Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
:icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Кисело е грозјето, а?

Мората>Лукаку
кажи во што е подобар Лукаку од Мората.
Првиот допир со топката му е лудило,спор е,не се снаоѓа надвор од 16,дава голови во кога мечот е решен,кога треба да презема одговорност промашува зицери и пенали..ја мислам дека подобро што го земавме Мората
 
Мората>Лукаку
кажи во што е подобар Лукаку од Мората.
Првиот допир со топката му е лудило,спор е,не се снаоѓа надвор од 16,дава голови во кога мечот е решен,кога треба да презема одговорност промашува зицери и пенали..ја мислам дека подобро што го земавме Мората
Мората е играч за големи утакмици рака на срце ама дека промашва зицери ко будала промашва :)
 
Трансфер периодов има 6/10 за мене се на се. Многу глупи одлуки, али ако некој бил во кома од крај на мината сезона и се разбудил денес и се што знае е тоа кого купивме може да се рече дека е ок.

За играчиве вчера што ги земавме немам многу зборови, Запакоста не го знам уопште, освен тоа што името му звучи како да е покемон еволуција на Коста. Али му верувам на Конте дека знае италијански дефанзивци, и ете сигурно со Запакосат во екипата ќе имаме подефанзивен фудбал како и што се очекуваше.
Дринквотер мене ми е сасвим солиден играч, добро е што го земавме, гледам некои го хејтаат ама мене ми е ок. Сосема солиден играч за на клупа а богами и во прв тим кога ќе игра во некои мечеви може да очекуваме солидна партија.

Ептен е лошо што не земавме ниту еден играч на крилните позиции...ама реално да гл гедаме вака тимов со сите играчи што ги имаме, може да бидеме задоволни.

Мозес може да игра и како десно крило, Азпи може да игра како лев wingback и горе доле со такви некои рокади ќе ја изгураме сезонава.

Најмалку се грижам за одбраната сигурен сум во играчиве. Кристенсен е огромно засилвуање за нас, нема никаков проблем да имаме со играчите таму. Средниов ред горе доле не е лош ама не е ни некој си А класа среден ред...тамам си е.

Ме разочарува ептен крилнава позиција.... ама ај, секако Мората е таков играч што трча и помага позади па и тој ќе создава шанси за крилата ама...

Хазард ќе му треба месец-два за да влезе во квалитетната форма од лани поради повредата, Педро....неам појма, алало му вера како уште игра солиден фудбал, буквално втора младост доживува во Челзи и ептен ме радува тоа. Ама страв ми е до кога ќе го држи тоа...истото важи и за Вилијан знаеме дека не е претерано констатен...изгледа ќе мора некогаш и Мозес да игра како десно крило ја мислам...

Иначе се надевам ќе изигра барем една утакмица Коста полусезонава, макар и од клупа да влезе, баш ќе биде штосно веќе отпишан играч да ни игра, и можеби и гол да даде :D[DOUBLEPOST=1504316294][/DOUBLEPOST]
Мората>Лукаку
кажи во што е подобар Лукаку од Мората.
Првиот допир со топката му е лудило,спор е,не се снаоѓа надвор од 16,дава голови во кога мечот е решен,кога треба да презема одговорност промашува зицери и пенали..ја мислам дека подобро што го земавме Мората
Во strength и директен дуел со дефанзивци. Полесно може да се избори за позиција кога е директно чуван и подобар директен напаѓач е.
Ова последново не мора да се смета како нешто ептен квалитетно, зависи од тимот дали сака да добие стрејт ап напаѓач или сака играч што е напаѓача ама знае и да се движи по теренот. Очигледно за играва на Челзи што ќе ја фураме повеќе ни одговара играч како Мората па затоа и дошол.

Крајно различни играчи се Мората и Лукаку, двајцата квалитетни во тоа што го прават.

Исто и заборавив да кажам дека ете предност за Лукаку е тоа што има искуство во Англија...ама со оглед на тоа што во 200 минути игра Мората има 2 гола и 2 асистенции...тоа не менува ништо :D

Како и да е, ќе биде интересно да се споредат и двајцава на крај на сезона, иако очекувам Лукаку да има повеќе настапи од Мората.

