на бесилка одма :tapp: како и да е друга приказна ке глеаме против Лацио, убеден сум у тоа
 
Истото и татко ми го вика, ова денес на ништо не личеше иако само губење на титулата ке резултира со такво нешто и тоа не од Морати, од Мурињо .

А за Ибра, нека продужи он со ваков егоманијакален и незаинтересиран однос, ние ке бидеме тие шо ке молиме да си замине .
Зашто сум револтиран од Ибра ? Зашто таков фудбалски генијалец каков што е он, денес убеден сум дека можеше да изигра 100 пати подобро од ова да вложеше макар и 10 % од неговиот потенцијал, само 10, ништо повеќе. . . . но Ибра од истиот користеше 0.00000001 % . Од останативе ретко кога очекува перфектна игра или константна игра, али Ибра поседува СЕ што може еден фудбалер да посака, рутина треба да е константноста и добрата игра за таков тип на играч .
Неоправдано се нафрламе на Ибро, секогаш после лош резултат тој е виновникот, јас мислам дека Ибро неможе секогаш сам индивидуално да ги решава натпреварите. Вака цела сезона на негов грб падна, а делумно се истакна и уште 3-4 играчи, другите беа катастрофи. Да го немавме Ибра ова сезона несум сигурен дали ќе обезбедевме и учество во Лига на Шампиони, а тоа во моментов го изјавува и Мурињо на Скај Спорт 1.
Само да му ја видете фацата каков е разочарен од Станковиќ и Виеира.
 
Ги има изјавите на мурињо на Интер.ит ако знае некој жабски нека ги преведе неможам да чекам веке :)
 
К

5. И на крај петто, завршно и моето омилено.. им дадовме надеж на навивачите на Милан да се надеваат на Скудето во Италија после толку долг пост.. стварно тоа е за мене голем идиотизам од страна на Интер, си играат со чувствата на Росонерите.. кои веќе почнаа да пишуваат надежни постови во нивниот фан клуб!

:pos2:

Абе, во моментов Барса или МенЈу да имаа 7 бода предност на табелата на 5 кола до крајот веќе и ке прославуваа титула . . . али тоа е нашиот луд Интер .
Сепак, да гледаме од страна на некој што не навива за Интер или Милан, претешка, скоро и неизводлива е мисијата Скудето за нив годинава, од една страна огромна предност од 7 бода на 5 кола до крајот, од друга претежок распоред со екипи кои дефакто се гладни за победи .

Проблемот е што медиумите пак ке ги обвинуваат за местење на натпревари, во стил поинтересно да биде првенството, мислам, како е можно во Фудбалот тим со серија од 14 меча без победа така едноставно да победи тим со серија од 13 меча без пораз . . . овој пат мислам дека ги фатија . . . . ебаго .

Неоправдано се нафрламе на Ибро, секогаш после лош резултат тој е виновникот, јас мислам дека Ибро неможе секогаш сам индивидуално да ги решава натпреварите. Вака цела сезона на негов грб падна, а делумно се истакна и уште 3-4 играчи, другите беа катастрофи. Да го немавме Ибра ова сезона несум сигурен дали ќе обезбедевме и учество во Лига на Шампиони, а тоа во моментов го изјавува и Мурињо на Скај Спорт 1.
Само да му ја видете фацата каков е разочарен од Станковиќ и Виеира.

Секоја екипа има свој лидер,свој шампион како што Мур има навика да ги нарекува таквите . Кога истите играат лошо, лошо игра и цел тим, што можам јас да очекувам од играч како Ибра освен добра фудбалска претстава . . . сигурно не очекував блесок од Дејо, Виеира или Фиго, се знае во кого ние се крстиме, а истиот не разочара максимално .
Кога играч игра лошо иако се труди и го дава својот максимум на теренот е нешто што бар кај мене проаѓа, али денес Ибра беше очајно и непрепознатливо лош а и од друга страна воопшто не се ни трудеше да го поправи тој впечаток кој го остави кај мене/нас . Затоа и го напаѓам, зашто ме разочара, зашто можеше многу подобро од ова, тоа сите го знаеме и нема потреба да мижиме пред тој факт . . . далеку од тоа дека изиграл лошо поради бедниот начин на игра во средниот ред .
 
Ги има изјавите на мурињо на Интер.ит ако знае некој жабски нека ги преведе неможам да чекам веке :)
Јас ја слушнав изјавата на Мурињо на Скај Спорт 1, беше многу разочаран од голем дел од играчите, а меѓу другото рече дека реално требало натпреварот да заврши 0-0, но среќата била на страната на Наполи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom