Трансфер периодов има 6/10 за мене се на се. Многу глупи одлуки, али ако некој бил во кома од крај на мината сезона и се разбудил денес и се што знае е тоа кого купивме може да се рече дека е ок.
За играчиве вчера што ги земавме немам многу зборови, Запакоста не го знам уопште, освен тоа што името му звучи како да е покемон еволуција на Коста. Али му верувам на Конте дека знае италијански дефанзивци, и ете сигурно со Запакосат во екипата ќе имаме подефанзивен фудбал како и што се очекуваше.
Дринквотер мене ми е сасвим солиден играч, добро е што го земавме, гледам некои го хејтаат ама мене ми е ок. Сосема солиден играч за на клупа а богами и во прв тим кога ќе игра во некои мечеви може да очекуваме солидна партија.
Ептен е лошо што не земавме ниту еден играч на крилните позиции...ама реално да гл гедаме вака тимов со сите играчи што ги имаме, може да бидеме задоволни.
Мозес може да игра и како десно крило, Азпи може да игра како лев wingback и горе доле со такви некои рокади ќе ја изгураме сезонава.
Најмалку се грижам за одбраната сигурен сум во играчиве. Кристенсен е огромно засилвуање за нас, нема никаков проблем да имаме со играчите таму. Средниов ред горе доле не е лош ама не е ни некој си А класа среден ред...тамам си е.
Ме разочарува ептен крилнава позиција.... ама ај, секако Мората е таков играч што трча и помага позади па и тој ќе создава шанси за крилата ама...
Хазард ќе му треба месец-два за да влезе во квалитетната форма од лани поради повредата, Педро....неам појма, алало му вера како уште игра солиден фудбал, буквално втора младост доживува во Челзи и ептен ме радува тоа. Ама страв ми е до кога ќе го држи тоа...истото важи и за Вилијан знаеме дека не е претерано констатен...изгледа ќе мора некогаш и Мозес да игра како десно крило ја мислам...
Иначе се надевам ќе изигра барем една утакмица Коста полусезонава, макар и од клупа да влезе, баш ќе биде штосно веќе отпишан играч да ни игра, и можеби и гол да даде

[DOUBLEPOST=1504316294][/DOUBLEPOST]
Мората>Лукаку
кажи во што е подобар Лукаку од Мората.
Првиот допир со топката му е лудило,спор е,не се снаоѓа надвор од 16,дава голови во кога мечот е решен,кога треба да презема одговорност промашува зицери и пенали..ја мислам дека подобро што го земавме Мората
Во strength и директен дуел со дефанзивци. Полесно може да се избори за позиција кога е директно чуван и подобар директен напаѓач е.
Ова последново не мора да се смета како нешто ептен квалитетно, зависи од тимот дали сака да добие стрејт ап напаѓач или сака играч што е напаѓача ама знае и да се движи по теренот. Очигледно за играва на Челзи што ќе ја фураме повеќе ни одговара играч како Мората па затоа и дошол.
Крајно различни играчи се Мората и Лукаку, двајцата квалитетни во тоа што го прават.
Исто и заборавив да кажам дека ете предност за Лукаку е тоа што има искуство во Англија...ама со оглед на тоа што во 200 минути игра Мората има 2 гола и 2 асистенции...тоа не менува ништо
Како и да е, ќе биде интересно да се споредат и двајцава на крај на сезона, иако очекувам Лукаку да има повеќе настапи од Мората.
Сега за сега израмнети се и двајцата после три меча (иако пак ќе повторам, глупо е да се споредуваат двајцата пошто се различни, сигурно 5 пати повеќе асистенции ќе има Мората од Лукаку на крај на сезона на пример, и повеќе ќе проигрува со крилата за разлика од Лукаку кој што најверојатно ќе има повеќе директни удари на гол од Мората)[DOUBLEPOST=1504333952][/DOUBLEPOST]Одлично интервју со Мората за фудбалот во Англија, разликата од ПЛ и Ла Лига, и како се снаоѓа во клубот
https://weaintgotnohistory.sbnation...ea-fc-antonio-contes-tactics-interview-quotes