Сега за сега израмнети се и двајцата после три меча (иако пак ќе повторам, глупо е да се споредуваат двајцата пошто се различни, сигурно 5 пати повеќе асистенции ќе има Мората од Лукаку на крај на сезона на пример, и повеќе ќе проигрува со крилата за разлика од Лукаку кој што најверојатно ќе има повеќе директни удари на гол од Мората)[DOUBLEPOST=1504333952][/DOUBLEPOST]Одлично интервју со Мората за фудбалот во Англија, разликата од ПЛ и Ла Лига, и како се снаоѓа во клубот

https://weaintgotnohistory.sbnation...ea-fc-antonio-contes-tactics-interview-quotes
 
Последно уредено:
Коста наш голем маж е во списокот на играчи за Пл
 
Коста наш голем маж е во списокот на играчи за Пл
Исто како и Реми, кој си отиде вчера :D

Не попуштија да го дадат за ефтино и ете останува бар до јануари, ама не верувам ни Конте да попушти, ни Коста. Така да освен ако не правеле циркус за јавност цело лето, не очекувам Коста да заигра пак за Челзи, колку и да ни бил од корист.

Нешто вакво...

Куртоа
Азпи - Луиз - Рудигер
Запакоста - Канте - Бакајоко - Алонсо
Хазард
Коста - Мората
Ама нема да се случи :D
 
Познаваќи го Конте нема шанси АКО се закарал со него да го врати назат па ни на клупа ;)
 
Исто како и Реми, кој си отиде вчера :D

Не попуштија да го дадат за ефтино и ете останува бар до јануари, ама не верувам ни Конте да попушти, ни Коста. Така да освен ако не правеле циркус за јавност цело лето, не очекувам Коста да заигра пак за Челзи, колку и да ни бил од корист.

Нешто вакво...

Куртоа
Азпи - Луиз - Рудигер
Запакоста - Канте - Бакајоко - Алонсо
Хазард
Коста - Мората
Ама нема да се случи :D

Куртоа
Азпи - Луиз - Рудигер
Запакоста - Канте - Бакајоко - Алонсо
Фабрегас
Мората - Хазард
Fixed it for you :D
 
На крајот завршивме со 10 нови фудбалери заедно со оние вратени од позајмица.

Добро не лош трансфер период е сега колку квалиет е купено ќе видиме во текот на сезоната.
Очекувам од Мората, Бакајоко и овој Запакоста, ма да искрено прв пат слушам за него.

Ме чуди тоа што остана Коста, уште пак и регистриран.



Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
Еден куп колумни се изнапишаа а речиси нигде не се дискутира дали имаме доволно играчи што ќе обезбедат голови како лани?

Фали напаѓач за ротација или во 352, или подиректно крило од Вилиан кое нема да ја пимпла топката како ѓуптин.

Џејми Варди checks all the boxes, он требаше да им биде фокус ова лето ама си пропуштија шанса.
 
Нема повреди за утре. Хазард достапен, Дринквотер тешко дека би бил вклучен затоа што уште се прилагодувал, а Запакоста бил достапен.
Конте вика дека му одговара новото правило за затварање на трансфер периодот пред почетокот на сезоната.

Иначе сега ни следува доста тежок распоред. 7 натпревари во 21 ден и ќе мора добро да ги ротира играчите за да извадат добри резултати.



DJMCG6DXgAQlrFO.jpg
 
DJSL3RCX0AAxqr8.jpg


Изгледа на потешки гостувања ќе се игра стандардно 3-5-2. Со Хазард во неа, може да е ептен добро.
 
Победнички менталитет и самодоверба.

Тоа е тоа што го краси овој тим.

Реално со овој состав треба за топ4 места да се бориме, а еве веќе сврзуваме 3 победи против заебани противници. Многу подруго е кога си навикнат на победи, одма и играчите повеќе веруваат во себе и се вади максимум од секој играч.
На пример еве ги Ливерпул. Солиден тим. Да бидеме реални Кутињо, Фирмињо, Мане, Салах..... се тоа се квалитетни играчи што ја би рекол дека за сите би имало место во Челзи. Значи имаат играчи, имаат супер тренер...ама ни на крај памет не им текнува да се борат за титула.
Не се навикнати на успеси и затоа тоа 4то-5то место си го сфаќаат како нешто најнормално.

Од друга страна пак Челзи кога би завршил 4то место сезонава сигурно ќе се прават сериозни промени во тимот за пак да се врати на врвот.


И ова мислам најдобро се гледа на утакмицава, така доминантен а сепак рутиниран фудбал играме... одлично.

(y) (y) (y)[DOUBLEPOST=1504970278][/DOUBLEPOST]Топ, ги урочив :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom