Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Што играч е? Од тоа што читав, нешто ко Алонсо. Подобар офанзивно него во дефанзива :D

Еден од плејадата таленти на Аталанта. Јуве беше доста поврзуван со него ама на крај потпиша за Торино а пак кај Аталанта откритие стана Конти. Можи да игра и во 3ка и 4ка одбрана. Одличен е во напад, одличен центар шут има и е доста брз. Во напад е мн добар во одбрана е солиден. Мислма едка и Конте беше првиот кој го повика за Италија иако не му даде да дебитира (?). Јас сакав тој да ни биди десен бек, во годината кога пукнаја двата како таленти со Дармиан ми се чини Запакоста беше подобар ама доста потценет.
 
Еден од плејадата таленти на Аталанта. Јуве беше доста поврзуван со него ама на крај потпиша за Торино а пак кај Аталанта откритие стана Конти. Можи да игра и во 3ка и 4ка одбрана. Одличен е во напад, одличен центар шут има и е доста брз. Во напад е мн добар во одбрана е солиден. Мислма едка и Конте беше првиот кој го повика за Италија иако не му даде да дебитира (?). Јас сакав тој да ни биди десен бек, во годината кога пукнаја двата како таленти со Дармиан ми се чини Запакоста беше подобар ама доста потценет.
Поправи ме ако грешам, никогаш нема играно во одбрана со тројца како стопер. Ти според пишаново, го направи Мајкон у најдобри години.

Солиден играч, добар во напад, лош во одбрана. Далеку е од Алонсо (мислам дека шпанецов е далеку по комплетен) и е играч кој Конте ќе го искористи до максимум. Мозес го направи во солиден бек, а не па Запакоста.

Се на се, далеку од лош играч, но далеку и од ѕвезда. Солидно појачување (надоградба секако, затоа и не беше прва опција Запакоста, туку Окс).
 
Поправи ме ако грешам, никогаш нема играно во одбрана со тројца како стопер. Ти според пишаново, го направи Мајкон у најдобри години.

Солиден играч, добар во напад, лош во одбрана. Далеку е од Алонсо (мислам дека шпанецов е далеку по комплетен) и е играч кој Конте ќе го искористи до максимум. Мозес го направи во солиден бек, а не па Запакоста.

Се на се, далеку од лош играч, но далеку и од ѕвезда. Солидно појачување (надоградба секако, затоа и не беше прва опција Запакоста, туку Окс).
Нигде не реков дека е Маикон ама има преодличен центар шут, пола голови на Белоти се негови асистенции ете сам провери. Јас мислам дека ќе ротира со Мозес или пак можи е донесен пошто е повеќе 'бек' него Мозес. Според мене не е полош од Алонсо. Кога реков одбрана тројца мислев како што би рекол џони крилест бек а во четворка стандарт десен бек. Не типично појачување за Челзи или супер ѕвезда да ама е добар играч и мислам дека и те како ќе им се најди на Челзи. А има солидна брзина.
 
Трансфер периодот конечно е завршен. 7/10, или во зборови, сосема солидно лето за Челзи. Квалитативно коректно се засиливме, квантитативно исто така. Што не значи дека квантитативното претставува само бројка, туку и во тие играчи кои се купени ,,за на клупа'', има фудбал, сепак. Уште еден играч недостасуваше (лев бек, не дека Алонсо е лош, напротив, туку за ротација. Кенеди или Азпиликуета на лева страна, не се воопшто уверливи) или па можеби да изненадеа со Марез, за да трансфер рокот биде одличен. Но и вака јас сум задоволен. На Менаџер не можеш да направиш комплетен тим, а не па во фудбалската реалност (чудна, измутирана, забегана).

Кога ќе се направи финална пресметка, тимот е засилен. Овој Челзи моментално, барем на хартија е посилен од ланскиот. Не којзнае колку, но сепак...
Зошто го мислам тоа? На првиот тим на Челзи, скоро и да не му требаше посериозни резови. Замена за Кејхил беше и те како потребна (ја добивме во Рудигер, а и Кристенсен), Мозес и Алонсо се сосема добри играчи за во првата 11-ка, единствено мораше да се доведат играчи на нивните позиции за ротација, бидејќи четирите фронта на кои ќе играме сезонава, едноставно го наметнуваат тоа. Мозес доби конкуренција во Запакоста, Алонсо не (повторно ќе кажам дека ова ми е главната забелешка за работата на управата летово). Овосезонската одбрана > ланската. Конте добива и на дополнителен квалитет, добива и длабочина, нешто што лани го немаше, поради формата/годините на Тери и закаснетото доаѓање на Аке.

Средината, исто така. Чалоба (добиваше мала минутажа, затоа што Конте не сакаше да ризикува, со право и во текот на сезоната, додека се боревме за титула, да му даде повеќе минути на млад, недефиниран играч), Фабрегас, Матиќ (половичен ефект лани, знаеме сите зошто и како), Канте < Фабрегас, Канте, Дринквотер (замена за Чалоба, дефинитивно ќе контрибуира повеќе и од Чалоба и од Матиќ оваа сезона и ќе биде одличен за ротацијата), Бакајоко (млад, добар играч, замена за Матиќ, оној Матиќ. Па дури и повреден, сигурен сум дека ќе донесе друга димензија во средниот ред).

Нападот, е нападот е единствено послаб од лани. Само и само поради отсуството на Коста. Мората е добар играч, но влијанието кое Коста го имаше врз тимот беше огромно. И не знам многу играчи кои би го замениле соодветно, Суарез можеби. А знаеме дека тоа е нереално, па затоа трансферот на Мората беше логичен след на настаните. Три опции беа во игра, едната заврши во Јунајтед, другата остана во Дортмунд, третата заврши кај нас. Јас сум океј со тоа.
Да, Мусонда го заборавив. Минутите во куповите кои Хазард/Педро беа приморани да ги изиграат против реално послаби противници, ќе му припаднат нему. Опција плус и тоа не баш обична опција, никому не штети.

@Донев фино пишал збор-два, индивидуално за новиве аквизиции. Само не се согласувам со едно нешто. Дека не сме конкурентни за ЛШ. Форматот на ова натпреварување, дозволува изненадувања и дозволува несекогаш најдобриот да го освојува истото. Впрочем, знаеме и самите. Секако дека не сме главни фаворити за осојување, никогаш не сме ни биле. За десеттина меча и не мораш да имаш и силен прв тим и силна клупа. Односно, не мора да си Реал Мадрид, за да постигнеш гол на гости и да елиминираш некој противник, или да изгураш до пенали и таму да направиш подвиг. А Челзи има екипа и тренер, која може буквално секого да победи. (да, да, секој денеска во фудбалот може секого да победи, но друга ми е поентата)

Да се вратам на трансферите, управата и нивната работа летово/периодов од неколку години.
Гледам по интернетов, има многу незадоволни фанови, екипата била крпена, недоволно добра и зајакната. Треба да сфатиме едно нешто. И тоа да ни биде појдовна точка за сите понатамошни дискусии на оваа тема. Челзи повеќе не е ,,голема риба'' на трансфер маркетот. Порано беше, сега не е. Не велам дека целосно го имаат загубено приматот и дека не можат константно да привлекуваат/купуваат добри фудбалери, туку не можат да се носат во тој поглед со Арапите, двоецот Реал/Барселона, институцијата Манчестер Јунајтед, па и можеби со новодојдените Кинези (во најмала рака, барем со нив на исто рамниште сме). Затоа управата има поинаква стратегија и се адаптира на новонастанатите околности во фудбалскиот свет. И стратегијата е прилично ефикасна. Се купуваат grade B/C eggs, што би рекле Енглезите, а многу помалку комплетни играчи, ѕвезди (играчи кои не заостануваат премногу во квалитетите со останатите grade A еggs). Проблемот е што размазената фан база (ова не е случај само со фановите на Челзи, туку општо), не може да прифати фудбалер, кој не е постојано застапен медиумски, не продава дресови во Тринидад и Тобаго и Малезија, физички не е доволно убав, нема рап песна/албум, другарче од холивудскиот крем, најмалку 40 000 лајкови на Инстаграм, хајпнат до небо, купен за минимум 100 милиони. Се што не ги исполнува овие услови, автоматски не чини. Зошто Чемберлејн/Запакоста, а не 50 милионски Вокер? Зошто Мусонда се враќа од позајмица, а не Алексис Санчез? Зошто Дринквотер (секако, просечен англиски играч, од Лестер, непопуларен помеѓу благо ретардираната фудбалска јавност), а не Верати? Затоа што.
Приликите се видно изменети, Челзи во последните години, продава, за да троши. Сакате нов стадион, ама сакате и ѕвезди. Сакате Челзи да биде worldwide тренд, а за тоа треба вложување многу пари, ама сакате и фенси имиња во тим. Таквото луксузирање нема да се оствари. Барем не сега. Кога Челзи ќе прерасне за години и години, навистина во големо екипиште, налик на оние што ги споменав погоре, кога ќе застане на цврсти нозе, можеби тогаш, ќе исполнува хирови на крајбејбис фанчиња и ќе купува играчи кои вредат по 200 милиони. Сега, Челзи за тие 200 милиони, ќе направи и повеќе од солиден тим и ќе трча на четири фронта. И тоа е доволно.

Точно е и дека управата понекогаш гази на тенка жица. Одлична работа вршат со продажбата на фудбалери, ваѓаат неверојатни суми за играчи кои вредат дупло помалку од она што го добиваат за возврат. Купуваат фудбалери за не толку големи суми, кои стануваат играчишта во клубов и освојуваат титули. Покажуваат дека не мора да донесеш ѕвезди, за да имаш успех. Но исто така, треба и да се искритикуваат поради нивната инертност и ненавременост. Во последниве две години не им се удри таквиот начин на работа од глава, но не сум сигурен дека начинот кој го практикуваат (во тој аспект) во континуитет е одржлив. Паничните купувања вечно нема да се погодуваат.
Како и да е, позитивностите од работата на управата (Еменало и Марина) и Абрамович, надвиснуваат над негативностите и се рефлектираат на терен (успесите и титулите).

Не сум песимистичен, со причина, сметам дека ќе имаме повторно добра и возбудлива сезона, барем има предуслови за тоа. Победите против Тотенхем и Евертон и покрај многуте пехови, дотолку повеќе ме тераат да верувам во екипата и Конте. Ако ништо друго, сигурен сум дека ќе се борат докрај.
 
Последно уредено:
Ниедна шпекулација за Коста денес. А и за Реми се збореше дека е пред трансфер. Ако остане Коста, ќе треба да си седи во Бразил ко до сега и само да зима плата, па во јануари да го продадат.
 
Ниедна шпекулација за Коста денес. А и за Реми се збореше дека е пред трансфер. Ако остане Коста, ќе треба да си седи во Бразил ко до сега и само да зима плата, па во јануари да го продадат.
А ќе го вагаат пред продавање? :D
Негде прочитав летово се здебелил, до Јануари можам да замислам на што ќе личи.:LOL:
 
А ќе го вагаат пред продавање? :D
Негде прочитав летово се здебелил, до Јануари можам да замислам на што ќе личи.:LOL:
Па ваљда свесен е самиот дека ќе си ја заебе кариерата така, не верувам дека ќе заебава. И сега си тренира секој ден, ама сам.


upload_2017-9-1_19-15-34.png

:cool:
 
Па ваљда свесен е самиот дека ќе си ја заебе кариерата така, не верувам дека ќе заебава. И сега си тренира секој ден, ама сам.


Прегледај го приврзокот 176582

:cool:
Ќе покаже како фудбал се игра.







Али у Витезе.:LOL:

Дали тоа ниту еден играч не позајмија таму летово?:eek:
 
Ќе покаже како фудбал се игра.







Али у Витезе.:LOL:

Дали тоа ниту еден играч не позајмија таму летово?:eek:
Земаа 4-5.
Него не ми е јасно како сите младинци ги знаеш и ги зимаш на сокер, а не веруваш во ниеден од Челзи :D
 
Земаа 4-5.
Него не ми е јасно како сите младинци ги знаеш и ги зимаш на сокер, а не веруваш во ниеден од Челзи :D
Баш сите младинци од Челзи ги иам шитнато. Од негаде 50 колку ги имаше останати се уште 10.:D
Абе да ме стај мене Абрамович да му купувам играчи испод 21 година гарантирам барем 5 минимум ќе играат прв тим, али тоа е нека се ебава со Еманело.:D
 
И сега си тренира секој ден, ама сам.
Му беа отидени од Дејли Мејл на интервју во Бразил сега скоро, имаше по некоја слика, усвињет е малце :D
 
23899ecbb31e4abbd3c9fe3b74efd76d.jpg

[emoji1]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom